Филтерот за масло ги отстранува честичките кои се собираат со тек на време

Важноста на чистото моторно масло

Чистото масло е важно бидејќи ако маслото не биде исчистено подолго време, тоа ќе стане загадено со малечки честички кои можат да го оштетат вашиот мотор. Тоа може да ги оштети деловите на пумпата за масло како и самиот мотор.

prods oil2

Како функционира филтерот за масло?

Надворешниот дел на филтерот е метална кутија и е запечатена со заптивка, овозможувајќи му цврсто да стои за моторот. Основата на металната кутија ја држи заптивката и таа е опкружена со мали дупки околу самиот дел. Има и еден централен отвор кој се соединува со моторот. Внатре во кутијата се наоѓа филтерот кој најчесто е направен од синтетички влакна. Пумпата го пренесува маслото директно во филтерот а во него влегува преку малите дупки на основата. Валканото масло со помош на притисок се носи низ филтерот и повторно преку централниот отвор се враќа назад во моторот.

Избирање на вистинскиот филтер за масло

Изборот на правилниот филтер за вашето возило е навистина важно. Повеќето филтри изгледаат слично но има мали разлики преку кои можете да видите дали одреден филтер одговара на вашиот мотоцикл. Најдобар начин за да одлучите кој филтер ви одговара е да проверите во упатството. Доколку употребите различен филтер може да дојде до истекување на маслото или филтерот едноставно може да се откачи. Било која од овие две работи може да доведе до сериозно оштетување на моторот.

Колку ќе платиш толку ќе добиеш

Генерално, колку повеќе пари ќе потрошите, толку подобар филтер ќе добиете. Поефтините филтри често се со лош квалитет и за многу кратко време ќе се расипат. Некои филтри чистат многу ситни честички, а некои може да траат и подолго. Затоа треба внимателно да ги видите карактеристиките на секој филтер што одговара на вашиот мотоцикл за да одлучите кој филтер најмногу ви одговара. Ние ги препорачуваме Hiflofiltro филтрите достапни во СкајМото.

Back To Top