Нова акциона камера за снимање на вашите возења со мотор.

WG-M2 е кодното име на најновата камера на Ricoh. Овој нов додаток ќе биде достапен од 18-ти април и е надополнување на веќе постоечката WG-M1 камера која беше претставена во септември 2014 година.

Исто како и оригиналната камера, и новата WG-M2 камера може да се пофали со солидна конструкција која ќе ги издржи и најтешките услови. Ќе работи одлично и доколку се најде на длабочина од 20 метри, а може да издржи и пад од два метри. Таа е отпорна и на прашина.

camera ricoh 1

Во однос на спецификациите, Ricoh WG-M2 има можност за 4K/30p снимање на видео, опција која полека станува стандарден дел на камерите, како и два агли на снимање. Корисниците може да изберат меѓу аголот од 151 степен за поприродна перспектива или поширокиот агол од 204 степени. Доколку снимате во HD формат, тогаш на располагање имате 60fps.

Камерата може да ги компресира видеата, а ISO стандардот се движи од 200 до 6400. Таа има вграден WiFi, компатабилност за microSD/microSDHC/microSDXC мемориските картички, USB 2.0  и HDMI.

Камерата ќе може да се купи со голем број на додатоци и држачи за кацига и мотоцикл.  Таа ќе се појави на пазарот во април и ќе има цена од 299 долари.

camera ricoh 2

Back To Top