06
Вто, Дек
7 нови содржини
Тестови

Возевме: Yamaha FJR1300AS 2013

Еден од последните сончеви викенди во октомври го користиме за тест возење на Jamaha FJR1300AS, спорт-туринг мотор кој не остави воодушевени од перформансите и технологијата со која располага.

Следете нè на:

 

fjr1300as-2013-1Yamaha FJR1300AS 2013

Еден од последните сончеви викенди во октомври го користиме за тест возење на Jamaha FJR1300AS, спорт-туринг мотор кој не остави воодушевени од перформансите и технологијата со која располага.

Приказната која започна пред 12 години со првиот спортски туринг модел на Јамаха сеуште се раскажува. Моделот FJR1300 пленеше со својот изглед и перформанси од самиот почеток, па така во 2002 и 2004 година ја освои наградата за најдобар спорт-туринг мотоцикл. Потоа следуваа години во кои другите производители го имаа главниот збор во оваа категорија, но затоа Јамаха за оваа година подготви пакет кој се враќа на голема врата.

fjr1300as-2013-2Одлична инструмент табла на која се достапни сите информации преку „LCD“ дисплејот

Иако изгледот не претрпе драстични промени во поглед на неговиот претходник, она што е важно е под пластиките, а таму има цела вреќа новости. Благодарение на нашите пријатели од Мото Азуро, овластениот увозник на Јамаха за Македонија имавме прилика да го провозиме AE/AS моделот кој за разлика од „обичниот“ FJR има електронски контролирано квачило и менувач. 

За разлика од моделот за 2012 година, кај новиот FJR главен адут секако е втората генерација на менувачот наречен YCC-S (Yamaha Chip Controlled Shift) кој овозможува менување на брзините без користење на кумплунг. Рачката за кумплунг секако ќе ви недостасува при првото возење, но тука се контролите за менување на брзините со притискање на копче, па ќе имате на што да мислите додека се навикнете. YCC-S не е новина во Јамаха, всушност за прв пат се користеше на моделот R6 во 2006-та година, а низ годините се провлече низ неколку модели на Јамаха. Ова парче технологија е задолжено и за круз контролата, а благодарение на „ride-by-wire“ системот на новиот FJR можете да менувате мапи со сетап за спортско или туринг возење.

Благодарение на целосно новиот сетап менувањето на брзините можете да го правите преку копчињата на рачките или традиционално со нога, а втората генерација на менувачот овозможува за 30% зголемена брзина на менување. Инженерите во Јамаха навистина се потрудиле околу деталите на системот и се ориентирале кон возачите. Така на пример системот автоматски менува од втора во прва брзина пред да запрете потполно, а потоа доволно е само да додадете гас и да продолжите со возење.

Полициските единици на неколку држави во светот го користат FJR1300 како патролно средство, меѓу нив се: Ирска, Англија, Данска, Белгија, Австралија па дури и Тринидад и Тобаго.

И тоа не е се од електрониката, FJR1300AS доаѓа со електронски подесива суспензија на која можете да одберете до 12 различни опции. Почнувајќи од тврдината на амортизерите, до тоа дали возите сам или со совозач, а сето тоа е достапно за правење и додека возите. Новите „аспајд-даун“ предни вилушки овозможуваат целосна контрола на суспензијата, а електрониката овозможува подесување на тврдината на федерите без да пипнете клуч со рака.

fjr1300as-2013-3Мали но впечатливи разлики од претходниот модел

Круз контролата функционираше прекрасно на нашето возење до Велес, а благодарение на мапите кои се поставени во моторот и опцијата истите да се променат со едноставно притискање на копче, имавме можност на возењето до Водно да ја видиме разликата од туринг до спортски мод. Можноста да одберете спортски или намалени перформанси на моторот се прави во од и е на дофат на раката, а тоа е уште една одлична карактеристика на FJR1300AS.

Иако визуелно нема големи промени во однос на претходниот модел, забележлива е разликата во предната маска која сега е составена од единечен дел. Како заштита од ветерот моторот доаѓа со голем визир кој повторно со притискање на копче може висински да се подеси. Кога сме кај работите кои можат да се наместат според потребите на возачот, тука е и седиштето за кое можете да одберете една од двете позиции, рачките за управување кои се подесуваат на три позиции, па дури и страничните пластики можат да се наместат понапред или поназад.

Агрегатот е скоро ист како претходниот, четири-цилиндричен мотор со зафатнина од 1298цц и моќност од 145кс со водено ладење кој без проблем се справува со тежината на моторот од 289кг, и се покажа како издржлив и доверлив мотор. Агрегатот е сместен во алуминиумски рам благодарение на кој спортските перформанси доаѓаат до израз, а резервоарот од 25 литри овозможува безгрижно туринг возење.

Она што навидум е чудно е петтостепениот пренос наместо шест брзини на кои сме навикнати. Сепак имајќи во предвид дека во петта брзина при возење со 100км/ч вртежниот момент кај моторот е 3.000rpm, а црвената линија е поставена на 9.000, на FJR1300 воопшто не му треба шеста брзина.

FJR1300AS од фабрика доаѓа со куфери кои се задолжителна опрема за секој спорт-туринг мотор, но за Јамаха се важни и деталите па така забележливи се лед светлата, одличната инструмент табла, приклучокот од 12 волти, па дури и греачите во рачките се стандардна опрема.

Возењето го завршивме полни со импресии од Yamaha FJR1300AS за 2013 година, а Вам ви препорачуваме да појдете до салонот на Мото Азуро каде можете да се информирате за овој но и за останатите модели од гамата на Јамаха.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!