05
Пон, Дек
0 нови содржини
Тестови

Наш тест: Kawasaki Brute Force 750 4x4i 2012

thumb_Kawasaki-BruteForce-4Компанијата која кај нас е позната по продажбата на кинески скутери и мотори сепак во својата програма нуди и мотори од светски познати брендови. Таков е примерот со моделот за 2012, Kawasaki Brute Force 750 4x4i (special edition) кој веќе е во продажниот салон на Хамачи.

Следете нè на:

 

Kawasaki-BruteForce-4Новиот Kawasaki Brute Force 750 4x4 за 2012 пристигна во Хамачи

Компанијата која кај нас е позната по продажбата на кинески скутери и мотори сепак во својата програма нуди и мотори од светски познати брендови. Таков е примерот со моделот за 2012, Kawasaki Brute Force 750 4x4i (special edition) кој веќе е во продажниот салон на Хамачи.

Кавасаки направи целосно ребрендирање на својата програма на Sport Utility ATV моторцикли аплицирајќи го името Brute Force на сите модели. Да не остане само промена на името се погрижија цел тим на Јапонски инженери кои макотрпно работеа на новите модели. Нај забележителна промена во однос на претходниот модел се алуминиумските тркал, потоа тука е Electric Power Steering (EPS) системот за управување, нова суспензија и се разбира промена во изгледот на самиот квад.

Ѕверот е придвижуван од четворотактен V-twin мотор со зафатнина од 749цц кој развива 50кс. Разликата од претходниот модел има и во новата предна суспензија која сега е составена од двоен “wishbone” систем. Она што нас не импресионираше на тест возењето беа маневарските способности на самиот мотор. Шасијата нуди неверојатна подвижност, а благодарение на двојните хидраулички дискови од 200мм кочењето нема да ви претставува никаков проблем.

brute-force-4x4Кога сме кај кочењето да го спомнеме неверојатниот KEBC (Kawasaki Engine Brake Control) систем благодарение на кој моторот можете да го спуштите по било каков стрмен терен без притоа да ви отрпнат рацете од притискање на кочниците. Моторното кочење функционира толку добро што при возење на рамен терен воопшто не морате да кочите, доволно е да го тргнете палецот од гаста и четвороциклот веднаш ќе намали на само неколку км/ч.

EPS системот навистина помага при управувањето на четвороциклот. Вртењето во три точки по нерамен терен е безболно, системот помага при мала брзина но и при голема кога ви е потребна цврста контрола на рачките. Всушност EPS-от работи толку добро што доколку потоа се качите на квад без EPS ќе се прашувате како воопшто сте го возеле.

Инструмент таблата е изработена во LED технологија и ги прикажува најважните информации како брзината, дали моторот е со погон на две или четири тркала, нивото на бензин во резервоарот и часовник.

На предната лева рачка ќе ја забележите и контролата за предниот диференцијал. Интересно е тоа што предниот диференцијал е целосно управлив, односно можете според потребата да ја притиснете рачката и во зависност од тоа колку ја притиската толку се употребува диференцијалот.

Информации за цената можете да добиете во салоните на Хамачи или на www.hamachi.mk

Brutе Force го положи тестот. Ги прифати сите предизвици и ни остави насмевка на лицето. Ни се допадна неговата агилност, моќта и компромисот помеѓу забавата и работата. Доколку сакате да имате само еден четвороцикл во вашата гаража кој ќе ви служи за сите потреби, нема подобар модел кој би ви го препорачале.

Општи информации
Модел: Kawasaki Brute Force® 750 4x4i
Година: 2012
Категорија: ATV - Спортско
Рејтинг: rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full
Цена: /
Мотор и пренос
Зафатнина: 749.00 ccm
Тип на мотор: В-твин, четворотактен
Моќност: 50.00 ks
Компресија: 9.3:1
Бензински систем: DFI, 36mm Mikuni
Палење: TCBI
Систем на ладење: Течност
Пренос: Пренослив, вклучува рикверц и Kawasaki Engine Brake Control
Шасија, суспензија, тркала и кочници
Предна суспензија: "Double Wishbone"
Задна суспензија: Независна, двојна "А-arm"
Предна гума: AT25x8-12
Задна гума: AT25x10-12
Предна кочница: Двоен хидрауличен диск
Дијаметар на предниот диск:

200mm со дво-клипни клешти и плочки

Задна кочница: Добош
Димензии и капацитет
Тежина: 310.0 kg
Вкупна висина: 1,181 mm
Вкупна должина: 2,195 mm
Вкупна ширина: 1,219 mm
Висина на под: 240 mm
Меѓуоскино растојание: 1,285 mm
Капацитет на резервоарот: 19 литри
Dual hydraulic 200mm discs with 2-piston caliper
comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!