Занимливости

BMW претстави автономен мотоцикл

Можеме да ја разбереме поентата на автомобилите кои сами се движат. Мислам дека сите би сакале да можат да го преспијат патот од работа до дома или пак да прочитаат некоја книга за тоа време. Но мотоциклите се малку поинакви.

Следете нè на:

 

Не само што ќе се мачите да заспиете на некој S1000RR, тоа и не би имало некаква смисла, нели? Она што го прави мотоциклот посебен е уживањето додека возите. Без разлика на тоа дали моделот има контрола на тракцијата или пак контрола на тркалата, повеќето од возачите сакаат сами да управуваат со својата машина.

BMW technology 073

Тогаш зошто сите големи производители на мотоцикли работат на креирање на автономни модели? Заминавме во Марсеј, каде што Германската компанија BMW има тест патека и каде во периодот кога во Баварија има снег, тука се испробуваат новите модели.

За време на нашиот претстој видовме неколку навистина интересни модели. Но автономниот R1200 GS беше вистински хит. Набрзо ќе ви откриеме зошто е тоа така но претходно да позборуваме за тоа како тој работи. Во суштина е навистина едноставно. GS има мотор, кумплуг, гас и менувач. Компјутерот не добива никакви дополнителни информации кои ќе му помогнат во работата. Нема жироскоп кој ќе му помогне да остане исправен, а ги нема ниту додатоците за рачките кои ги видовме минатата година. Кога ќе размислите подобро, тоа и има смисла. После се, тоа е и задача на лицето кое го вози мотоциклот.

Просторот за багаж како и главната кутија на GS се полни со компјутери, GPS единици како и сензори. Тие овозможуваат мотоциклот да стои исправен и да се движи. Овие додатоци исто така внимаваат на околината со цел да се избегнат сите пречки.

Тест возачот се качи на мотоциклот и возеше со него неколку круга. Потоа скокна од него и мотоциклот сам запре. Ова беше навистина чудно да се види. Тој извозе сам неколку помали круга, а кога целосно запре, го извади држачот на десната страна и се потпре. Навистина паметно.

 MJ 6734

Компјутерот кој ја напојува оваа машина се користи да развие алгоритам кој ќе му овозможи да креира мотоцикл кој сам ќе може да се управува. Но во суштина тој нема да го прави тоа. Целта е да креира голема безбедносна мрежа која ќе биде од корист во иднина. Во моментов, ABS сопирачките и контролата на тракцијата можат само малку да интервенираат во случај на несреќа.Тие можат да го заклучат предното тркало во случај на мраз на патот или пак кал и со тоа до сега спречија голем број на несреќи. Но тие се лимитирани во случај на несреќи кои би можеле да се случат и кои би можеле да ги сопрат.

ABS сопирачките не можат да ви помогнат доколку пред вас се испречи некој автомобил, ниту пак кога излегувате од некој тесен свиок, а пред вас ќе се појави автобус. Но во иднина, ако вашиот мотоцикл е опремен со вакви сензори, тој ќе може да интервенира и да спречи голем број на несреќи на патот. Со помош на информациите кои ќе ги добие од автомобилот кој се движи пред вас, вашиот мотоцикл ќе знае дека има големи шанси за судар и ќе ве предупреди. Доколку не го забележите предупредувањето, тој би можел да ја презеде контролата над мотоциклот и да го запре.

Како надополнување на ова, би можел да се вклучи и напреден сет на алгоритми кои ќе интервенираат кога возачот прави некаква грешка. Ако вашиот мотоцикл точно знае каде се наоѓа, што прави и што има околу него, може да предвиди што го очекува. Потоа тој би можел да преземе контрола и доколку е потребно да  го навали дополнитено мотоциклот, да ја намали брзината или пак да ги активира сопирачките. Интересни можности.

Зошто BMW со толку голема важност ги испитува овие можности? Како што ни кажаа во Марсеј, наскоро на пазарот ќе се најдат автономните автомобили без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. Во моментов многу малку внимание се посветува на мотоциклите и како тие ќе се вклопат во иднина.

Ако компаниите сами не го дадат одговорот на тоа прашање, тогаш никој друг нема да го направи тоа. Во иднина, можеби сите ние кои сакаме мотоцикли ќе треба само да седиме на седиштето, да пиеме пиво и да се сеќаваме на старите добри времиња.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!