Можеби текстов нема да ви биде од корист за оваа сезона, но за следната година можеби ќе размислите да ставите зимски гуми на вашите мотоцикли. Да, тие навистина постојат.

Можеби текстов нема да ви биде од корист за оваа сезона, но за следната година можеби ќе размислите да ставите зимски гуми на вашите мотоцикли. Да, тие навистина постојат.

anlas zimski gumi

Да бидам искрен, и јас не знаев дека можете да имате пневматици кои ги задоволуваат критериумите на DOT за да можат да го имаат симболот „mountain/snowflake“ но очигледно турската компанија Anlas произведува токму такви гуми.

За деловите од светот кои бараат специјални гуми за време на зимските месеци, вреди да знаете дека постојат гуми кои ќе ви овозможат да возите во текот на целата година. За оваа информација треба да им се заблагодариме на колегите од Канада кои ни кажаа за овие гуми. Во Квебек, во текот на зимските месеци задолжително морате да возите со зимски гуми, а иста е ситуацијата и во некои земји во Европа.

Компанијата има три вида пневматици за зимски услови кои се во различни големини. За возачите кои возат на улица, постојат пневматиците одбележани со снегулка кои можат да се стават на предните тркала кои имаат дијаметар од 19 и 17 инчи и задните тркала кои имаат дијаметар од 17 инчи.

За поекстремни временски услови, би ви препорачале да ги земете „Anlas Winter Grip 2“, кои се слични на гумите за влажни услови. Овие потешко ќе се монтираат на поголемите улични мотоцикли и повеќе се наменети за мотоциклите кои имаат помали тркала.

Но се додека лично не ги испробам ќе имам сомнеж во однос на тоа колку се добри овие гуми.

Back To Top