05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Еве едно кратко но јасно видео за тоа како да навлезете во светот на мотоциклите

Често посетувам форуми за мотоцикли и сретнувам многу нови лица кои постојано прашуваат каков треба да им биде првиот мотоцикл што ќе го купат.  Некои од нив немаат ниту дозвола. Еве едно интересно виде кое може да ви послужи како старт.

Следете нè на:

 

Сте се качиле еднаш на мотоцикл и веќе се чувствувате зависни. Комплетно ве разбирам бидејќи и мене ми се случи истото.

Но, немојте да брзате. Морате да разберете дека возењето на мотоцикл не е едноставно само возење наоколу за да ве забележат другите или пак начин да и го привлечете вниманието на некоја девојка.

kako da zapocnes so motor

Прашајте се првин неколку прашања. Зошто сакате да возите? Ако е поради истата причина која веќе ја напоменавме погоре, подобро за вас ќе биде да побарате други алтернативи, бидејќи сигурно ќе направите грешка додека се обидувате да импресионирате некого.

Второто прашање би било каде би возеле најчесто. Овие две прашање ќе ви помогнат во изборот на мотоцикл. Морате да знаете дека мотоциклите се многу поразлични од автомобилите и нема да можете со еден ист мотоцикл да ги исполните сите ваши желби.

На пример, ако планирате најчесто да возите низ град, првата опција би била да купите соголен („нејкед“) мотоцикл, по можност некој понов модел кој има течно ладење во случај да се најдете заглавени во сообраќајот. Доколку пак сакате да одите на подолги релации, најдобра опција би ви била крузер или некој авантуристички мотоцикл кој има комплетна опрема на него.

Листата е долга, но видеото кое можете да го видите подолу ќе ви понуди доволно информации за тоа како подобро да навлезете во светот на мотоциклите.

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!