05
Пон, Дек
0 нови содржини
×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/sh125i

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/sh125i

Тестови

Наш тест: Honda SH125i

thumb_Honda-SH125i-2011-1Половината од мај веќе измина но временските услови сеуште наликуваат на крајот од зимата, па еден од ретките сончеви денови го искористивме за првиот тест во сезоната 2011, тест на Honda SH125i.

Следете нè на:

 

Honda-SH125i-2011-1

Половината од мај веќе измина но временските услови сеуште наликуваат на крајот од зимата, па еден од ретките сончеви денови го искористивме за првиот тест во сезоната 2011.

Новиот модел на најпродаваниот скутер на Honda, SH125i неодамна пристигна на македонскиот пазар. Доколку она "најпродаван" не ви звучи доволно убедливо, ќе споменеме дека на италијанскиот пазар (кој важи за најголем пазар на скутери во светот) Honda од претставувањето на првиот модел во 1984 до сега има продадено повеќе од 550.000 вакви скутери!

Honda-SH125i-2011-4Што го прави овој скутер толку привлечен за купувачите? На прв поглед ништо посебно, големи тркала, висока положба за седење, тесни рачки.. но сето тоа се менува во првиот момент кога ќе ја навртите рачката за гас. Веднаш разбирате зошто јапонците важат за светски лидери во производството на моторцикли и скутери.

Четворотактниот мотор со вбризгување на горивото функционира ефикасно и безгрешно. Моќта ја пренесува брзо благодарение на V-Matic преносот, а воденото ладење ќе се погрижи и при најголемо оптоварување на моторот да не осетите омалаксување на силата. Она што не импресионираше е моќта на овој елегантен скутер при било каква нагорнина. Дури и со сопатник на стрмен пат нема да имате потреба да го поттурнувате со нозете или пак да се грижите дали ќе стигнете до целта.

Honda-SH125i-2011-6Карактеристично за скутерите кои имаат голема моќ е зголемената потрошувачка што не е случај со SH125i. Резервоарот со капацитет од 7.5 литри е доволен за да изминете околу 240км, што го вбројува во класата на нај економични скутери. Потрошувачката се зголемува незначително доколку го возите со поголема брзина, нешто што нема да ви претставува проблем имајќи го во предвид забрзувањето кое го нуди скутерот и брзината од 100км/ч што ја достигнува без проблем.

Брзината што ја споменавме одлично се скротува со кочиониот систем CBS на Honda. Кај SH125i тој е составен од преден и заден диск, а она што е интересно е дека предниот диск доаѓа со троен систем од кој двата клипа се вклучуваат при кочење со предната кочница, а третиот кога ќе ја притиснете рачката од задната кочница што придонесува за рамномерно и сигурно кочење. Комбинираниот начин на кочење е карактеристичен за поголемите моторцикли па CBS и хидрауликата кај SH125i ја зголемуваат репутацијата на скутерот на скалата од 1 до 10.

Скутерот е навистина лесен за возење, па секое негово придвижување ќе ви причинува задоволство благодарение на неговите 16 инчни тркала, Dunlop гумите и пространото место за нозете. Вашиот сопатник ќе ужива во ногарките кои се широки и притоа се поставени на идеално место, а за целосен третман тука е седиштето кое е меко и доволно големо при возењето да не се осеќате како сардини.

Honda-SH125i-2011-2Honda SH125i

Кога сме кај тркалата да напоменеме дека токму нивната големина допринесува за удобното возење. Тука е и предницата на која познавачите ќе препознаат систем стар и повеќе од една деценија но како што велат искусните "тимот што победува не се менува". Изненадувачки е тоа што скутерот истовремено се вози лесно како мало скутерче со кое и во најтесните улички ќе го најдете патот до семафорот, а по нерамнините се однесува како макси скутер. Одличната суспензија е онаа која ќе ви помогне да не ги осетите сите дупки и лошиот асвалт на нашите патишта.

Honda-SH125i-2011-13Забелешка даваме на просторот под седиштето во кој можете да сместите само отворена кацига, но не фул-фејс или флип-ап. Препорачуваме набавка на куфер (кој може да се нарача во иста боја како каросеријата) кој сигурно ќе ви се најде во секојдневните активности. Тежината од 127кг би претставувала проблем доколку агрегатот е послаб но во случајов тоа воопшто не е негативна страна.

Срдечно го препорачуваме скутерот на сите оние кои урбаниот живот им е секојдневие, оние кои имаат постојана работа од едниот до другиот крај на градот, а притоа не сакаат да го поминат целиот ден чекајќи на семафори во своите автомобили. Honda SH125i е скутер кој никогаш нема да ве изневери, со него сигурно и брзо ќе пристигнете до саканата дестинација, притоа уживајќи во возењето. Можеби изгледот не му е најсилна страна, но нам ни се допаѓа технологијата, управувањето и комфорот. Има одлична потрошувачка на гориво и кочници кои ви ја гарантираат безбедноста, нешто што ќе допринесе да осетите дека го контролирате скутерот и дека сте безбедни. Ете зошто SH125i е најпродаван скутер на Honda.{gallery}sh125i{/gallery}

Општи информации
Модел: Honda SH125i
Година: 2011
Категорија: Скутер
Рејтинг: rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full
Цена: 2.990 €
Мотор и пренос
Зафатнина: 125.00 ccm
Тип на мотор: Еден цилиндар, четворотактен
Моќност: 13.00 HP (9.5 kW)) @ 9000 RPM
Торзионен момент: 11.50 Nm (1.2 kgf-m) @ 7000 RPM
Компресија: 11.0:1
Бензински систем: Вбризгувачки, PGM-FI EFI
Контрола на гориво: SOHC
Палење: Електронско
Систем на ладење: Течност
Пренос: Каиш (V-matic)
Шасија, суспензија, тркала и кочници
Предна суспензија: 33mm телескопски вилушки, 89mm оскино вртење
Задна суспензија: Двојни амортизери
Предна гума: 100/80-16
Задна гума: 120/80-16
Предна кочница: Единечен диск
Дијаметар на предниот диск:

240mm x 4mm еден перфориран диск со комбинирани хидраулични троклипни клешти и плочки

Задна кочница: Единечен диск
Дијаметар на задниот диск: 240mm x 5mm еден диск со хидраулична едноклипна клешта и синтерни плочки
Wheels: U-section 5-spoke cast aluminium
Димензии и капацитет
Тежина: 127.0 kg
Висина на седиште: 785 mm
Вкупна висина: 1,230 mm
Вкупна должина: 2,025 mm
Вкупна ширина: 728 mm
Висина на под: 150 mm
Меѓуоскино растојание: 1,335 mm
Капацитет на резервоарот: 7.50 литри
comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!