29
Чет, Јун
Занимливости

Репортажа: 10ти Мото Бум – Цеље

thumb_celje-custom-bike-show-2012-31Повозрасните кои делумно својот живот го поминаа во „бившата“ држава, пред осамостојувањето на Македонија го паметат Цеље како Саемски град. Поточно Саемски центар, место во кое обично се одржуваа сите позначајни индустриски..

Следете нè на:

 

Словенија 2012

и

Bikers World Custom Bike Show

Повозрасните кои делумно својот живот го поминаа во „бившата“ држава, пред осамостојувањето на Македонија го паметат Цеље како Саемски град. Поточно Саемски центар, место во кое обично се одржуваа сите позначајни индустриски, технолошки и уметнички излагања во некогашната 25 милионска држава. Во меѓувреме Саемскиот комплекс во Цеље остана еден од главните дејности во тој регион, но во рамки на друга држава - Словенија.

celje-custom-bike-show-2012-31

Цељскиот Саем во Словенија во агендата на своите активности секоја втора години го одржува настанот Мото Бум, а оваа година се оджа 10-от по ред.

Тоа е најголем саем во регионот посветен на мотоциклизмот и сите негови пропратни гранки, редовно посетен од околу 20 000 посетители.

Реномираното словенечко списание посветено на мотоциклистичката сцена Bikers World (www.bikersworld.si) во склоп на саемот традиционално го организира надпреварот за Custom моторцикли. Македонија оваа година излагаше и се натпреваруваше на истоименото шоу со два моторцикли.

Главниот влез на саемот во Цеље се отвори на 12.04.2012, а настанот завршува по прогласувањето на победниците од Custom шоуто на 15.04.2012

Три различни саемски хали се обезбедени за излагање на сите познати брендови на моторцикли кој што се продаваат во Словенија и соседните држави. Како и моторциклистичката опрема од реномирани брендови, алат, кациги, опрема за возење, багаж, накит.....

Во соседната помала хала беа изложени класичните американски Hot Rod и Muscule Cars автомобили. Во посебен дел од халите спроти главната сцена беа изложени сите рачно изработени и модифицирани моторцикли. По прецизно кажано Custom моторциклите кој беа учесници во натпреварот. Но што е значајно да се спомне во врска со овој настан?

celje-custom-bike-show-2012-33

Околу Македонија грубо определено во радиус од 1000 километри , Custom Bike шоуто организирано од Bikers World магазинот, е за нас најблискиот сериозен натпревар на кој што Македонците немаат пречки за учество.

Под пречки ќе наведам само основни неколку, од типот на визи, проблем со името на земјата и царинско-гранични регулативи за влез и излез на возила....

А за поимот „сериозност“ ќе направам една мала споредба.

Обично на изборите за Custom моторцикл во оној нам добро познат Балкански круг од околу 1000 км лесно е да се учествува. Доволно е да се јавне моторот и да се стигне до мото настанот/собирот.

Но сериозноста на тие избори е далеку под нивото и наводно повеќе од забавен карактер. Затоа што на пример од 10 пријавени моторцикли, 2 се сериозно добри, со многу вложен труд во себе, останатите 3 се распаѓаат и бескрајно се гушат во лошата изведба, а другите 5 се стандардни мотоцикли од најновите јапонски модели со додадени визир, реси, и кожни торби на нив. Погодете кој победува?

Секако оние блиски од организаторот кој обично потекнуваат од истото село, и спаѓаат во групата на последните 5 мотори. Иако се работи за целосно стандардни моторцикли, а не Custom.

Овој начин на сведување на овие избори за Custom моторцикл на вака ниско ниво апсолутно само и наштетува на неразвиената Custom bike култура и сцена во регионот.

celje-custom-bike-show-2012-68

Додека го пишувам овој текст размислувам на одредени вешти и вредни ентузијасти од блиската околина кои имаат сериозно спремни Custom моторцикли. Тие од повеќе причини не можат да излезат вон оној Балкански круг во кој изборите за Custom моторцикли се сведени само на ниво на локална таканаречена забава. Кога ќе се одлучат да учествуваат во некој локален третокласен избор, неферски победува некој со стандарден моторцикл.

Како ли сето ова влијае на ентузијастите кој што имаат услови и вештина да изработат Custom моторцикл? Сигурно не потикнувачки!

За среќа настанот во Цеље сепак на нас ни е најблизок и најквалитетен, далеку пред сиот останат дебакл по патот помеѓу Македонија и Словенија (чест на извесните ретки исклучоци).

Групата составена од неколку судии на шоуто во Цеље Best of Show наградата оваа година ја додели на Сандор Горбе (Radical Garage www.radical-garage.com) од Унгарија, кој што се представи со 2 моторцикли, заедно наградени. Наградите се доделуваа во повеќе класи:

Best of Show, Chopper, Streetfighter, Radical, и невообичаените нови класи Custom и Bagger.

celje-custom-bike-show-2012-39

Назад во Македонија замина наградата второ место (runner up) во класата Radical Custom Bike, за моторциклот BMW кој излезе од работилницата IRONFORGE©, целосно израбоден во Скопје. IRONFORGE© (www.ironforge-choppers.com) за прв пат на овој настан се претставува со 2 моторцикли целосно изработени во работлницата во Скопје. Еден од двата беше завршен непосредно пред заминување за Словенија.

На клубско ниво на Custom bike шоуто CHOPPER CLUB (www.chopper-club.com) за прв пат се претстави со вкупно 7 моторцикли, а беше награден со три награди во различни класи. Членовите на CHOPPER CLUB кој учествуваа во шоуто пристигнаа од Македонија и Падерборн (Германија).

Останува да се потрудиме и надеваме дека 2014 година повторно ќе бидеме присутни на овој реномиран и богат со случувања настан.

Исто така се надеваме дека ова е само првиот македонски чекор и ќе ги потикнеме и другите вешти и вредни „Custom bike уметници“ да се претстават во Цеље на високо ниво за да се вратат назад со уште една од овие награди!

Кликни овде за целата галерија од настанот.

celje-custom-bike-show-2012-123

Текст и фото
модератор Љубиша Петровски

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!