06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Купуваш половен мотор?

znak10.jpgРеши да купиш половен мотор? Еве десет работи кои треба да ги погледнеш пред да се одлучиш за купување.

Следете нè на:

 
Реши да купиш половен мотор? Еве десет работи на кои треба да погледнеш пред да помислиш на купување.

Мотор
zengine.jpg Доколку си во можност провери го маслото (дали е чисто или барем дали има доволно во моторот) и водата/антифризот. Доколку е можно провери го и филтерот за воздух. По ова, стартувај го мотор.. дали пали веднаш и дали работи мирно? Има чад од издувот? Провери дали со вртење на рачката за гас моторот соодветно ги качува вртежите. Има ли чудни звуци, тропање, зуење кое доаѓа од моторот? Дали кумплугот е лесен? Менувачот треба да кликне природно при менување на брзина (не заборавај дека многу мотори имаат електронска заштита која ќе го изгаси моторот доколку се обидеш да го ставиш во брзина кога е спуштен страничниот потпирач). Провери и дали има истечено масло на самиот мотор или траги од рѓа.

Гуми
zguma.jpg Дали се нови? Пристојни? Истрошени? Гумите се многу важен дел од моторот, па не би сакал да треба да одвоиш дополнителни 300-400€ откако ќе го купиш моторот. Погледни дали има мали пукнатини на страничните делови на гумата без разлика колку изгледаат нови. Уште една работа која мораш да ја провериш е датумот на производство. На страничните делови освен марката, моделот и димензиите на гумата, запишан е и датумот на производство кој најчесто започнува со "DOT" па четири бројки. Овие бројки ги означуваат неделата и годината на производство. Пример, "3407" значи дека гумата е произведена во 34-та недела во 2007-ма година. Гумите доколку се чуваат во соодветни услови можат да стојат и повеќе години без да загубат од перформансите, но ова важи само за нови гуми. Гума монтирана на мотор, без разлика на визуелната состојба треба да се смени на 2-3 години кај спортските мотори и 3-4 години кај туристичките. Доколку имаш финансиски можности, менувај ги гумите на максимум две години.

Кочници
zkocnici.jpg Провери ги плочките и види уште колку е останато од нив. Скоро сите имаат изрезбан индикатор кој покажува колку е потрошена плочката. Доколку индикаторот е на минимум, плочките треба да се заменат. Провери ги и самите дискови. Доколку на нив забележиш траги од гребење значи плочките биле толку истрошени што сопирачките клешти гребеле на дискот.

Управување
zracki.jpg Дали предниот дел заглавува во било која точка кога ги вртиш рачките лево-десно? Провери ги каблите, сајлите и истрошеноста на самите рачки, копчиња па и на инструмент таблата. Доколку има средишен потпирач (штендер) навали го моторот на задното тркало и провери дали има било каква луфта на предното тркало.
Провери ја амортизацијата, и провери го задниот дел од моторот.

Вилушки
zviluska.jpgДали семеринзите се во ред (има ли масло на самите вилушки)? Доколку не си сигурен, а моторот кој го гледаш е возен пред извесно време, ќе има прстен од масло и прљавштина на долниот дел од вилушката. Доколку моторот е чист, притисни ја предната кочница и стисни ги рачките надолу колку што можеш неколку пати по ред. Вилушката треба да остане целосно сува, а доколку има макар и мали траги од масло биди сигурен дека наскоро ќе имаш работа на неа. Исто така не заборавај да провериш дали вилушките се прави. Доколку имаат вдлабнатини, гребаници и слично моторот во најмала рака бил лизнат.

Изглед
zyamah.jpg Провери ги детално маските на моторот, не би сакал после еден месец да треба да ги носиш на крпење и фарбање. Доколку купуваш спортски мотор, погледни дали има странични протектори за рамот (frame sliders), доколку нема, барај каде се лепени пластиките. Мотор кој никогаш не паднал е оној кој стои во изложбен салон, нов.

Електроника
zzmig.jpg Провери ги светлата, жмигавците, сирената... долги/кратки светла, индикаторите на инструмент таблата, стоп светлот... провери се!

Резервоар
zrez.jpg Задолжително отвори го резервоарот и провери дали е чист внатрешно. Рѓосана внатрешност значи дека во најмала рака ќе треба често да го менуваш филтерот за бензин (читај непотребни нервози и одење пеш). Провери го и капачето на резервоарот, дали нормално се отвора и затвора? Лошо капаче за резервоар може да создаде вакум па моторот да не запали се додека не го отвориш и затвориш капачето повторно. Ништо страшно доколку знаеш дека е тоа проблемот, но лошо кога ќе те остави на среде пат без никој околу тебе.

Ланец
zchain.jpg Дали е затегнат или лабав ланецот? Повеќето мотори треба да имаат 1-2цм луфта кај централниот дел од ланецот. Провери и дали е сув или подмачкан. Провери ги ѕвездите, дали и колку се изедени? Истрошени или скршени запци на ѕвездата значи дека таа веднаш треба да се промени. Кај ланците индикатор за истрошеност се и гумичките на секоја алка од ланецот.

Дали ти одговара?
zfat.jpg Провери дали тој мотор е соодветен за тебе. Седни на него и осигурај се дека можеш да го држиш моторот стабилно. Возењето на моторот треба да биде уживање, доколку си премногу згрбавен, едвај ги дофаќаш рачките, или пак асфалтот го допираш само со прстите на ногата, побарај мотор кој ќе ти прилега и на кој со гордост ќе се возиш..


За крај не заборавај дека е најдобро да направиш тест возење. Повеќето сопственици нема да ти дозволат, но можеш да се нагодиш со нив. Понуди им да ги чуваат парите додека го пробуваш моторот, така сопственикот нема да се секира дали ќе паднеш. Во краен случај побарај да те повозат на моторот. Ќе осетиш дали мазно развива брзина, дали менувачот е тивок и дали кочниците функционираат како што треба.

Кога ќе одиш да го гледаш моторот, доколку не познаваш човек кој има искуство со мотори испечати го текстов, подобро да читаш пред да го купиш моторот, отколку потоа да читаш "10 работи кои треба да ги направиш за да го продадеш моторот".
comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!