06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Како правилно да се одбере кацига?

1.jpg

Дојде и тој ден, после макотрпно собирање и штедење пари за нова кацига, конечно сте спремни да тргнете во шопинг. Но што да се купи е прашањето кое виси во воздух....

 

Следете нè на:

 

Дојде и тој ден, после макотрпно собирање и штедење пари за нова кацига, конечно сте спремни да тргнете во шопинг. Но што да се купи е прашањето кое виси во воздух....

2a.jpg

Сигурно не сакате да дојдете дома, да видите и сватите дека сте згрешиле, како таа кацига сепак вам не ви одговара, како е преголема или пак како ве трие и иритира, како после првата вожња заклучувате дека ви "фучи" од сите страни, како бучавата е неподнослива....

Доколку не сакате таков развој на настанате, а знаење и искуство немате премногу, прочитајте го овој текст и обрнете внимание на одредени делови. Секако ова и не е нешто ново, сето ова можеби и сте го слушнале или прочитале некаде затоа што ова е само еден вкупен збир од мислења, истражувања и собирање податоци, тестови и секако од сопствено искуство. Немојте да направите грешка која многумина ја прават, вклучувајќи ме и мене, прочитатјте го ова, побарајте уште нешто на Google, прашајте пак на форум и на крајот уживајте во новата кацига.

Големина, облик и удобност

Бирањето на кацига би било многу едноставно ако е само прашање на големина и боја. Но на пазарот има многу произведувачи, многу различни модели, така да одбирањето на кацига не е баш едноставно имајќи го плус и прашањето ако тоа ви е и единствената кацига која можете да си ја дозволите. Кацигата треба да биде многу квалитетна, но исто така и совршено да одговара на вашата глава.

Многумина забораваат дека кацигата за да функционира добро, би требало добро да е прилагодена на главата, а тоа не е лесно да се провери, потребно е да се пробаат што повеќе кациги, но и да се поносат одредено време. Иако понекогаш во мото салонот може да ни се причини дека кацигата совршено ни прилега, после само неколку километри возење може да се примети дека тоа и не е баш така. А покрај заштитата, удобноста е уште една важна задача на кацигата. Тоа е потврдено и со познатата студија на Hurt за последиците на сообраќајните незгоди на моторциклистите.

Студијата открива дека една четвртина од незгодите се случуваат без учество на друго лице. Чести примери се излетување, паѓање при јако кочење или пребрзо влегување во кривина. Прашањето е колку до тие несреќи се предизвикани од недостаток на концентрација. Стручњаците не тврдат дека удобноста на кацигите можат да спречат несреќа, но целта е да се направи окружување кое ќе ги намали факторите на деконцентрација и ќе пружа удобност при возењето.

Има неколку клучни фактори за удобност како материјалот од кој е направена внатрешноста кој треба да е удобен према кожата. Поставата, односно јастуците во внатрешноста треба удобно да прилежуваат на главата. А пак внатрешниот облик треба да одговара на обликот на вашата глава. Совршената кацига би била онаа која возачот нема ни да примети дека ја носи. Кај поевтините кациги постојат испакнатини на школката кои се осеќаат преку јастуците и притискаат на осетливите делови на главата што може да предизвика главоболка. Значи на осетливите делови на главата не би требало да има никаков притисок. Копчето под брадата би требало да биде меко, така да не ја гребе кожата на брадата. Визирот треба да допушти што поголемо видно поле и би требало да може лесно да се контролира неговото дигање и спуштање. Не е добро ако кацигата е претопла, но не е добро ни ако пропушта од сите страни.

По зборови на стручњаци, потребно е барем 1 саат возење за да можете да процените дали кацигата ви е доволно удобна, така да се препорачува проба пред купувањето. Со оглед на тоа дека најчесто пробата на улица е невозможна, се препорачува барем 20-30 мин да се поноси кацигата во мото салонот како би можеле да ја доловите удобноста на истата. При пробата проверете дали можете да ја затворите устата без болки и неугодност. Исто така не заборавајте да ја закопчате за да видите дали ви смета копчањето.

Иако ништо не може да ја замени пробата при возење (заради факторите како притисок на ветерот и бучавата) пробајте да импровизирате во салонот и донекаде добиете некој од овие фактори. Препорачливо е и носење на подкапа и тоа од 100% природни материјали, свила или памук. Подкапите се релативно ефтини, и освен хигиенската причина, го намалуваат чувството на студ.

Сознајте го обликот на својата глaва

Иако постојат бесконечно многу облици на човековата глава, сепак може да се поделат во пет главни категории, затоа важно е да до знаете обликот на својата глава и кои модели на кациги се предвидени за тој облик. За среќа многу кациги се достапни во овие пет главни категории. Некои спак можат и дополнително да се доадаптираат со поставување на дополнителни јастучиња, но тука се работи главно за поскапи модели затоа што производителите на поефтините модели гледаат само да изработат интересен и добар надворешен дизајн затоа што тоа се продава подобро отколку удобноста, обликот и намалувањето на бучавата.

Кај поефтините кациги се гледа да кацигата покрие што е можно повеќе целни купувачи, што воедно значи и помала веројатност кацигата добро да ви прилега. Имајте на ум дека не постојат стандарди кои опишуваат облици на главата и внатрешност на кацигата, но некои производители како на пример Arai развива модели за поедини главни категории на облик на главата и за тоа постојат соодветни ознаки.

