27
Саб, Мај
×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/scrambler-original

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/scrambler-making

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/scrambler-detali

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/scrambler-final

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/scrambler-original

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/scrambler-making

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/scrambler-detali

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/scrambler-final

Занимливости

IRONFORGE© Triumph Scrambler - проект 2012

motori scramblerПо големиот успех две години претходно со проектот Ducati SS, кој што го изработив по повод десет годишнината на мојата работа, не очекував дека наскоро ќе има локален интерес за да изработам мотоцикл  со сличен дух..

Следете нè на:

 

По големиот успех две години претходно со проектот Ducati SS, кој што го изработив по повод десет годишнината на мојата работа, не очекував дека наскоро ќе има локален интерес за да изработам мотоцикл  со сличен дух. Станува збор за custom проект кој што треба да биде лесно управлив до бескрај забавен, погоден за сите терени и стилови на возење, радикален, со вртежен момент на претек и стил различен од се наоколу!

scrambler

Оние со соколово око приметиле дека по многуте детали моите дела се лесно препознатливи, но никогаш немам изработено два идентични мотоцикли.

Проектот Ducati SS беше мотоцикл  со V2 мотор, чисти геометриски форми на рамот, минимализам во сите аспекти....во конкретниот случај се работеше за нешто целосно различно, паралел твин од Triumph, некогаш претходно модел Scrambler 900.

Оригиналниот Triumph Scrambler 900
{gallery}scrambler-original{/gallery}

Scramblerпопуларно кажано припаѓа повеќе во класите Dual Sport или Adventureмотоцикл, со моќен Хинкли мотор и ретро стил. Апсолутно непогодно како основа за кастомизирање ама сетоа тоа само го прави предизвикот поголем.

Зошто Хинкли мотор? Познавачите на Triumphисторијата знаат дека старата фабрика каде што започна производството се наоѓа во Медирен – Англија. Таму зачна легендата Triumph која се до раните 80ти години од минатиот век, со децении yспешно беше на врвот на светскиот пазар на мотоцикл и, како една доверлива фирма која произведува брзи и современи мотоцикл во својата ера. Ги помина успешно сите финансиски и воени кризи низ историјата....освен криза на пазарот кога јапонските брендови агресивно го превземаат водечкото место. Тука заврши производството и Triumph мотоциклите преминаа во антика и раритет со висока цена.

Моменти од изработката на мотоциклот
{gallery}scrambler-making{/gallery}

Неодамна во Англија но на друго место во Хинкли се случи нов феномен. Со купување на авторските права за името (но не и на логото) се формира нов бренд со исто име Triumph. Новиот ребрендиран Хинкли Triumph нема апсолутно никаква врска со стариот Мериден Triumph. Моторите се сосема нови и дизајнирани според современи стандарди. Логото од Мериден до Хинкли се разликува во последната буква Х и завршетокот.

Како и да е моделот Scrambler и покрај својот ретро надворешен изглед, е моќен двоцилиндраш одвнатре целосно различен и по современ од своите условно кажано Мериден предци.

Во моментов ни јас не знам во кој стил припаѓа ова мое дело, проследено со толку многу детали кои одземаат време при изработката, а тешко се приметуваат. Ниту пак ме интересира дали стилот е ретро стритфајтер, кафе рејсер, брат сајл.....или некоја нова популарна терминологија.

Детали на кастомизираниот Scrambler
{gallery}scrambler-detali{/gallery}

Знам само дека крајниот „исход“ ми се допаѓа неспоредливо повеќе од стандардниот модел, дека не мора да се чисти постојано за да биде убав, дека е полесен (мин. 30 кг) и подобар за возење сега одколку претходно, имам стил на претек, и дека за време на снимањето за да се преместиме на друга локација, Баже со својата Ninja кружеше од околу, а јас само прескокнав преку тротоарите и зелениот појас кратејќи без потешкотии.

Е токму тоа и сакав да го постигнам во овој проект!

Фото сесијата се случи по иницијатива на Баже Мартиновски, одговорниот на порталот motori.com.mk и морам да спомнам дека ова ми беше едно од најпријатните снимање до сега. Проектот го довршив непосредно пред заминување на натпревар за Custom мотоцикл во Словенија, носејќи таму два други проекти, овој Triumph Scrambler проект остана незабележан. Благодарение на порталот, идејата на Баже и фотографот Горан Атанасовски, ова дело сега е соодветно евидентирано.

Финален изглед
{gallery}scrambler-final{/gallery}

Други мотоцикл и изработени по овој Triumph Scrambler следуваат наскоро.

Tech Spec (наменето за BSH и MCM магазините)

Engine:

Triumph Scrambler 2009, parallel twin 900 cc.
Stock engine, re-jetted stock carbs.
Aftermarket stainless steel Leovince Kawasaki Z 750 exhaust can, exhaust pipes 2 into 1 by IRONFORGE©. Some engine covers removed forever.

Frame:

Stock front loop, lightened, heavy modified and removed brackets, new fork stops and gussets. New rear frame section completely build by IRONFORGE© .

Front End:

Stock Triumph Scrambler forks, on Lucas yokes (made for Yamaha TRX850). Front 19 ‘’ Honda CB 900 wheel withDunlop TT100-K70 3.25-19.
Hand made disc spacer from Billet aluminum, new front wheel axle, new neck axle, aluminum spacers, new bracket for the front mudguard, and heavy modified stock mudguard. All that made by
IRONFORGE©.
Braided break hose for the front fork. Bates headlight. Bullet Light Highway Hawk turnsignals. Koso speedometer, and aftermarket risers and handlebar of unknown origin.
IRONFORGE© trademark break fluid reservoir.

Rear End:

Stock lightened swingarm and stock shocks, Honda CB 900 wheel with Dunlop TT100-K70 - 4.00S-18. Stock Triumph disc with one off billet aluminum spacer made by IRONFORGE© .
Rear sprocket is mixture off CB and Scrambler sprockets.
Braided break hose, Highway Hawk Bullet turnsingnals and Stop light. Yamaha rear mudguard of unknown origin heavy modified. Hand made aluminum foot pegs by
IRONFORGE©.

Miscellaneous:

One off seat base covered in brown and heavy modified Triumph gas tank raised for 2 cmm. Electrics and horn are hidden below the gas tank.

Paint and Finish:

28 parts powder coated in mat black, frame painted in satin black by Bozo and gas tank covered with secret mixture of oils and chemicals to keep it away from rust forever. No polishing and chrome.

Thanks to:

Toni, Bozo, Takeo watashi no inu, all my friends in Japan for the inspiration and my mother for the constant ice coffee delivery. Web portal : motori.com.mk crew. Blue Heron internet radio station for the good music.

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!