06
Вто, Дек
7 нови содржини
×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/LF400ST

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/LF400ST

Тестови

Наш тест: Wild Wolf 4x4 LF400ST

thumb_LF400ST-1На тест овојпат од Hamachi добивме четвороцикл. Но не било каков, нејќевме да се мачиме со слаби машини, па го возевме "Дивиот Волк". Машина со водено ладење и капацитет од 400цц која развива 24кс, додадете на тоа и 4х4 пренос па добивате идеја што возевме...

Следете нè на:

 

 

LF400ST-1Wild Wolf 4x4 (LF400ST)

На тест овојпат од Hamachi добивме четвороцикл. Но не било каков, нејќевме да се мачиме со слаби машини, па го возевме "Дивиот Волк". Машина со водено ладење и капацитет од 400цц која развива 24кс, додадете на тоа и 4х4 пренос па добивате идеја што возевме. Но да почнеме од почеток, кинеските производители на мотори направија бум на пазарот со евтини скутери и не застанаа на тоа. Го согледаа потенцијалот и на останатите видови на моторцикли, па така веднаш се потрудија да изработат свои верзии и на брзински мотори но и четвороциклите.

ATV (all-terrain vehicle) познат и како Квад или Четвороцикл, по дефиниција е возило наменето за возење по секаков терен. Она што се забележува на прв поглед кај LF400ST се големите тркала кои влеваат надеж дека дефиницијата за АТВ и тоа како важи за него. За успешно да го тестираме "Волкот" го одвезовме по асвалт до земјените патишта на ридовите зад Водно.

LF400STГолеми тркала за кои секаков терен е добредојден

Првите верзии како и секојпат имаат свои мани, но LF400ST веќе е модел кој е во стабилна фаза. Агрегатот за прв пат на пазарот се појави во 2008-ма, па досега се испеглани сите недостатоци. Се работи за четворотактен мотор со водено ладење кој развива 24кс и има зафатнина од 399цц. Четвороциклот има автоматски пренос кој вклучува рикверц, а она што е посебно интересно е дека преносот од 2 на 4 тркала може да се вклучи или исклучи со едноставно притискање на копче.

Импресионираат електронските делови, па така освен префрлањето на преносот, на копче е и сајлата за влечење. Копче кое го имате на самите рачки но и на далечински управувач со кој можете да ја контролирате сајлата и кога не сте качени на четвороциклот. Корисен додаток е и излезот од 12 волти на кој може да се приклучи било каков уред со стандарден конектор (како кај запалка во автомобил).

LF400STАТВ, возило за секаков терен

LF400ST доаѓа со електронски стартер но и рачна курбла која може да се користи по потреба. Менувањето на автоматскиот менувач (паркинг, рикверц, лер и напред) е едноставно и лесно и покрај тоа што збунува поставеноста на самата рачка од левата страна каде се наоѓа и кумлунгот. Со оглед на тоа што во возење немате потреба да ракувате со менувачот можеби е во ред, но сепак делува неприродно.

Кочниците се состојат од дискови на предните и на задните тркала, но целиот состав не влева доверба кога ќе пробате брзо да го запрете чудовиштето кое самото тежи 300кг. Доколку ја додадеме на тоа и тежината на возачот, ќе сватиме дека е потребен систем за кочење на кој ќе можеме да се потпреме во секое време, а не систем на кој ќе се надеваме дека ќе ја заврши својата функција.

Hamachi LF400STHamachi LF400ST

Амортизацијата на моторот е еднаква на предните и на задните тркала, се работи за одлични системи (double wishbone) кои се независни едни со други и нудат стабилно и удобно возење. Не заборавајте дека не треба да претерувате со брзината по нерамен терен бидејќи со секој четвороцикл лесно можете да се превртите. Кај увозникот на Hamachi, LF400ST е деклариран како четвороцикл со две места за седење и покрај тоа што очигледно нема место за сопатник. Технички доколку сакате можете да качите некој зад вас, но самиот четвороцикл од фабрика доаѓа со лепенки кои стрикно забрануваат возење на две лица и предупредуваат на последиците од тоа.

За крај, возењето на Дивиот Волк е забавно. Толку забавно што посакавме неколку дневниот тест да траеше подолго. Моторот има доволно сила да ве извлече од било каква ситуација, а со сајлата за влечење напред и куката на задната страна сигурно ќе можете да го искористите и за попаметни работи од рекреативно возење. Со цена од 3250 евра, Hamachi LF400ST е одличен избор во однос на цената и перформансите кои ги нуди. Моделот може да се погледне во салонот на Хамачи во Скопје, лоциран во близина на Канал 5 телевизија. (контакт тел. 02/20-44-303)

Во продолжение и галеријата од тестот: {gallery}LF400ST{/gallery}Технички карактеристики:

Вид Четвороцикл
Марка Hamachi
Тип LF400ST
Сила на моторот 17.7kw/6000r/min
Работна зафатнинана мотор 400cm
Сопствена маса 300KG
Места за седење 2
Погонско гориво Безоловен
Должина/Ширина/Висина 1993*1093*1120
Осовинска растојание 1233
Дозволено оптоварување на оски /

Дозволени пневматици


25×8-12 / 25×10-12


comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!