11
Нед, Дек
4 нови содржини
Тестови

Тест: Kawasaki Vulcan 1700

thumb_1700_Kawasaki_vulcanОдличниот крузер на Кавасаки познат како VULCAN 1700 Voyager е навистина конкурентен на луксузните крузери, а цената му е на половина од нив. На прв поглед дури изгледа како целосна копија од моделите на Харли: "Electra Glide" или "Road Glide".

Следете нè на:

 

1700_Kawasaki_vulcanKawasaki Vulcan 1700

На мото пазарот и понатаму се чувствуваат лошите ефекти на економската криза, но како и во сите класи, така и во крузинг класата производителите  се трудат да го привлечат вниманието на љубителите на овие мотори и некако да опстојат. Како и секогаш ова не важи за возачите со подлабок џеб кои се во можност да си ги остварат своите соништа. Па кај повеќето изборот е сведен помеѓу моделите на "Harley-Davidson" или пак некој модел од компанијата "Victory" која одлично се покажа во овој сегмент на мотори.

Одличниот крузер на Кавасаки познат како VULCAN 1700 Voyager е навистина конкурентен на луксузните крузери, а цената му е на половина од нив. На прв поглед дури изгледа како целосна копија од моделите на Харли: "Electra Glide" или "Road Glide". Новиот VULCAN 1700 поседува феноменален V-Twin агрегат, опкружен во типична крузерска шасија со отмено и удобно седиште и уште неколку луксузни и корисни впечатливи делови.

Кавасаки на новиот супермоќен V-Twin агрегат ги отфрли сите десни прегради и за замена на нивно место додадоа нешто модерно како што е ладењето на горните цилиндри и 4 вентилската глава. Овој модел највеќе наликува на моделот од Харли "Road Glide Ultra", двата мотора користат голем карактеристичен преден дел со кој возачот е заштитен целосно. Нивната разлика во тежината е само 2 килограми, или поточно 886 и 888 килограми по модел.

1700_Kawasaki_vulcan-1Kawasaki Vulcan 1700

Во продолжение и тест извршен во Америка на моделот за кој говориме

Група на возачи имаа шанса да го тестираат Voyager за кој следува прилог. Имаа шанса да тестираат 4 модели на Кавасаки Вулкан од постоечките 17, тестирани беа моделите Vulcan, Vulcan LT, Nomad и Voyager. Поточно им беа дадени на тестирање моментално најпродаваните крузери од Кавасаки. Поканата од Кавасаки звучеше неодбивна, па така без размислување тест возачите се упатија во Калистога, Калифорнија каде што ги очекуваше дводневна мини екскурзија.

Убавото утро им послужи да се натоварат и со Voyager-ите тргнаа на пат (тестирање) кон југ. Овој мотор е направен за двајца да патуваат без никаков проблем, па така на тестирањето присуствуваше и една сопруга, која воедно ја тестираше и комотноста на сувозачкото седиште. Возачите кои патуваат
на долги релации, посебно со женска придружба знаат каков проблем може да создаде багажот, но Voyager-от има прилично место за доволно багаж и тоа веќе нема да претставува никаков проблем.

Страничните куфери располагаат со капацитет од 38 литри по куфер, додека горниот куфер има капацитет од 50 литри кој го зголемува багажниот простор навистина многу, притоа можете да ставите било каков предмет во него на пример две кациги, еден куп натискана облека, шминки па дури и фигаро за
виткање на коса (ха ха).

1700-Kawasaki_vulcan-2Прекрасен крузер од Кавасаки

Невозможно е кога некој поминува покрај вас да останете незабележани, кога се светлата во прашање овој модел има LED светла и интересно е тоа што од позади на куферот е издизајнирана "V" (VULCAN) буквата од ЛЕД светла така што навистина е невозможно да бидете незабележани.

Во горниот куфер е вклучен и луксузен потпирач за грбот и мал дел за рацете на патникот, кои му даваат комфорт и безбедност. Удобноста на сувозачот и возачот е битен момент на кој треба да се посвети внимание, посебно доколку се љубители на долгите патувања.

Предното седиште на Voyager-от е навистина удобно и изработено од одличен квалитет, одвоено е 72 сантиметри од земјата, папучите се широки и пасуваат
без разлика колкава нога имате.

Кога ќе седнете на овој мотор пред вас ќе имате една убава инструмент табла, која е мешавина помеѓу ретрото и сегашноста, карактеристично за ретрото се четирите округли инструменти за брзина,обртометар,мерачот за гориво и температурата на моторот. Додека она што ќе ве примами на сегашноста дефинитивно е централниот LCD дисплеј, информатор кој покажува просечна потрошувачка на моторот, уште колку гориво преостанува во резервоарот, часовник и во која брзина сте во моментот. Во дното на инструмент таблата се наоѓа дисплејот за менито околу радиото кое има дури и приклучок за iPod.

Останатите ситници се распоредени по левата или десна рачка, на пример на левата страна се наоѓа приклучокот за МР3 плеер, а од десната 12-волтниот
приклучок. Да не заборавиме дека овој модел има два 12-волтни приклучока, вториот е за совозачот кој се наоѓа блиску до него.

1700_Kawasaki_vulcan-3Сите контроли на дофат на раката

Гледајќи го Kawasaki Vulcan 1700 Voyager навистина изгледа величествено. Карактеристичен и својствен, а во меѓувреме претставува класика, со само
еден голем преден фар и два мали покрај него тешко дека ке одолеете на предниот изглед. Класика претставува и самата бојата, која е поделена во
два тона (додека кај моделот на Харли Electra Glide ќе треба да доплатите уште 1000 долари за да го добиете два тона на боја, а пак кај моделот Road Glide не
ни постои ваква опција) блескавата плава металик боја заедно со сребрената.

