05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Сè за кацигите: Зошто е важно да ви одговара големината?

Колку и да звучи едноставно, одредувањето на соодветната кацига може да биде предизвик. Ова упатство ќе ви помогне да ја изберете вистинската.

Следете нè на:

 

Како да знаете дали вашата кацига ви одговара?

Колку и да звучи едноставно, одредувањето на соодветната кацига може да биде предизвик. Ова упатство ќе ви помогне да ја изберете вистинската. Ова не е упатство за избирање кацига ниту пак објаснување како таа функционира. Целта е да ја откриеме мистеријата за тоа како треба да ви стои вашата кацига и да ви обезбедиме инструкции.

Методологијата се базира на наука и е поддржана од DOT безбедносните стандарди. Не зависи од тоа каков мотоцикл имате, како возите или од тоа колку години сте возач.

lazer proper fitting motorcycle helmet 03Дали вашата кацигата е со соодветна големина?

Зошто е важно да ви одговара кацигата?

Пред да продолжиме понатаму, ајде да разгледаме зошто е важно правилно да ви одговара кацигата. Вашата кацига пред се е безбедносен уред. Всушност, таа е една од најстрого регулираните безбедносни уреди кои се поврзани со вашиот мотоцикл. Сертификатот DOT FMVSS 218 ги истакнува задржувањето на кацигата (таа да остане на вашата глава), пенетрацијата на кацигата (да ги запре работите да не ја повредат вашата глава) и заштитата од удар (да ја апсорбира енергијата при удар за да не се повреди вашиот мозок). Сето ова е добро, така?

Но еве го важниот дел. DOT исто така ја регулира и големината на кацигата и во FMVSS 218 јасно стои дека тестовите се валидни само во случај кога кацигата е во соодветна димензија. Токму така. Ако вашата кацига не одговара на вашата глава, тогаш гаранцијата не важи. Исто како и воздушното перниче во автомобилот кое може да ви го спаси животот, исто така може да биде смртоносно за мало дете кое се вози напред. Вашата кацига може правилно да ве заштити само доколку одговара на вашата глава.

Покрај безбедноста, многу од работите кои се дизајнирани во вашата кацига, се базирани врз основа на специфична големина. Вентилацијата, звучната изолација па дури и визирот се базираат на тоа дека одредени делови од вашата глава и лице ќе бидат на одредено место. Ако тоа не е така, тогаш можеби ќе бидете разочарани од вашата кацига.

Основни чекори за ставање на нова кацига

Како да одредиме дали одговара кацигата? Подолу има неколку правила. Овие правила се за „full-face“ кациги, но истите принципи може да се искористат и за отворените или кацигите на преклоп.

  • Почнете со мерење на обемот на вашата глава, а потоа изберете ја соодветната големина од листата на производителот. Овие големини се базираат врз основа на прописите на DOT.
  • Новата кацига треба да биде припиена на секој дел од вашата глава што би бил покриен доколку носите капа за бејзбол.
  • Таа треба да биде лесно притисната, но тоа не треба да создава болка. Во тоа е вклучено и челото, задниот дел од главата и темето. 
  • Кај нова кацига, треба да има слаб притисок од двете страни на вашето лице, особено околу образите. Притисокот можеби ќе ви направи да се чувствувате малку непријатно, но тој не треба да ви создава болка. Не треба да можете да џвакате мастика и нема да можете да зборувате разбирливо. 

baseball capКацигата треба да биде удобна на означениот дел од вашата глава

Ако вашата нова кацига ги исполнува овие услови, тогаш таа ви одговара. Едноставно е, нели? Ако не ги помине сите овие тестови тоа е поради тоа што кацгата не е во соодветната големина или погрешно сте ги измериле димензиите на вашата глава. Во видеата на YouTube за тестови на кациги често можете да слушнете како зборуваат за кациги кои се округли, средно овални и долго овални. Што значат овие термини? Како да дознаете која е вистинската за вас?

Измерете ја должината и ширината на вашата глава. Сигурно ќе ви спаѓа во некоја од овие три облици. Ако вашата глава е претежно округла, а вашите уши се одвоени исто колку што ви е долга главата, тогаш имате округла глава. Ако вашата глава е малку подолга отколку што е широка, а вашите уши се малку поблиску, имате средно овален облик на глава. Ако вашите уши се малку на косо а вашата глава е издолжена, тогаш имате долго овален облик на главата. За да го одредите обликот, сликајте ја вашата глава, одозгора па надолу.

oblik na glavaЗа да го одредите обликот на вашата глава направете слика од горната страна

Кога веќе го знаете ова, еве што да направте доколку кацигата не помине некој од тестовите што ги споменавме претходно:

