05
Пон, Дек
0 нови содржини
×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/cbr600f-detali

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/cbr600f-detali

Тестови

Наш тест: Honda CBR600F

motori cbr600f-reviewСледниот мотоцикл за кој успеавме да договориме тестно возење е Honda CBR600F. Увозник на Хонда за Македонија е Макпетрол, а дечките беа доволно фини да наместо еден ни доверија два примерока! 

Следете нè на:

 

Следниот мотоцикл за кој успеавме да договориме тестно возење е Honda CBR600F. Увозник на Хонда за Македонија е Макпетрол, а дечките беа доволно фини да наместо еден ни доверија два примерока! 

cbr600f-motori

CBR600F е мотоцикл кој на прв поглед ве мами да го провозите на отворено, па така целна дестинација на тест возењето беше Скопје-Велес. Но да започнеме од почеток, историјата на овој модел датира од 1987 година кога за прв пат е произведен. Иако никогаш не доби свое посебно име тој се произведуваше се до 2006-та година. Период во кој Хонда успеа да продаде 250.000 примероци низ Европа. Хонда го имаше дизајнирано овој модел имајќи ги во предвид возачите кои имаат потреба од брзина и удобност, оние кои го користат моторот за секојдневни потреби но истовремено патуваат и на подолги релации.

honda-cbr600f

Сепак времињата се променија, на пазарот се појавија нови модели кои ја пополнија онаа празнина во класите, а новите мотоџии одеа на варијанта, брзинец,нејкед или ендуро. Имајќи во предвид дека Хонда започна со производство на CBR600RR во 2003-та година, јапонците се одлучија за прекин на производството на серијата F во 2006-та кога беа изработени последните примероци на CBR600F4i.

cbr600f-red-blue

Неколку години подоцна, пазарот повторно бараше промена, новите брзинците беа премногу агресивни и неудобни за секојдневно возење па повторно се јави потребата од модел кој ќе ги има својствата на CBR600F. Така Хонда во 2011 започна со производство на моделот кој ја пополнува празнината, Honda CBR600F.

Овој модел е на половина пат од Hornet до CBR600RR, веројатно ќе треба да се измисли нова класа само за CBR600F, но во секој случај е добро што можете да добиете карактеристики на спортски мотор во пакување на нејкед. Од Hornet го носи и агрегатот, но позицијата на рачките е поблиску отколку на CBR600RR, па при возењето телото има позиција која не е премногу исправена ниту пак премногу згрбавена. Резултат на ова е комфорно возење низ град, а доколку решите да се „издувате“ на автопат ветрот нема да се обидува да ви ја откорне главата од рамена како што е случајот кај нејкед моторите.

cbr600f-blue-red cbr600f-review

Агрегатот развива 100кс, одлична бројка која е помала за 30-на од онаа на суперспорт моделите но доволна за да добиете 210км/ч на крајна брзина. Делот зад визирот на моторот е доволно долг за да легнете под него на поголема брзина, иако мислам дека повеќето CBR600F во овој дел ќе имаат сместено танк торба. Впрочем и немате потреба да легнувате под визирот, на брзина од 150-160 во нормална положба на седење ветерот воопшто нема да ви пречи заради испакнатиот визир. {gallery}cbr600f-detali{/gallery}

cbr600f-2011Капацитетот на резервоарот е 18.4 литри, а просечната потрошувачка е помала од 6 литри на 100км.  Управувањето со моторот е беспрекорно, издигнатите рачки дозволуваат управување како кај нејкед моделите, а амортизацијата е одлична. Се работи за истата амортизација која ја носи и Hornet-от, но дополнителната тежина на 600F ја прави уште подобра, а моторот по стабилен. Возењето по дупките на „автопатот“ Скопје-Велес воопшто не беше заморно, а преминувањето од новиот на стариот асвалт го правевме на поголема брзина без да имаме проблеми со управувањето. Возењето на моторот на подолга релација воопшто не создава болки во зглобовите или пак здрвување на екстремитетите, удобното седиште (за возачот и совозачот) е само дополнување на комфорното чувство при возењето. 

CBR600F е мотоцикл кој дава чувство на самодоверба, лесен е за возење, брз и удобен, едноставно имате чувство како со него да можете да направите се. Мислењата околу изгледот се поделени, за некои моторот е без концепт, за други пак е прекрасен. Бидејќи за вкусовите не се дискутира нема да осудуваме, но за нас изгледот на моторот е сосема во ред.

За крај, моторот можете да го погледнете во салонот на Хонда до трговскиот центар Беверли Хилс, а можете да го купите за цена од 8.990 евра.

Техничка спецификација

Зафатнина

 599 cc
Вид на мотор  4 цилиндри, 6-брзини  
Максимална моќ  101 hp @ 12000 rpm.
Максимална снага  64 Nm @ 10500 rpm.
Крајна брзина  210 км/ч
Тежина  198 кг.
Висина на седиште  800 мм.
Капацитет на резервоар            18.4 литри
Просечна потрошувачка  5.60 - 6.19 л/100км
Предна кочница  дискови 2 x 296 мм.
Задна кочница  диск 240 мм.
Предна гума  120/70 – ZR17
Задна гума  180/55 – ZR17

 

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!