Занимливости

Мотоциклот на Kawasaki со вештачка интелигенција би можел да изгледа вака

Јапонскиот производител на мотоцикли Kawasaki сака да вметне вештачка интелигенција во своите идни модели. Компанијата се уште е во раната фаза на развој на оваа технологија но сепак објави едно кратко видео за подобро да го презентира својот проект.

Следете нè на:

 

Јапонскиот производител на мотоцикли Kawasaki сака да вметне вештачка интелигенција во своите идни модели. Компанијата се уште е во раната фаза на развој на оваа технологија но сепак објави едно кратко видео за подобро да го презентира својот проект.

Kawasaki работи заедно со Cocoro SB од Softbank групата на имплементација на вештачката интелигенција во некои од своите идни модели.  Cocoro SB е одговорна за создавањето на Pepper,роботот кој користи напреден софтвер и сензори за да ја процени вашата емоционална состојба и соодветно да одговори.

kawasakis artificial intelligence bike might be like this 4

Како што можеме да видиме на видеото, идните мотоцикли на Kawasaki ќе може да ве информираат за состојбата на патиштата, времето, дали има гужва во сообраќајот.

Во ера на меѓусебно поврзани возила, вештачката интелигенција ќе може да ве предупреди и доколку некое возило се наоѓа во вашата слепа точка за да можете навремено да реагирате.

Компанијата има големи шанси да ја воведе оваа технологија. Погледнете само низ прозорецот и ќе видите дека веќе има автомобили кои сами возат. Исто така постојат и апликации како што е Waze кои се потпираат на јавни извештаи и ве информираат доколку има проблем на патот. Некои компании се обидуваат да создадат „HUD“ кациги (визир со интегриран дисплеј), а и стандардните мотоцикли веќе имаат голем број на помошни системи.

Она што сакам да го кажам е дека ако ги комбинираме сите овие работи, идејата на Kawasaki и не е толку далеку од остварлива. Ако имате асистент на вашиот телефон, зошто и вашиот мотоцикл да нема нешто слично?

Но дали возачите би ја сакале сета таа технологија? Овие машини ја претставуваат слободата. Тоа е период кога ги оставате вашите телефони и уживате во животот, природата и звукот на моторот.

Кој би сакал во таков момент да слушне некој глас како му вели дека е можно да заврне? Јас сигурно не....

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!