Тежина на кацигата

Самата тежина на кацигата не игра голема улога што се однесува на сигурноста, иако помалата маса може да се наведе како плус за самата кацига. Поголема улога игра центарот на тежината, така што некоја лесна кацига моше да се процени ко потешка и обратно. Како што веќе наведов, доброто лежење на кацигата е многу важно затоа што така се намалува чувството на тежината на кацигата.

Исто така важна е и аеродинамиката, затоа што со добра аеродинамика се намалуваат ударите и вртењето од ветерот, така да тоа е важно при чувствувањето на тежината. Кога ја споредувате тежината, важно е да се знае и големината на школката затоа што од неа доста зависи самата тежина. Просечно интегралните кациги тежат помеѓу 1400 и 1800 грама. Кога преоѓа 1650 грама тешко е да се сокрие така да тоа се препорачува да е горната граница.

И за крај на разговорот за тежината, мора да се споменат и материјалите од кои се изработува кацигата. Постојат 3 главни материјали - поликарбонат, стаклени влакна (glass fibre)  и кевлар. Поликарбонатот е полесен од фибергласот, но не смее да се бои, ниту пак да се лепат налепници. Стаклените влакна се потешки, но се потрајни и полесни за одржување. Кевлар е изразито цврст и отпорен, со тоа и доста полесен, но секако со тоа оди и повисока цена.

Бучава во кацигата

Бучавата е исто така голем проблем кај кацигите па и на тоа треба да се обрати внимание. Бидејќи како што напоменав многу ретко можно да се добие кацига на пробе пред одење во салон мој совет е да ја посетите web страната на производителот на моделот кој ви е фаворит и да ги разгледате техничките спецификации до детали. Освен купување на што потивка кацига, бучавата можете да ја намалите и со носење на тампони за уши.

Вентилација

За вентилацијата има мислење кое кажува дека таа е исто така важен фактор за удобноста. Не постојат никакви стандарди, ниту пак може да се каже дека некој систем работи подобро од друг, затоа што повеќето работат на принципот - отвор на брадата, на врвот и на задниот дел каде што воздухот изглегува. Како и за бучавата и ова е фактор кој при купување не може да се испроба во салоните туку е потребно возење. Она што може да се види во салоните е достапноста на отворите и леснотијата при отворањето на истите.

Видливост

Иако многумина знаат да кажат дека кацигата го намалува видното поле, доколку повеќето ставите кацига на глава ќе се уверите дека тоа и не е така. Тоа се само изговори за неносење кацига што е погрешно. Речиси сите кациги имаат визир поголем од видното поле, така да за ова не треба да се грижите. Некои кациги имаат и многу широк визир, нешто што е направено првенствено за тркачите заради нивното таканаречено лежење не моторот во свиоците. Доколку возите спортски мотор обрнете внимание и на ова. Доколку ви е изгребан визирот, потребно е да го замените, така да ви препорачувам пред купување кацига да проверите дали има доволно резервни делови кај застапникот за тој модел. Визирот би требало да има заштита од замаглување (anti-fog) затоа што при возење на ладно време или по дожд визирот се замаглува многу.

Боја

Боите се разбира се ваш личен избор, но имајте на ум дека за вашата видливост важен фактор на сигурноста се и боите. Со тоа што вашата кацига е највисоката точка се препорачуваат посветли бои кои ја зголемуваат видливоста и другите учесници во сообраќајот би можеле полесно да ве забележат. Како највпечатлива се предлага портокаловата боја.

Избегнувајте носење на оштетени кациги

Без разлика на тоа што кацигата делува многу цврсто и неуништливо, нејзина примарна функција не е да ги одбие ударите, туку да ги прими и абсорбира. Ова значи дека со кацигата треба да се постапува како со нешто што е кршливо. Доколку на пример кацигата ви паднала може да постане неупотреблива иако тоа на неа не е видливо.

Затоа избегнувајте удари и оставајте ја на места каде нема опасности од паѓање, затоа што како што напоманав паѓање од висина од 1 метар може трајно да ја оштети кацигата. Доколку со кацигата сте имале сообраќајна несреќа, обавезно заменете ја.

Дополнителни погодности

Додатен визир со брз механизам за ставање/вадење, вреќа за кацигата, додатно сигурносно копче за ременчето, рефлективни гелови, внатрешност која се вади и менува, "breath guard", "anti-fog", отпорност на гребење.... се се тоа дополнителни погодности кои влијаат на удобноста на кацигата и сето тоа има своја улога, но секако и цена, па обратете внимание и на овие елементи при купувањето на нова кацига.

Snell

За самиот крај би требало да се спомене и дека треба да се купи хомологирана кацига која поминала неколку тестирања и со тоа е утврдена сигурноста. Постојат разни тестови, но Snell се најригорозните. Кацигите мораат да поминат многу различни тестови за да ја добијат оваа престижна титула, но како такви осигуруваат јако висок степен на сигурност.

2b.jpg

Кога е време за нова кацига? Секако како што е наведено погоре, задолжително доколку сте доживеале несреќа, но и без паѓања и несреќи производителите препорачуваат да се промени кацигата најмногу на секои 4 години. Материјалите во кацигата можат после долго време да изгубат некои од своите својства па со тоа и кацигата да изгуби на сигурност.

Доколку и се ова не ви е доволно, имајте на знаење дека кацигите секојдневно се усовршуваат и унапредуваат така да за неколку години развој на технологијата доведува и до поголем квалитет и сигурност.

Шансите дека за неколку години ќе купите подобра, полесна и поудобна од онаа која моментално ја имате се многу големи, а веројатно и ќе ја платите поевтино одколку сегашната.

Александар Целески
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!