Занимливости

Потврдено: Возењето мотоцикл ве прави посреќни

Мотоциклизмот се најде на врвот на едно интернационално истражување за среќата.

Следете нè на:

 

sreken-motordzijaСега е поткрепено и со докази, возењето мотор, навистина ве прави среќни :)

Мотоциклизмот се најде на врвот на едно интернационално истражување за среќата.

Истражувањето, спроведено од страна на водечката анкетна организација ICM, а по барање на Garderners' World, имаше за цел да дознае кое хоби ги прави луѓето среќни.

На прашањето: „Кои работи ве прават среќни во вашиот живот?”, возењето мотоцикл доби најмногу позитивни одговори. После него се најдоа риболов, трчање, пливање, возење и кампување.

На прашањето: „Колку од секојдневните работи кои ги правите сметате дека навистина вредат?” мотоциклизмот повторно доби најмногу позитивни одговори. Од сите хобија кои беа наведени, велосипедизмот доби најмалку позитивни одговори.

69% од луѓето изјавиле дека хобито на отворен простор ги прави посреќни за разлика од 31% кои изјавиле дека се посреќни доколку имаат  хоби во затворен простор.

Оние кои немаат никакво хоби се најдоа најдолу на листата.  Доколку немате никакво хоби, одговорот е едноставен: качете се на две тркала

 

comments

Би можело да ве интересира

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

Како што одминуваат деновите од релито Дакар, се чини дека победата која ја постигна Жоан Бареда на петтата етапа ќе биде од голема важност.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!