21
Пон, Авг
Занимливости

Овој симулатор е играчка за богатите

Симулаторите за автомобили и авиони не се нешто ново. Ги има во различни конфигурации во зависност од тоа колку планираш да потрошиш. Дури можеш и да купиш некој високо технолошки симулатор кој ги имитира движењата на вистинска машина. Сепак, да се изгради нешто такво за мотоцикл е малку покомпликувано.

Следете нè на:

 

Симулаторите за автомобили и авиони не се нешто ново. Ги има во различни конфигурации во зависност од тоа колку планираш да потрошиш. Дури можеш и да купиш некој високо технолошки симулатор кој ги имитира движењата на вистинска машина. Сепак, да се изгради нешто такво за мотоцикл е малку покомпликувано.

Cruden B306 HMD

Фирмата која се занимава со производство на вакви симулатори, Cruden, развива ваква технологија од 2005 и конечно оваа година успеа да создаде нешто што личи на вистински мотоцикл. Тешкиот дел кај ваков проект е фактот дека за разлика од автомобилите, бродовите или авионите, самата поставеност на телото на возачот многу влијае врз управувањето и поради тоа е потребен многу сложен алгоритам и сензори кои ќе се прилагодуваат на распределбата на тежината.

Самиот процес на управување е дури и уште потежок да се имитира. Над одредена брзина, во само еден дел од секундата пред возачот да се навали за влегување во свиок, тој притиска на рачките, притиска на лево за мотоциклот да оди десно и обратно. Ова го прават речиси сите возачи, а многу ретко се свесни за тоа. Системот на Cruden користи сензори кои постојано внимаваат на позицијата на возачот и ја користат оваа информација за соодветно да го сменат движењето на мотоциклот.

Возењето на мотоцикл бара голем преглед пред себе, како вертикално така и хоризонтално. Тоа е така затоа што возачот на мотоцикл има многу поголем, непречен од ништо, поглед пред себе во споредба со возачот на автомобил, а плус возачите на мотоцикл многу почесто гледаат околу себе во споредба со оние на автомобил.

За да се постигне ова, кај симулаторите потребно е да се дизајнира голем систем кој би се позиционирал многу блиску до возачот. Ваквиот пристап има многу практични недостатоци, а и трошоците се многу високи.

Од компанијата го опремија мото симулаторот, B306-HMD, со голем дисплеј (Head Mounted Display,HMD) кој нуди неограничен поглед. Возачот визуелно е комплетно изолиран од надворешниот свет благодарение на одличната графика и перфектното интегрирање на HMD  во софтверот за симулација. Дисплејот реагира да движењето на главата на возачот, а не на движењето на платформата.

Овој симулатор се чини дека е совршен но сепак ќе постои нешто што никоја компанија нема да може да го замени – центрифугалната сила поради која останувате на мотоциклот кога го навалувате. Тоа значи дека посилно треба да притиснете на мотоциклот за да останете на него кога вртите.

Но тоа не е ништо во споредба со сето она што овој симулатор може да ви го понуди. Неговата цена во моментов се уште не е позната но таа најверојатно ќе влијае и од желбите на возачот какви додатоци сака да има на него.

comments

Би можело да ве интересира

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!