logo

Мото Клубот REAPERS MК Bogdanci официјално премина во REAPERS МС Macedonia - (Prospect MC), со одобрение од останатите МС клубови во Македонија, почитувајќи ги традиционалните МС правила.

REAPERS MC носат свои препознатливи бои кои гордо ги носат и ги бранат, како и сојуз 14:23. Сојузот претставува унија, братска врска, соработка и почит меѓу клубовите.

Reli Nezavisnost 2013

Идеологијата на клубот се темели на правилното негување на мото културата, националните богатства и вредности и братството помеѓу припадниците на клубот пронајдени во заедничкиот стил и начин на живот.

Клубот се придржува кон традиционалните МС правила и си има своја клубска политика, кодекс на однесување внатре и надвор од клубот и свои правила кои се основни начела за сите припадници на клубот.

Меѓу членовите на REAPERS МС се истакнуваат особините како ЛОЈАЛНОСТ, ПОЧИТ, ЧЕСНОСТ и ИНТЕГРИТЕТ (L.R.H.I). Клубот соработува со повеќе клубови во и надвор од Македонија и исто така е отворен за соработка со истомисленици кај кои се среќаваат истите особини.

Клубот присуствува на манифестации, организации, мото собири и акции организирани од други мото клубови а воедно и организира настани од таков карактер.

Sojuz 14.23

REAPERS МС поседува клуб хаус во Богданци - седиштето на клубот - место за дружба со сите пријатели и супортери, место во кое што може да се испие по некое пиво и да се споделат разни мото искуства и случувања, место кое ни претставува наш втор дом.

L&R – REAPERS МС Macedonia

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Back To Top