05
Пон, Дек
0 нови содржини
Тестови

Наш тест: Metzeler Racetec K3

racetec_k0_k1_k2_shadow_m_solata-300.jpgRecetec K3 е серија на гуми која произлезе како наследник на Metzeler Racetec K0, K1 и К2. Разликата од овие модели до К3 е тоа што гумата од самата фабрика е квалификувана како гума за возење на градски асфалт, но со перформанси на гума за на стаза.

Следете нè на:

 

racetec_k0_k1_k2_shadow_m_solata-300.jpg Recetec K3 е серија на гуми која произлезе како наследник на Metzeler Racetec K0, K1 и К2. Разликата од овие модели до К3 е тоа што гумата од самата фабрика е квалификувана како гума за возење на градски асфалт, но со карактеристики на гума за на тркачка стаза.

Веќе првиот поглед на гумата ни го открива тркачкиот дух во неа и перформансите кои можат да се очекуваат. Страните на гумите се без никакви шари, што гарантира перформанси слични на слик гума при возење под максимален агол. Средишниот дел го краси истата шара како и кај K0, K1 и K2. При дизајнот на гумите производителот се погрижил за перфектен контакт во суви временски услови, па за стабилноста и нема потреба да дискутираме премногу.
Како и секоја гума која одлично "држи", се појавуваат стандардните проблеми со брзото трошење. Доколку се земе просек од агресивно но и нормално возење, со еден сет гуми ќе поминете 6-7.000км.

Мал но забележителен детал - Racetec K3Мал но забележителен детал - Racetec K3


Гумите функционираат беспрекорно кога се загреани, но, немојте ни да помислите да им верувате додека се ладни. Ова веројатно е единствената негативна страна, но исто како и побрзото трошење од стандардни гуми, се должи на перформансите кои гумите ги имаат кога се возат на идеални услови, на топол асфалт и добро загреани.

Metzeler е бренд кој е познат во светски рамкиПри полна работна температура, гумите имаат неверојатни карактеристики. Наглото кочење и забрзување, како и влегувањето и излегувањето од кривина со голема брзина го поднесуваат без никаков проблем, па возачот може да го покаже целиот свој потенцијал знаејќи дека има гуми на кои може да им верува.

Во услови на мокар асфалт и дожд, потребно е да бидете екстра внимателни. Racetec К3 не се гуми со кои ќе можете да ги покажете вашите способности кога ќе заврне, што е и нормално за гума која нема никаква шара на 5цм од краевите на гумата. Возењето на овие гуми со брзина поголема од 80км/ч во дождливи услови е опасно дури и за најискусните возачи.

Во однос на цената, К3 не се евтини гуми, но народски кажано - колку пари, толку музика. Плаќате гуми легални за возење низ градските улици со карактеристики на гума за на стаза, а сепак цената им е пониска од класичните тркачки гуми.

Возењето под максимален агол на навалување не е никаков проблем за K3 Важен податок за возачите кои сакаат да го добијат максимумот од своите гуми, е дека тие не прегреваат дури ни по повеќечасовно возење. Немавме можност да ги возиме на стаза, но по повеќечасовно агресивно возење гумата ги задржа истите одлични перформанси и карактеристики кои ги имаше пред почетокот на тестот.

Ова значи дека и покрај тоа што K3 е квалификувана како градска гума, нема да погрешите во ниеден момент доколку ја употребите на стаза.

Гумите за тестирање беа позајмени од MotoProm, каде можат да се купат по цена од  170 евра за предна гума со димензија 120/70 ZR 17 и 215 евра за задна гума со димензија 190/50 ZR 17.

За крај, ја препорачуваме Metzeler Racetec K3 на сите спортски возачи, кои бараат одлични перформанси од гумите, а притоа не им е важно со еден сет на гуми да поминат 15.000км. 

Tомислав Трајковски
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!