20
Сре, Сеп
Занимливости

Дали би купиле хибриден мотоцикл со ротационен мотор?

Wankel ротациониот моторот досега веќе бил испробан на неколку мотоцикли од кој најпознат пример е Suzuki RE5. Но како што се случи и во индустријата за автомобили, сетапот не беше доволно ефикасен, а исто така и бараше големо оддржување. Од оваа причина идејата беше напуштена. Но сега се чини дека се враќа.

Следете нè на:

 

Wankel ротациониот моторот досега веќе бил испробан на неколку мотоцикли од кој најпознат пример е Suzuki RE5. Но како што се случи и во индустријата за автомобили, сетапот не беше доволно ефикасен, а исто така и бараше големо оддржување. Од оваа причина идејата беше напуштена. Но сега се чини дека се враќа.

would you buy a french built rotary hybrid motorcycle 5

Француската компанија лоцирана во регионот Манцел, Furion Motocycles, сака да ја развие идејата и да додаде електичен мотор на оригиналниот сетап.

Компанијата во моментов работи на М1 мотоцикл, концепт кој се врти околу Wankel ротари мотор кој пак е споен со електричен мотор. Двојната ротор единица која има 654cc може да развие 125 коњски сили при 9000 rpm, а комбиниран заедно со електричниот мотор неговата моќност ќе достигне 180 коњски сили.

Бензинскиот мотор може да развие 105 Nm при 6,000 rpm, а оваа бројка може да се зголеми до 205 Nm благодарение на електричниот мотор.  

Сигурно ќе очекувате мотоциклот да биде многу тежок, но неговата тежина изнесува само 209 килограми.

Резервоарот за гориво може да собере 16 литри и благодарение на хибридните делови, ќе можете да поминете 400 километри. Мотоциклот доаѓа со два сетинзи, Sport and Long Range, со цел да го искористите максимално системот без разлика на тоа дали ви треба дополнителна моќност или помала потрошувачка на гориво.

would you buy a french built rotary hybrid motorcycle 1

Но како им успеало да го вметнат сето ова во спортски мотоцикл? Електричниот мотор е закачен на предниот запчаник, а литиумските батерии се наоѓаат веднаш под седиштето. Предното тркало има целосно прилагодлива 43 милиметарска вилушка додека пак задната е monoshock која исто така може да се прилагоди.

Од компанијата засега се уште не објавуваат кога овој мотоцикл ќе се најде на пазарот. Дотогаш, уживајте во видеото.

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!