06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Совети за полесно и поинтересно возење со сопатник

Исполнувам два услова за да го напишам овој текст: Постојано возам и оженет сум со прекрасна девојка која постојано се вози со мене.

Следете нè на:

 

На Џесика и е многу пријатно што има тетовиран сопруг кој има долга коса. Потрошив голем дел од нашите пари на делови за мотоцикл, а таа никогаш не ми кажа ништо во врска со тоа. И се допаѓаат сите мои пријатели и секогаш ни носи пијалок или храна кога сме во гаражата. Плус, таа навистина изгледа добро. Но да скратам. Се оженив со девојката од моите соништа, така?

Џесика исто така сака да вози. Таа имала неколку мотоцикли досега, но многу поинтересно и е кога се вози со мене. Не ја обвинувам. Не сака да вози кога има гужва и мотоциклот го користи само кога оди на некоја нова, интересна дестинација. Среќен сум што ја имам со мене, па затоа научив како да ги направам патувањата поинтересни. Ова не се совети за возење туку стратегии за долги патувања.

Не носете многу работи

Ако патувате двајца, тогаш ќе имате двојно помалку простор, а двојно повеќе работи. Имајте на ум дека вашата сопруга ќе го земе со себе она што решила да го носи. Обично ги делиме куферите – еден за неа и еден за мене- но во мојот обично се наоѓа шаторот, опремата за дожд и алатите.  Веројатно ќе можам да ставам уште само неколку маици и четката за заби. Но тоа не е никаков проблем.

Honda Gold Wing Bike Review 04

Вклучете го и вашиот сопатник во возењето

Обично на мојата сопруга и ја давам мапата или и кажувам по кој пат ќе одиме. Ова овозможува неколку работи. Прво, и двајцата внимаваме на знаците на патот. Тоа ми помага да се сконцентрирам само на возењето, а исто така и Џесика е вклучена во патувањето. Исто така можете да му дадете и друга задача на сопатникот. Често Џесика е задолжена за логистиката. Она треба да се погрижи кога да стигнеме, каде да кампуваме, забавни работи што можеме да ги правиме или каде можеме да направиме пауза. Вклучувањето на вашиот сопатник  ги намалува вашите обврски, а со тоа и притисокот.

Фотографирањето е уште еден дел каде што вашиот сопатник може да допринесе. Повеќето возачи немаат слики од нив како возат. За многу луѓе, ова се драгоцени фотографии. Затоа Џесика е секогаш задолжена за фотографирање. Таа може да ги користи и двете раце за да ја стабилизира камерата или да ги прилагоди сетинзите. Таа прави одлични слики кои јас не би успеал да ги направам доколку возам сам.

Додатоците го прават возењето

И Џон Стадер има прекрасна девојка покрај него и покрај тоа што е грд. Еден од начините со кои успева да ја задржи е со тоа што ја прави среќна. Сакате пример: Џон има потпирач на задниот дел на мотоциклот и Лорен може да се навали. Неговиот мотоцикл исто така има поширок дел за сопатникот.

Бидете флексибилни

Не сте само вие на мотоциклот. Вашиот сопатник можеби ќе мора да оди во тоалет после само десет минути откако последен пат застанавте. Незгодно? Можеби, но ова е физичка активност. Џес има лоши колена. Понекогаш мораме да застанеме само за таа да се истегне. На ова гледам како можност да направам неколку фотографии и да го проверам мотоциклот. Можете да се изнервирате бидејќи нема да стигнете на време или можете да патувате слободно. Изборот е ваш.

gYfPuAv

Подесување на амортизерите

Бидете мрзливи. Не се мачите да го подготвите вашиот мотоцикл за двајца. Видете како ќе се однесуваат вашите амортизери без промена. Ако има проблем, прилагодете ги.

Преземете ја одговорноста за комфорот на вашиот сопатник, особено ако е нов

Овој текст е наменет за оние што имаат долгогодишен партнер за возење, но можеби ќе се најдете во ситуација кога ќе треба да возите некого за прв пат. Тој сопатник е комплетно различен од она на што сте навикнати. Тие мораат сè да знаат, дури и основните работи. Ако ауспухот е во близина на сопатникот, кажете му дека тој е многу жежок. Потсетете ги дека треба да се држат за вас. Исто така и нозете треба постојано да му бидат кренати. Почетниците понекогаш забораваат на овој момент.

Кога некого возите за прв пат, бидете добар мото амбасадор. Опасното возење е интересно, но можеби ќе го уплашите вашиот сопатник. Она што за вас е интересно може да бида страшно за некој што не се возел на мотоцикл. Исто така, добро е да имате и некој знак за да знаете кога да запрете.

Предупредете го сопатникот пред да возите на едно тркало

За ова веројатно не е потребно објаснување

Погрижете се вашиот сопатник да е добро наместен пред да направите нешто. Ако планирам да забрзам за да претекнам некој автомобил, јас ја земам едната рака на Џесика и ја лепам за мене.  Таа веднаш знае што треба да направи следно. На некои од моите мотоцикли со едно седиште, таа има тенденција полека да се лизне нанапред, а со тоа и да ме притисне мене.  Таа знае дека јас само ќе ја поттурнам назад. Така комуницираме.

Concours ride

Потрошете кога е потребно

Често кога се возиме ние двајца, не одиме на некое долго патување. Понекогаш се возиме само од забава или одиме да јадеме. Џесика е одличен совозач. Нерасположена е само кога и јас сум таков. Но доколку времето наеднаш стане лошо или се стемни, одете во хотел.

Забавувајте се

Можеби свучи смешно, но сигурно заборавате на овој дел. Да бидам искрен, повеќето луѓе што возат вака се во врска. Многу е полесно да се скараш со некого со кој не си во врска. На пример, јас многу често го следам мојот инстинкт кога патувам некаде, а Џес се лути ако се изгубиме. Неодамна забележав дека Џес се обидува да остане смирена кога ќе ни се случи тоа. Секој од нас мора да се прилагоди.

За крај. Целата намена на ваквото возење е да уживате. Не заборавајте што сакате и зошто го сакате тоа. Без разлика дали е тоа самото возење или лицето што е со вас.

Извор: revzilla.com

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!