23
Пет, Јун
×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/dajdam

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/dajdam

Занимливости

Daj-Dam Bike: Harley Davidson кастмизиран во Македонија

thumb_dajdam-bike-2Перица Петрушевски познат и како Перо Дај-Дам доаѓа од Куманово и е член на МК Мечки. Она што не натера да го контактираме е неговиот уникатен Harley Davidson Sportster 883 кој е кастмизиран во Македонија.

Следете нè на:

 

dajdam-bike-2

Перица Петрушевски познат и како Перо Дај-Дам доаѓа од Куманово и е член на МК Мечки. Она што не натера да го контактираме е неговиот уникатен Harley Davidson Sportster 883 кој е кастмизиран во Македонија.

За Перица возењето на мотори е „болест“ со која другарува од младоста, има сменето повеќе од 60-на мотори, а како цреша на шлагот е неговиот Харли. Сепак за него ова не е првиот Харли Дејвидсон кој го возел, но како што вели и самиот, овој е најдобриот. Не затоа што изгледа добро, туку затоа што е единствен -„Чувството да возиш мотор за кој знаеш дека е уникатен е непроценливо. Тоа е убавината на кастм моторите.“ - ни изјави Перица додека го сликавме моторот.

Harley_XL883C2Кога го купил Спортстер-от, тој бил во својата оригинална форма, во црна боја, како овој на сликата. Скрешената ногарка на моторот е „виновна“ за трансформацијата во еден од најдобрите кастм мотори во Македонија. Имено, одејќи во Велес со цел да ја поправи ногарката, од членовите на клубот добил препорака да погледне што се можат да направат дечките од Манрели. Зоран и Маријан (Манче - Манрели) се дечки од Велес кои прават чуда со моторите, па откако му покажале слики на Дајдам од минатиот труд, тој решил Харлито да го кастмизира кај нив.

„Им кажав како сакам да изгледа, имав идеја, а тие само ми кажуваа технички што е возможно, а што не е, за да се направи. Се на моторот е рачно изработено па дури и натписите Harley Davidson ги правеше Варга со air brush.“

Целиот проект за изработката на моторот траеше една година, по што на мото собирот во Велес беше презентирано ремек делото. Реакциите за моторот беа одлични, впрочем како поинаку и би реагирале на ваков мотор, но она што го изреволтира Перо е односот на домашните мото собири на кои имаше избор за најдобар кастмизиран мотор.

dajdam-bike-5

-„Во Македонија нема никаква објективност, на секој собир на кој се бира најдобар кастм мотор секојпат победува некој од моторите на клубот кој е организатор на собирот. Тоа нема никаква логика, според мене треба организаторот да забрани пријавување на своите мотори, а не вака, сами си се пријавуваат, сами гласаат и нормално дека ќе победат.“

Револтот на Перо е оправдан, имајќи во предвид дека минатата година беше одбран да учествува на „Harley Davidson Custom Bike Show“, собир на кој моторот според испратените слики котираше во најдобрите 10 од цела Европа. За жал заради незгода на работното место не беше можност да отпатува на овој собир, но како што ни потврди и самиот, планот е годинава да се отиде на неколку собири надвор од Македонија.

Разговорот со Перо Дајдам го завршивме, воедно и нашиот фотограф ја заврши својата работа, а дали беше добро, проценете сами. {gallery}dajdam{/gallery}

comments

Би можело да ве интересира

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!