Електричниот мотор „Zerotracer“ неодамна го заврши своето патување околу светот за 80 дена за само 400 долари.

Geneva-motor-show-Green-Pavilion

Електричниот мотор „Zerotracer“ неодамна го заврши своето патување околу светот за 80 дена за само 400 долари.

Моторот се вика Zerotracer и има батерија која е направена од Литиум - Полимер како и Brusa електричен мотор. Литиум – Полимер батериите се дел од семејството на Литиум батерии кои се особено богати со енергија и имаат голема моќност.

Под голема енергија се подразбира колку енергија може да се складира во килограм батерија, а моќта се однесува на тоа колку брзо можат да ја ослободат таа енергија. Колку побрзо се ослободуваат од енергијата толку поголема моќност му даваат на моторот. Литиум-Полимер батериите исто така траат подолго од останатите батерии.

Zerotracer field

Овие батерии може да се наполнат за два часа доколку користите струја со јачина од 240 волти или за шест часа доколку користите струја од 120 волти. Со едно полнење возилото може да помине 250 километри.

Времето потребно да се наполнат батериите има големо влијание на тоа колку долго електричното возило може да патува. Доколку ги наполните брзо, на пример за помалку од 15 минути,  лесно можете да ги полните по пат, додека се движите кон вашата крајна дестинација дури и ако таа е одалечена стотици па дури и илјадници километри.

Поради ова, времето потребно да се наполни батеријата треба да биде поголем приоритет од енергетската густина на батеријата. Краткотрајните батерии можат да ве однесат многу далеку доколку постојано ги полните.

Inhabitat-Zerotracer-Electric-Motorcycle-06 1

На обичните батерии им требаат неколку часа за да се наполнат, а вие неможете постојано да застанувате  доколку сте тргнати на долг пат.

Овој електричен мотор е опремен со греалка, две тркала за движење, и две мали тркала за стабилизирање кои се наоѓаат по страните на возилото да го држат исправено кога не возите.

Back To Top