05
Пон, Дек
0 нови содржини
Тестови

Возевме: Yamaha X-MAX 250 2014

Поканата од Мото Азуро да ја провозиме новата Yamaha X-MAX 250 ја прифативме со задоволство, новиот дизајн, агрегат како и перформансите ставени на хартија беа гарант за забавно возење.

Следете нè на:

 

xmax1Yamaha X-MAX 250 2014

Поканата од Мото Азуро да ја провозиме новата Yamaha X-MAX 250 ја прифативме со задоволство, новиот дизајн, агрегат како и перформансите ставени на хартија беа гарант за забавно возење.

Возењето автомобил по скопските улици во лето не може да биде нечија омилена активност. Метежот, неподносливата температура како и семафорите на секој чекор се само неколку фактори кои ќе ве предомислат од идејата да се возите на четири тркала. Возејќи мотоцикл или скутер можете многу полесно и побрзо да дојдете од една локација до друга, да ги одбегнете гужвите, да ги намалите трошоците за превоз, па дури и да помогнете во намалување на загадувањето. 

Новитетот од Јамаха кој пристигна во салонот на Мото Азуро наречен X-MAX 250 е скутер во кој ќе пронајдете се што ви е потребно за секојдневно уживање по улиците, како низ градот така и надвор од него. Под новиот стајлинг кој дефинитивно привлекува внимание се очекува агрегат кој ќе се носи со изгледот. X-MAX 250 нуди импресивни перформанси со секојдневна практичност.

Она што го нуди Јамаха X-MAX 250 е идеално за сите оние кои бараат превозно средство со кое ќе можат лесно и економично да се движат како низ градскиот метеж така и надвор од него. Х-МАХ ги дава предностите на возењето скутер, спакуван со агрегат од 250цц. Четворотактниот мотор кој има еден цилиндар е со водено ладење и развива 21кс. Иако не звучат како многу доволни се за тежината од 178кг да ја доведат до максимална брзина од 150км/ч. 

Скутерот доаѓа со целосно автоматизиран пренос, новиот „V“ каиш овозможува линеарно забрзување и пренос на силата без да осетите и најмала вибрација. Секако за удобното возење се грижи и новиот рам на скутерот кој е дизајниран имајќи ги на ум спортските возни својства. Спортските карактеристики значат и по тврдо држење, затоа и возењето на скутерот низ градските улици на моменти ве потсетува на очајната состојба на нашите патишта, амортизацијата е одлична но помалку тврда за наши услови. Затоа пак возењето надвор од градот ќе ви овозможи целосно уживање во перформансите на скутерот.

xmax5Возењето на Yamaha X-MAX 250 e вистинско уживање, како во градот, така и надвор од него

Пневматиците на скутерот се на висина на задачата, одлично држат дури на лизгавите бели ленти, а скутерот од фабрика доаѓа со предна гума со димензија 120/70-15 и задна 140/70-14. Големите тркала овозможуваат стабилност на поголема брзина, како и навремено кочење иако моделот кој го возевме беше без ABS систем.

Инженерите во Јамаха се потрудиле околу деталита, па така забележливи се одличните алуминиумски фелни, стоп светло со ЛЕД диоди, мулти-функционална инструмент табла која покажува: дигитален брзинометар, просечна и моментална потрошувачка, изминат пат, вкупна километража итн.

Доколку сте еден од оние кои уживаат во возењата низ земјава нема да имате никаков проблем во однос на багажот. Самиот скутер доаѓа со простор под седиштето во кој можат да се складираат две целосни кациги, а доколку имате потреба од повеќе простор може да нарачате и опционален куфер.

Потрошувачката на скутерот е одлична, во оние три дена додека го тестиравме просечната потрошувачка не надмина повеќе од 3,67 литар на 100км во комбиниран режим на возење (град/отворено). Она што исто така ни остави впечаток е позицијата на седење на возачот, иако на прв поглед делува невообичаено, за кратко време повисоката позиција ви овозможува полесно управување со скутерот.

Квалитетот на изработката кај Х-МАХ е во преден план. Нема компромис со материјалите, ниту пак со методот на изработка, несомнено дека Јамаха го одржува имиџот со секој свој модел, па така и за Х-МАХ 250 фабриката дава 3 години гаранција.

Скутерот може да се погледне во салонот на Јамаха каде може да се организира и пробно возење, а се продава по цена од 4.680 евра. Повеќе информации можете да добиете во салонот на Јамаха (Мото Азуро) лоциран во центарот на Скопје зад АМСМ, или на http://www.yamaha-motor.mk/

 

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!