30
Нед, Апр
Занимливости

Производителот на гуми „Sava“ ќе продолжи како „Mitas“

Словенскиот производител на гуми Сава наскоро ќе се ребрендира во Митас, Чешки бренд кој веќе ја купи Словенската фабрика.

Следете нè на:

 

1000x1000-1380101802755-mitas

Словенскиот производител на гуми Сава наскоро ќе се ребрендира во Митас, Чешки бренд кој веќе ја купи Словенската фабрика.

Во октомври 2012 чешката групација „ČGS HOLDING“, сопственик на брендот „Mitas“ ја купи Словенската компанија „Savatech“, кај нас позната по производството на гуми „Sava“.

Името „Sava“ на гумите ќе биде видливо уште кратко време, а потоа целото производство на гумите за скутери и мотори ќе продолжи под брендот „Mitas“.

 mitas

Кои се „Mitas“?

Митас е компанија која е основана во 1933 година во Прага како фирма-ќерка на Мишелин. За Мишелин во тоа време било важно да најде квалитетна, а евтина работна сила, па Чешка се покажала како идеална земја за новата подружница на гигантот која на почетокот се викала „Pneumichelin“. Во фабриката во Прага се изработувале гуми за автомобили, мотоцикли и велосипеди.

Втората Светска Војна го запрело производството на гуми, а по завршувањето на војната Мишелин ја купила и втората компанија за гуми наречена „Veritas“ во градот Храдек над Нису во Чешка. Потоа распишале конкурс за избор на име кое ќе биде соодветно за двете компании, и така од 1947 година се користи името MITAS кое доаѓа од „MIchelin“ и „veriTAS“.

 Митас во Европа важи за голем играч во сегментот на оф-роуд гуми за мотори, а благодарение на успешното работење на компанијата, купувањето на Словенската „Sava“ е одличен начин за развој на гуми за мотоцикли и скутери.

На саемот „EICMA“ во Милано минатата година Митас ја претстави првата гума развиена во сега веќе поранешната „Savatech“, наречена Mitas „Sport Force“. Во Милано освен новата гума за брзински мотори имавме прилика да видиме и неколку други новитети, како што се „MC 38 MAX SCOOT“ гумата за скутери, потоа  „E-10“ за Ендуро како и зимските гуми со шилци, „MC 32 WIN SCOOT“ и „C-22“.

Увозниците на Митас за Македонија можат да се видат на следниот линк: http://www.savatech.eu/sales-network-list/europe.html#MACEDONIA

Митас го продолжи спонзорството кое го имаше Сава и на Рок Багорош, стантерот кој сега вози KTM 690, а кој имавме прилика да го видиме во Скопје како настапува со фантастичниот Крис Фајфер.

Цените ќе ги објавиме за кратко време, новите модели на гуми ќе бидат достапни кон крајот на март, кога ќе имаме можност да направиме тест на Mitas Sport Force и да ви ги пренесеме впечатоците.

 

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!