11
Нед, Дек
4 нови содржини
Мото клубови

Веспа Клуб Скопје

Томи Младеновски е претседател на Веспа Клуб Скопје, а повод за нашиот разговор со него е неодамнешната посета на Веспа собирот кој се одржа во Ниш.

Следете нè на:

 

vespa klub skopjeВеспа Клуб Скопје

Томи Младеновски е претседател на Веспа Клуб Скопје, а повод за нашиот разговор со него е неодамнешната посета на Веспа собирот кој се одржа во Ниш.

Разговорот со Томи го водиме во Стар Кафе, кафулето според кое е и познат во Скопје. Не интересира се, од тоа како и кога започнала идејата за клубот, колку членови има во клубот, како функционираат, па се до последниот настан во Ниш. Едноставно момците кои го возат култниот италијански бренд се вистински празник за очи при нивните патувања па време беше да одвоиме простор на мотори.ком.мк и за нив.

Кажи ни нешто повеќе за клубот

- Веспа клуб Скопје е локален мото клуб кој ги обединува љубителите на брендот Веспа од главниот град. Функционираат како и секој друг мото клуб во земјава, иако сме релативно нови како официјален мото клуб, благодарение на долгогодишните познанства и заеднички возења имаме повеќе од 45 членови.

IMG 2354Дел од членовите на Веспа Клуб Скопје

Дали има некаков предуслов за да се стане ваш член?

- Клубот не ограничува по ништо друго освен по брендот Веспа, едноставно, без разлика дали имате 20 или 70 години, доколку возите Веспа вие сте добредојдени во ова друштво. Староста на вашата Веспа како и зафатнината воопшто не се важни, се што треба да имате за да станете дел од Веспа Клубот Скопје е желбата за возење и дружење со истомислениците.

Од кога постои клубот и како дојде до идејата за негово формирање?

- Веспа Клубот Скопје е регистриран во 2014 година, но неговите членови се знаат од претходно кога беа дел од Веспа Клубот Македонија. По неколку ситуации во кои едноставно не се најде заеднички збор со претседателот на Веспа Клуб Македонија, на негова иницијатива го оформивме Веспа клуб Скопје. Еве неполна година како постои нашиот клуб, а позитивната енергија која е околу нас придонесува нашето друштво да расте, во квалитет и квантитет.

По што се различни Веспа собирите од останатите мото собири?

- Прво и основно по тоа што ќе најдете само Веспи (се смее), шегата на страна кај Веспа собирите агендата е малку поинаква отколку на „обичните“ мото собири. На Веспа собирот секој учесник мора да биде пријавен, пријавата за учество се плаќа, а секој учесник за возврат добива пакет од организаторот кој вклучува акредитација, сместување итн. По пристигнувањето на собирот домаќинот не сместува, а следниот ден рано изутрина се започнува со парадно возење по сите знаменитости на градот. По заедничкото возење и ручекот следува натпреварувачкиот дел, од спретно возење, до бавна трка и различни други активности во зависност од организацијата. Се доделуваат и награди и пофалници во различни категории, а следното утро сите со заеднички доручек се поздравуваме до следниот Веспа собир.

Каков е вашиот план, дали ќе видиме Веспа собир и во Скопје?

- Да секако! Нашата идеја е веќе следната година да бидеме домаќини на еден Веспа собир кој ќе биде прв од ваков вид кај нас. Веќе размислуваме за деталите, иако има доволно време до тогаш мораме да бидеме подготвени и достојно да го претставиме нашиот клуб и град пред гостите.

Колку собири годишно се организираат на годишно ниво?

- Па само во нашиот регион има 10-на собири во годината. Многу нови клубови никнаа во соседните земји, се појавија Веспа клубови и во помалите градови па добро е што имаме прилика почесто да се возиме и дружиме. Знаете иако многумина мислат дека Веспата е мотор кој не може да ве пренесе до подалечна дестинација, па помалку и скептично гледаат на нашите најави за посета на подалечните собири. Сепак Веспа е докажан бренд кој постои од 1946 година и верувајте, габаритот на моторот воопшто не е пречка да пристигнете до било која дестинација.

Кажи ни нешто повеќе за собирот во Ниш

- Во саботата рано изутрина 8 членови на нашиот клуб тргнаа кон Ниш на собирот кој оваа година го носеше слоганот „Весписти од сите земји обединете се“. Беше возбудливо да се видат сите знаменитости на градот, возевме до концентрациониот логор, го посетивме Црвениот Крст како и препознатливиот спомен парк „Bubanj“ крај Ниш во чест на 70 годишнината од крајот на Втората светска војна. Покрај традиционалниот собир имавме прилика да ги провериме вештините на специјално подготвен полигон како дел од натпреварувачкиот карактер на собирот. Беше навистина возбудливо и пред се чест да се биде дел од околу 50-на истомисленици од кои некои патуваа и повеќе од 500км за да присуствуаат на настанот. На собирот можеа да се видат различни модели од историјата на Веспа, од класични модели како моделот PX па се до современите GTS модели.

Што е следно, каде ќе возите?

Како што споменав и претходно во нашата непосредна околина има многу Веспа клубови, а со самото тоа и собири кои се организираат па би ги издвоил следните:

  • 10-12.07.2015 Beo Vespa - Белград, Србија
  • 14-16.08.2015 Бања Лука, Босна
  • 28-30.08.2015 Канали, Грција

Секако тука е и нај познатиот Веспа настан „Vespa World Days“ на кој планираме да присуствуваме следната година, а се одржува од 2-5 јуни во Сен Тропе, Франција.

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!