22
Вто, Авг
Занимливости

Колумна: Мојот пријател, одметнат моторџија

Колумна на Тим Ватсон, мотоциклистички ентузијаст од САД кој низ овој текст го опишува дружењето со еден член на „MC“ клуб од Калифорнија.

Следете нè на:

 

harley-davidson-tattoos-770x433

Колумна на Тим Ватсон, мотоциклистички ентузијаст од САД кој низ овој текст го опишува дружењето со еден член на „MC“ клуб од Калифорнија.

Имам еден пријател. Но тој не е од оние луѓе кои би сакале да ги поканите на вечера за да го запознаат вашето семејство бидејќи изгледа помалку застрашувачки. Облечен е како пират и има превез преку едното око.  Тој исто така има и 10 сантиметарски нож кој го носи на својата половина.

Но сепак тој е исклучително добар, образован и патувал низ целиот свет.  Можам да разговарам со него за мотоцикли но секогаш внимавам на ножот што го носи во случај да не се согласува со мене.

Мојот пријател исто така го вози неговиот Харли – Дејвидсон секој ден и поминува големи делови од Калифорнија.

Бидејќи сакам да продолжам со пишување и возење на мојот мотоцикл без да ризикувам да исчезнам една вечер, нема да го откријам идентитетот на мојот пријател ниту како се вика неговиот клуб.

Нашето пријателство е навистина чудно. Како англичанец со многу конзервативно минато, немам вистинско искуство со мотоциклистичките клубови. Знам многу малку за нивниот живот. Во оваа колумна нема да пишувам за работите што тие ги прават, дали се исправни или не.

Како и повеќето луѓе, се додека не го сретнав мојот пријател, најмногу што се имам доближено до нивната група е кога тие возат на автопат.

Мојот пријател е интересен и забавен дечко. Нашето пријателство започна со разговор околу мотоциклите. Пред шест месеци го паркирав мојот мотоцикл веднаш до неговиот пред еден локален бар и го поздравив човекот што седеше и пушеше цигара.

„Добар мотоцикл,“ ми кажа тој. И тоа беше тоа. Следниот час го поминавме во разговор за мотоцикли и проблемите со возење во урбана средина.

Му кажав дека постојано ми прават проблеми невнимателни возачи. Мојот пријател ме погледна со едното око, но не рече ништо неколку секунди.

„Во таква ситуација јас возам веднаш до нив и со чизмата мавам по вратата или се обидувам да им го скршам ретровизорот. Тогаш стануваат многу внимателни. Понекогаш сакаат да застанат и да повикаат полиција.  Во тој случај и јас застанувам веднаш до нив и им велам во ред, ајде да повикаме полиција. Според штетата на вашиот автомобил ќе видат дека вие сте ме удриле мене. Потоа тие си заминуваат без никаков проблем.“

Го прашав и за неговиот клуб но го оставив да ми го каже само она што сака. Тој никогаш не ми кажува многу детали но ми призна дека членови се неколку поранешни војници и дека во клубот има строга дисциплина, слично како во армијата. Постои хиерархија и систем на правила. Исто така еднаш месечно мораат да отидат во црква.

Тоа ми изгледа многу чудно. Овие момци живеат надвор од конвенционалните правила на општеството но ги почитуваат сопствените правила.

„Секој клуб мора да има правила. Секој мора да го знае своето место во клубот и она за што ние се залагаме. Во срцето на тоа се наоѓа возењето и возењето заедно. Тоа е братство кое сите ние го цениме и доколку тоа нема никаква смисла за тебе, не сум изненаден. Мора да возиш со нас за да видиш за што се работи,“ ми кажа мојот пријател.

Тој не е криминалец или поранешен затвореник туку е доктор кој сеуште држи предавања на студенти кога не вози со својот клуб. Би платил многу пари за да ги видам лицата на студентите кога мојот пријател ќе се појави за прв пат за да им одржи предавање по анатомија. Сигурен сум дека тој не е она што тие го очекувале.

Пред да стане доктор, мојот пријател служел во армијата во Виетнам од 1968 до 1970 година.

„Служев две години и среќен сум што се вратив дома. Неколку од моите пријатели не се вратија. Кога се вратив дома, работите веќе никогаш не беа исти. Луѓето не одбегнуваа и не сакаа да зборуваат за војната. Се вратив на студиите и станав доктор, но знаев дека нешто му недостасува на мојот живот. Купив мотоцикл и се придружив на еден клуб и оттогаш возам со нив.”

Сакав да знам дали е ризично кога се вози со клуб и дали полицијата внимава на се што прават. „Никогаш не мислиме на тоа. Тие си имаат своја работа и доколку ние сме добри не оставаат на мир. Ние сакаме да возиме и поминуваме десетици илјади милји годишно.“

„Секако дека постојат и други клубови но ние се држиме на далечина. Никогаш намерно не провоцираме. Но доколку некој клуб има проблем со нас тогаш сигурно нема да се повлечеме без борба.“

Го прашав за знакот „Калифорнија“ што го носи на неговиот грб и што тоа значи за него и за неговиот клуб. Ми кажа: „Никој нема да ни каже што смееме, а што не смееме да носиме. Тоа може да биде проблем но нема да се повлечеме. Доколку некој клуб го сака знакот, тогаш ќе мора да дојде и да го земе.“

Пред две недели ми предложи да дојдам со нив до еден град во Северна Калифорнија. Ќе треба да се поминат 300 милји во еден правец низ пустина. Патиштата ќе бидат добри и најмалку 30 членови на групата ќе дојдат. Ми кажа дека ќе има добра забава која ќе трае најмалку два дена. Беше особено возбуден бидејќи требало да има стриптизети едната вечер.

„Размисли за тоа,“ ми кажа. „Ќе видиме како си одговараме. Потоа за година дена ќе зборуваме дали би станал член“. Му кажав дека јас навистина не сум она што тие го бараат.

Мојот пријател не кажа ништо. Се навали на столицата и запали една цигара.

Мислам дека е подобро да се сретнуваме неколку пати неделно и да пиеме кафе.

Како што кажав на почеток, нашето пријателство е навистина чудно.

 

Автор: Тим Ватсон (САД)

 

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!