motori-na-edno-ilinoisСекој кој вози мотор, има голема шанса да направи по некој стант во текот на денот.

Секој кој вози мотор, има голема шанса да направи по некој стант во текот на денот.

motori-ilinois-2 copyМожеби заради лудост или покажување на тоа колку си “лошо момче”, стантови се прават и на автопат.

Епа сега, доколку полицаец примети дека правиш стантови ќе те запре. Гувернерот од Илиноис Pat Quinn, во слободното време што го 

имал помеѓу унапредувањето на економската ситуација во земјата, нашол време и да потпише закон кој забранува и кој вели дека доколку ве запре полиција кога правите стантови, полицајците ќе ви изречат казна од 100 долари.

Ако ве фатат да правите стантови и по втор пат, ќе ве казнат со 1.500 долари и затворска казна до 6 месеци.

motori-ilinois-4

Третиот пат веќе се соочувате со затворска казна од една година и 2.500 долари. Замислете како на најдобрите другари од затворот им објаснувате дека сте правеле стантови на автопат и дека заради тоа сте цимери!

Да не се разбереме погрешно, правање стантови со мотор е опасно, поготово сам со брзина од над 100км/ч, но исто така и страшно глупаво за да бидеш затворен заради тоа.

Oh PS – е уште една забрана со казна која вели дека при возење мора минимум една рака да е на рачките на моторот за цело времетраење на возењето. Не смее да се вози без двете раце на рачките.

Да сумираме: една рака за цело времетраење на возењето е задолжително да е на рачките, нема стантови, но сепак носењето заштитна кацига не е задолжително!

Среќа што законодавците одвоиле време за важни државнички работи.

Back To Top