Занимливости

Привлечноста на постарите мотоцикли

Јас сум активен учесник во неколку форуми за мотоцикли и од она што можам да го забележам е дека многу возачи кои ги немаат најновите додатоци (ABS, контрола на тракција, неколку нивоа на возење) ги сметаат нив за сосема непотребни па дури и опасни.

Следете нè на:

 

Јас сум активен учесник во неколку форуми за мотоцикли и од она што можам да го забележам е дека многу возачи кои ги немаат најновите додатоци (ABS, контрола на тракција, неколку нивоа на возење) ги сметаат нив за сосема непотребни па дури и опасни.

Можеби има малку вистина во тоа но постарите возачи често раскажуваат приказни за тоа дека возењето порано било сосема во ред без сите овие додатоци. Но мислам дека нешто се изостава во дебатата за мотоциклите. А тоа е дека има место и за постарата технологија.

motor vozenje

Зошто луѓето одат да кампуваат? Еден период тоа беше наменето исклучиво за луѓето кои немаа доволно пари. Но со тек на време, работите се променија.

Некој би сметал дека е лудо во денешно време намерно да спиеш на земја. Но сепак има нешто природно во сето тоа, па дури иако е само за викенд.

Истото може да се каже и за летањето со стари авиони. Зошто да се качите во кабината на седумдесет години стар авион кога имате нови модели опремени со најнова технологија?

Бидејќи има нешто во тоа да се вратиш на основата. Тогаш си само ти и машината. Оние на кои им се допаѓаат класичните автомобили сигурно ќе ви го кажат истото.

Истото важи и за лицата кои имаат афинитет кон класичните мотоцикли. Мирисот на издувот, звукот на моторот и фактот дека си само ти и машината без никаква електроника се чини дека се придобивки за оние кои сакаат да бидат во заедница со мотоциклите. Со старите или со класичните мотоцикли секое возење претставува посебно доживување. Секоја поправка ви носи посебно чувство на задоволство. Во суштината на сето ова е уживањето додека сте на пат, уживање во машината и враќање на основата.  Се работи за тоа да живеете наместо само да бидете жив.

Немојте да ме сфатите погрешно, не тврдам дека старите мотоцикли се подобри од новите, модерни мотоцикли. Дури и најевтиниот модерен мотоцикл е подобро секојдневно превозно средство од старите мотоцикли исто како што живеењето во куќа е подобро отколку да живеете во шатор. Но сепак, кој создава подобри спомени?

Да бидеме искрени, старите мотоцикли не се за секого. Бараат редовно оддржување и сервис но има нешто посебно во нив. Или ако што има кажано Ернест Хемингвеј: „Постојат само три спорта: Борба со бикови, тркање со мотоцикли и планинарење. Сите други се само обични игри.“

Мислам дека возењето класични мотоцикли би можело да го квалификуваме како четврти „вистински спорт“.

Извинете ме сега, морам да одам да го поправам карбураторот.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!