Скриен од љубопитните погледи, во северниот дел на планината „Pleasant“ во САД се наоѓаат гробиштата на извитканиот метал и фаровите.

CMB MotorcycleGraveyard 02

Скриен од љубопитните погледи, во северниот дел на планината „Pleasant“ во САД се наоѓаат гробиштата на извитканиот метал и фаровите. 

Отпадот за мотори и моторни санки успешно се разви во изминативе години под раководство на Стивен Томпкинс, претседател на компанијата која раководи со отпадот.

„Веројатно е еден од најголемите во државата,“ изјави Томпкинс. „Има помеѓу 7.000 и 8.000 мотори и санки.“

На почетокот на седумдесетите, татко му на Томпкинс го отворил отпадот. Неговата цел пред да се пензионира била тој да има големина од 40 хектари.

CMB motorcyclegraveyard 01-300x200По 32 години работа на отпадот, Дејв Рајкман, кој сега работи како менаџер за продажба, се сеќава колку беше голем кога прв пат го виде.

„Тој само се зголемува,“ изјави Рајкман. „Кога прв пат започнав тука, можеби имаше само 4 хектари на кои имаше делови. Сега има 10-на хектари покриени само со делови.”

Местото постојано се менува.  Доаѓаат стари модели кои се веќе максимално искористени.

„Можете да одите таму секој ден и постојано да наоѓате нешто ново,“ изјави Рајкман. „Мислам дека никогаш не сум отишол во истата област два пати.“

Кога клиентот ќе го посети отпадот, го испраќаме во вистинската насока и тој разгледува се додека не го пронајде она по што дошол.

Нормално, на отпадот можете да најдете делови кои ги нема во продавниците. Само треба да барате внимателно. Тука има делови од секакви мотоцикли.

Со четири до пет вработени, зимата е најзафатениот период од годината заедно со првиот дел од пролетта кога мотоциклите повторно почнуваат да се возат. Понекогаш дури и дилерите на мотоцикли доаѓаат на отпадот.

„Првично започнавме само со санки за снег, но моравме да имаме нешто и во текот на летото,“ изјави Томпкинс. „Ги додадовме и мотоциклите за никој да не мора да бара нова работа кога ќе дојде Јуни.“

Сепак, кога зимата ќе се задржи толку долго како оваа година, времето ни претставува проблем бидејќи отпадот не е покриен.

„Тоа влијае на нас. Доколку има многу снег тешко дека ќе можете да најдете нешто. Плус ако е многу лошо времето, клиентите не излегуваат,“ изјави Рајкман.

Рон Конер, жител на градчето Cedar Lake, е клиент кој доаѓа на отпадот веќе дваесет години. Тој изјави дека добро го познава отпадот бидејќи долго време поминал барајќи делови за косилки за трева.

„Тие имаат се што ви е потребно и тоа ми се допаѓа. Прв пат слушнав за ова место од мојот зет,“ изјави Конер.

Рајкман ужива кога може да му помогне на некого кој почнува проект од нула. Некои луѓе кои повторно доаѓаат, носат слики од работите што ги направиле.

„Имаше еден дечко кој дојде само со дел од издувниот вентил и ми кажа дека сака да направи моторцикл, се присетува Рајкман. Му кажав дека започнува од погрешен дел.“

Како ситните делови кои им даваат живот на мотоциклите, Томпкинс изјави дека бизнисот се прилагодил на бавната економија и ги направил потребните промени.

Ваков отпад во Македонија би бил одлично место за пронаоѓање на оние делови за постари мотоцикли до кои е невозможно да се дојде, но од друга страна, имајќи ги во предвид цените на мотоциклите кај нас, сигурни сме дека нема да успее.

Извор: „MotorcycleNews.com

Back To Top