23
Нед, Јул
Занимливости

CUSTOM BIKE 2012: Die ultimative Custom – Messe

Како и секој Декември, извесна група Македонци, заминуваат на пат кон Германија, проследени со неколку илјади километри поминати по студено време и подкупливи расипани унгарски цариници.

Следете нè на:

 

custom-145Еден од многуте прекрасни мотори кои можеа да се видат во Bad Salzuflen

Како и секој Декември, извесна група Македонци, заминуваат на пат кон Германија, проследени со неколку илјади километри поминати по студено време и подкупливи расипани унгарски цариници.

Овој пат причините да се биде дел од збиднувањата на овие настани е уште поголем:

- На забавата во клабхаусот на Chopper Club Paderborn покрај вообичаениот инзонреден амбиент се собравме и по повод на скоро починатиот Pirre (Chopper Club Belgium), на кого му го посветувам овој текст.

-Проширената програма на овогодинешниот Custom Bike саем кој се одржа од 30 Ноември до 2 Декември за време на нашата Божиќна забава во близина на клабхаусот на Chopper Club Paderborn, беше само причина повеќе да се присуствува на овие настани.

Во Падерборн пристигнавме порано. Беше пријатно изненадување да се види дека браќата од Chopper Club Wales веќе беа „одомаќени“ во едниот од неколкуте наши клабхауси во Германија. За Том и Pat од NCC Nottinghamshire не морам ни да споменувам. Оваа година тие успеаа да бидат присутни на сите клубски настани во Германија (и останатите низ Европа).  Забавата започна порано, во пријатна атмосфера, и извесна количина на традиционалниот Chopper Club Paderborn пијалак. Тие самите го нарекуваат „Paderborner Cofee“. Всушност се работи за микс од 70% Jack Daniels и 30% кола (вискито се сипува преку кока кола), а се служи во голема шоља за кафе. Со или без лед, во зависност од желбата.

Утредента по појадокот се упативме кон Bad Salzuflen. Саемско германско градче во кое еднаш годишно се одржува најголемиот европски Custom Bike настан на затворен простор.

custom-4Најголемиот европски Custom Bike настан на затворен простор

Заради големината на овој настан и можноста да обратиме внимание на секој излагач поединечно, решивме саботниот ден да го минеме целосно таму. Да бидам искрен и не беше лесно да се помине сиот ден во одење од штанд до штанд. За среќа во секоја хала имаше доволно локали во кој можеше да се седне, и да се одмори со пијалок или вкусна храна.

Меѓу новитетите што сакам да ги издвојам беше „Ѕидот на Смртта“. Каде што се возеа автентични моторцикли од раните 50-ти години на минатиот век.

custom-7„Ѕидот на Смртта“

Како новитет морам да го спомнам и натпреварот во живо, меѓу Reinhard Servello vs. Andrea Mayer. Стандардни 3 дена и изработка на 2 custom моторцикли пред публика. Само што овој пат едниот од надпреварувачите беше жена!!!

За да погледнете повеќе слики и видеа од овој интересен натпревар, да ги погледнете делата како и да дознаете кој е победникот, ќе ве оставам лично да го погледнете сајтот www.custombike-show.de и да дознаете повеќе.

Додека листата од останатите победници во другите класи ке ја објавам во овој текст:

Craziest Bike - Piet Smits / Netherlands

Best Paint / Airbrush - Michael Naumann / Germany

Best Engineering - Frank Ohle / Germany

Editors Choice - Sergio Bayarri / Spain

Best Metric Bike - Hans-Ullrich Ullisch / Germany

Best Street Fighter - Andrew Kaminski / Germany

Best Cafe Racer - Yuri Shif / Belarus

Best power cruiser - Aleksander Fetisov / Russia

Best Chopper - Tobias Reichert / Germany

Best Bobber - Mark Up / Switzerland

Best Old School - Thomas Trapp / Germany

Best Radical - Wolfgang crease Scheidt / Germany

Rookie of the Year - Sam Luginbühl / Switzerland

Best of Show - Kenji Nagai / Japan

Ќе набројам само дел од стандардните збиднувања и нештата кои можеа да се видат: King Kerosin Show Area & Red Carpet Lounge, Концерти во живо, 2 моторцили (HD и Triumph) за среќните добитници кои купиле влезниица и учествувале во извлекувањето, Медиа шоу, Фото сесии во живо, Афтершоу парти, Miss Custombike, Bodypainting, Swapmeet , Weihnacht, Harley Davidson fashionshow, …… и уште многу нешта кој се одвиваа во тие 3 дена. За жал нашето време беше кратко. Останува да ги споделиме само фотографиите кои ги има многу, а сепак не доволно за да се опфати се!

Вечерта по саемот се собравме повторно во нашиот клабхаус. Со таа разлика што веќе имаше околу стотина гости. Не само од Chopper Club, туку и од другите околни клубови. Оние кои што јас ги приметив во поголем број беа германските Free Eagles MC.

Интересно е да се спомне дека оваа година поради трагичната смрт на Pirre од Chopper Club Belgium (M.A.L.L.), голем дел од клубот замина за Белгија, заради погребот. Саботната вечер се случија 2 собирања во чест на Pirre. Еден во Белгија во клабхаусот М.А.L.L. , и ова во Падерборн.  Дел од саботната вечер помина во чест на Pirre, за кој што многу се зборуваше. Потоа се претставија новите клубски проспекти, на кои им беа доделени предните „мали дијаманти“ (front patch или small diamond).

custom-492Подароци за одличните домаќини - Chopper Club Padeborn

 

Вечерта беа доделени и неколку подароци во знак на благодарност заради тоа што Chopper Club Paderborn со години добро се грижи за сите гости и браќа од клубот. За крај уште ќе спомнам дека можеби не успеавме да пристигнеме први, но дефинитивно последни си заминавме. Во Недела навечер!

За целата галерија од настанот кликнете овде.

Веројатно таков е амбиентот во друшто на Chopper Club Paderborn. Се чини како да сакавме да останеме што подолго.

За следната година уште да напоменам дека настанот Custom Bike 2013 е од јавен карактер и отворен е за сите оние кои сакаат да платат влезница (11 евра по ден), а за присуство на пропратните забави во клабхаусот на Chopper Club Paderborn, заради сместувањето задолжителна е предходна најава.

Повеке информации на www.chopperclub-paderborn.de

Или едноставно на www.chopper-club.com

 

Текст и фото: Љубиша Петровски (модератор)

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!