05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Колку често треба да го менувате маслото во мотоциклот?

Клучни информации за да утврдите кога треба да го промените маслото во вашиот мотоцикл

Следете нè на:

 

Сите знаеме дека маслото е од клучно значење за нашите мотори. Тоа е едно од најважните компоненти без кој не би функционирал вашиот мотоцикл.  Кога го знаете овој факт, нема да се изненадите кога ќе дознаете дека голем дел од возачите премногу често го менуваат маслото.

Не е лошо доколку маслото го промените порано, но денес ќе ви покажам дека тоа може да потрае многу подолго отколку што мислите и на тој начин да заштедите пари. Се надевам дека овој текст ќе ви даде одговор на прашањето: „Колку често треба да се менува маслото?“

oil change beakerКолку често го менувате маслото во мотоциклот?

Зошто го менуваме маслото

Расипување на маслото: Секое масло ќе се расипе со тек на време. И покрај тоа што има многу фактори што го предизвикуваат тоа, главен виновник е топлината која се создава при согорувањето. Кога е подложено на голема топлина, маслото почнува да испарува.

Загадување на маслото: Има три начини преку кои се загадува маслото и тие се: Прашината која влегува преку филтрите за воздух, триењето меѓу металите како и процесот на согорување кој предизвикува киселост на маслото.

Знам дека ова звучи лошо, но пред да отидете и да го промените маслото, прочитајте зошто нема потреба да го направите тоа.

maslo motorДобро е да го проверувате нивото на маслото во мотоциклот

Најновата технологија го чува нашиот мотор

Кога веќе го прочитавте текстот погоре, сигурно си мислите дека маслото се соочува со многу работи. Но во изминативе години, лубрикантите значително напреднаа. Најновите и најдобрите синтетички масла за мотоцикл се направени да ги издржат сите работи. Ајде да видиме како денешните масла го чуваат нашиот мотоцикл.

Старите и ефтини моторини масла веднаш се расипуваат. Тие се многу послаби од минералните масла кои можат да издржат поголема топлина. Со високо квалитетните моторни масла можете без проблем да поминете 6-7 илјади километри. Тоа е така бидејќи тие се направени специјално за таа намена во лабораторија.

Најдобар начин да го заштитите маслото од загадување е да ги спречите честичките да влезат во моторот, односно треба да обрнете внимание на филтрите за воздух. Квалитетен филтер за воздух ќе ги спречи честичките да влезат во моторот.

Но постојат уште два загадувачи кои се наоѓаат во моторот.  Како да ги спречиме нив? Одговорот е дека не можеме. Маслото го прави тоа место нас.

bike oil change leadПромената на квалитетно моторно масло се прави на 6-7000 км

Ситни метални делчиња влегуваат во маслото поради триењето на металите кое се случува. Ова е многу често кај постарите масла, особено за време на палењето. Старите масла ќе се најдат на дното на резервоарот, а тоа значи дека кога ќе сакате да го запалите мотоциклот, моторот нема да има никаква заштита.

Но тоа не е случај со новите масла.  Тие се дизајнирани да функционираат на тој начин што оставаат тенок слој на масло врз деловите на моторот за тој да биде заштитен при процесот на палење. Уште поважно е дека овој слој ќе остане врз деловите неколку дена. Тоа значи дека доколку го користите како што треба, нема да има никакво триење.

Последниот загадувач се би-продуктите кои настануваат при согорувањето. Вашето масло може делумно да го спречи нивното влијание, но исто така и други компоненти треба да се погрижат за нив, особено клиповите и системот за филтрирање. Синтетичките масла прават неколку работи меѓу кој е и неутрализирањето на овие би-продукти .

Важна компонента - филтрите

Без разлика каква заштита имаме, ќе се појават некои честити за кои ќе треба да се погрижиме. И покрај тоа што адитивите во маслото го спречуваат контактот на честиците со компонентите на моторот, тие сепак мораат да се отстранат. За тоа е важен системот за филтрирање. Филтерот за масло ќе собере голем дел од честиците и веднаш ќе ги неутрализира.    

oil change 4Филтерот за масло го спречува контактот на честиците со компонентите на моторот

Одбирање на добар, квалитетен филтер. Ќе ми требаат многу страни за да ви ги објаснам различните видови на филтри и како тие функционираат но мислам дека производителот на мотоциклот го земал тоа во предвид кога го произвел мотоциклот. Јас би ви предложил да користите фабрички филтри.

Колку често треба да го менувате маслото?

Едноставно, следете го упатството на производителот.  Сигурно ви е јасно дека денешните масла и филтри се дизајнирани за да го заштитат вашиот мотор. Знаејќи дека производителот на мотоциклот сигурно ги земал во предвид честиците како и расипувањето на маслото, слободно можеме да кажеме дека вашиот мотор ќе биде заштитен се до датата која е наведена во упатството и кога ќе треба да го смените маслото.

Но ова е точно само во случај да користите квалитетно масло и филтри. Како и за повеќето работи, квалитетот зависи од цената. Високо квалитетните масла ги имаат сите потребни атрибути кои ќе се погрижат вашиот мотор да биде заштитен. Исто како и со пневматиците. Ако купите евтини, нема да траат долго. Ако сакате најдобра заштита, купете квалитетно масло и филтри.

Проблем ли е доколку го сменам порано маслото?

Секако дека не е. Јас само сакам да кажам дека нема потреба да го менувате порано. Маслото и филтрите многу напреднаа во изминативе години. Новите лабораториски масла ќе се погрижат вашиот мотор да остане безбеден.

Но ако ја погледнете поголемата слика, маслото и филтрите не се премногу скапи. Ако сакате да ги промените порано, нема никаков проблем. Без да го тестираме маслото, неможе да знаеме во каква состојба е. Нема ништо лошо во тоа ако сакате да бидете претпазливи.

Исто така, ако вашиот мотор е навистина моќен, јас дури и би ве охрабрил почесто да го менувате маслото.

За крај

Се надевам дека овој текст ви помогна да разберете вашиот мотор е безбеден поради денешните квалитетни масла и дека честото менување воопшто не е потребно.

motul advisorМотул на својот веб сајт нуди одлична алатка за пронаоѓање на вистинското масло

Доколку се прашувате колку често треба да го менувате маслото, би ви кажал дека можете да го правите тоа кога сакате, но не претерувајте. Проверете го препорачаниот интервал на производителот, така на пример Motul на веб сајтот има апликација преку која можете да добиете препорака за типот на маслото кое одговара на вашиот мотоцикл и интервалот на промена. 

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!