Надворешноста од агрегатот е одлично завршена со исполирани и контурирани ребра од цилиндарот, а останатитот надворешен дел од агрегатот како воздушната кутија, штитниците на агрегатот, преклопот на вентилите се хромирани.

Овој модел со неговата тежина ќе претставуваат голем проблем при мала брзина да маневрирате со него, на брзина од 10 км/ч моторот е навистина
незгоден и може да ве бутне многу лесно, причината за оваа нестабилност е големата и висока предна гума 130/90-16. Така при наидување на стоп знак
возачот е несигурен и тешко може да одреди на која страна би се навалил моторот, што значи моторот при мала брзина може да предизвика несакани моменти. Кога моторот би го имал некој во сопственост би му препорачале да ги промени пневматиците, особено да внимава на предниот и да стави
пневматик со понизок и поширок профил. Но се ова горе споменатото е минато кога ќе постигнете поголема брзина, на поголема брзина управувањето е толку добро и брзо што дури може да ве зачуди како е тоа можно за волку тежок мотор. При нагло вртење на рачката за гас ќе ја осетите моќта на V-Twin моторот дури и повеќе од очекуваното.

1700_Kawasaki_vulcan-5Достапен и во неодолива црвена боја

Рачката за кумплунг е прилично мека и при тргнување од стоп знак многу лесно ќе забрзате без никаков проблем. Звукот кој ќе го слушнете од бучниот ауспух е пријатен, а во меѓувреме и корпулентен. Вибрациите се културно придушени, но возачот може да ги почуствува ударите на на големите клипњачи. Шестата  брзина е многу долга, најсмирен и економичен момент ќе добиете при 2100 вртежи во минута при брзина од 105 км/ч. Префрлувањето на брзините е тивко и смирено, преку менувачот на брзини кој може да променувате брзина и со врвот од ногата, но и со петата како кај сите крузери.

Возењето на отворен пат со овој мотор е правиот избор, поради големиот преден визир нема да имате потреба од визир на кацигата, доволен е еден обичен шлем како сите возачи на крузери што носат, додека пак кај папучите за  нозете имате дури 4 вида на позиции за поголема удобност.

По жалбите од сопствениците на моделот од 2009 дека Вулкан при возење во топлите денови од самиот мотор шири многу голема и непријатна топлина, па
така кавасаки го решија тој проблем со изорот на топлина преку штитникот кој го пренасочува топлиот воздух подалеку од возачот, ова решение е добро и има ефект се до 30 тиот степен, потоа се соочувате со истиот проблем, топлината од моторот.

Силната предна вилушка од 45мм завршува одлична работа околу амортизацијата, згора на тоа двата амортизера имаат 4 позиции и сигурни сме дека возењето ќе ви претставува задоволство, а вдлабините на патот минато. Друга работа која максимално ќе ве опушти при возењето е гласниот и моќен стерео систем, доволно е јачината на звукот да ја зголемите до половина и ќе ги пеете омилените песни при возењето, за разлика од другите крузери кои
имаат аудио систем, кој при возење мора да го оптеретат до максимум звукот за да можат да слушнат. Музиката што ќе ја слуша совозачот нема да биде баш пријатна за неговите уши, но постои сет и за задни звучници, доколку вашиот совозач е по музиката. Сите контроли за музиката во моторот се наместени на левата рачка од моторот.

Стандарната опрема круз контрол, и сите тие копчиња од десната рачка за промена на брзина итн ќе го зголемат комфорот и уживањето на возачот до максимум. Интересни се и новите трепкачи кои при вртењето со воланот сами се исклучуваат, слично како кај автомобилите, а  можноста при стартувањето на моторот следно што треба да направите е да си го извадите клучот и ставите во џеб и да ви биде на безбедно се до наредното стартување на моторот.

Со доплата од 1100$ може да добиете специјален уред кој ќе ги блокира вашите дискови, односно целиот мотор. Кога сме кај дисковите на нив влијаат екстра квалитетни  Tokico сопирачки и да напоменеме дека има и ABS, па така брзото и рефлексно запирање нема да претставува никаков пролем. Покрај  ABS системот, кавасаки во својот ракав крие уште еден трик наречен K-ACT. Овој уред работи така што го пресметува притисокот со која е стисната кочницата и според брзината и моменталната положба на моторот го насочува правилно притисокот кон десниот или лев диск или пак задниот диск, за рамномерно и брзо кочење без никакви пролизгувања на моторот.

Ако го тргнеме настрана тешкото управување при мала брзина, нема за што друго да се пожалиме. За да го наполните до горе резервоарот ќе ви бидат потребни 20 литри бензин што е доволно да поминете повеќе од 320 килметри со еден резервоар и просечната потрошувачка му е негде околу 5.8 литри.

По сите овие позитивни критики како шлаг на тортата е неговата ниска цена. Цената на ланскиот Voyager е 17,299 американски долари, додека за новиот
модел од 2011 ќе чини само 200 долари повеќе. За да имате еден  VULCAN 1700 Voyager сличен со опрема колку моделот на Харли Road Glide Ultra, ќе треба да платите околу 23 илјади американски долари што е ефтино за ваков туринг модел.

Како за крај да додадеме дека доаѓа со гаранција од 3 години, за разлика од тоа што Харли даваат 2 години а "Victory" само 12 месеци. Па доколку имате во план да купите луксузен крузер со V-TWIN машина измеѓу вашите нозе, едноставно не чекајте Kawasaki 1700 Voyager е вашиот избор, особено кога е во прашање цената на останатите модели во овој сегмент.
comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!