  • Ако кацигата не е припиена околу горниот дел на главата, тогаш школката и горниот дел од кацигата се преголеми за вас. Тогаш сте кандидат за помала кацига. Доколку пак кацигата ве притиска, тогаш треба да побарате еден број поголема.
  • Ако кацигата ве притиска на челото, тогаш нејзиниот облик е премногу округол за вас.  Побарајте кацига која е малку накосена, или средно или долго овална. Ако притисокот е на темето или по страничните делови од главата, или пак ако чувствувате болка во задниот дел од главата, обликот на кацигата е премногу накосен за вас. 
  • Ако вашите образи не се воопшто притиснати (а кацигата ги поминува првите два теста), ќе треба да нарачате потенки влошки за образите. Ако вашите образи се силно притиснати и чувствувате болка, отстранете ги влошките и притиснете ги со нешто тешко. Ако и ова не ви успее, секогаш можете да нарачате потенки влошки за образите.

Еве и неколку работи што не треба во никој случај да ги правите:

  • Никогаш не земајте поголем број на кацига за да компензирате за различниот облик на главата. Ако имате специфични точки на притисок, единственото безбедно решение е нова кацига.
  • Никогаш не земајте поголема кацига за да добиете повеќе простор кај образите. Обидете се да ги притиснете влошките. Ако тоа не ви успее, купете потенки влошки.

Без разлика дали возиш Suzuki GSX-R1000 или Harley-Davidson Road King, ти се занимаваш си визички напорна активност. Твојата кацига е атлетска опрема. Имајте го секогаш тоа на ум.

kaciga obraziКацигите и главите доаѓаат во различни големини и форми

Чести заблуди кога ставате кацига

Ми треба поголема кацига за да ми ги собере очилата. Не, ти требаат очила кои ќе ти ги собере во кацигата. Кацигата треба да заштити се што ти е над вратот. Многу е потешко правилно да ја наместите кацигата на главата отколку да ги наместите очилата.  Сосема е разумно да се купат ефтини рамки за очила специјални за возење мотоцикл. Доколку имате леќи, тогаш носете ги нив.

Ми треба поголема кацига за да ми го собере репчето.  Пуштете го репчето надолу.

Ми треба повеќе простор кај образите за да можам да јадам, пијам, пушам додека ја носам кацигата. Особено популарно кај лицата што носат флип-ап кациги, ова е исто така смешно барање. Жртвување на безбедноста за да се добијат неколку секунди плус е исто како да сакате да носите пераи за време на целиот одмор.

Кацигата не ми одговара бидејќи ми ги спушта надолу ушите. Сте виделе ли некогаш дете кога мора да облече нешто што навистина не сака да го носи? Ова е нешто слично на тоа. Извлечете ги ременчињата кога ја ставате кацигата. Тешко ќе ја наместите, но тоа е добро. Колку потешко ја навлекувате кацигата, толку се помали шансите таа да се олабави при пад. Доколку имате големи уши, тогаш ќе треба малку повеќе да вежбате за да се научите како да ја ставате кацигата без притоа да ги искривите ушите. Да бидам искрен, ќе треба малку да се потрудите за правилно да ја наместите кацигата. Можеби ќе прашате зошто да не земете поголема кацига? Одговорот е: Повеќето луѓе не доживуваат судар додека ја местат кацигата. Затоа подобра идеја е да ја наместите правилно.

stavanje kacigaПравилен начин за ставање на кацига

Ми се допаѓа изгледот, бојата, цената на оваа кацига. Затоа ќе земам помал/поголем број и ќе ја променам навлаката во кацигата. Ако кацигата не ви одговара перфектно на вашата глава, менувањето на навлката не е решение на проблемот. Тоа е за удобност, не за заштита. И нема да ја заштити вашата глава при судар. Без разлика на цената или на бојата, прв приоритет треба да ви биде дали соодветно ви одговара.

Кацигата е премногу тесна бидејќи ми ја поти главата. Мотоциклизмот бара соодветна физичка подготовка. Составен дел од овој спорт е потењето. Ако носите поголема кацига, главата нема да  ви се поти помалку. Носење на соодветна кацига ќе му дозволи на воздухот да струи правилно. Поголема кацига може да го попречи струењето и да го редуцира протокот на воздух.

Секогаш сум носела голема кацига, затоа не треба да носам со средна големина. Секогаш треба да почнете одново кога пробувате нова кацига.  Вашата претходна кацига можеби била во погрешна големина.

Ми треба поголема кацига бидејќи мојата брада го допира штитникот за брада. Ова речиси и да има смисла, но допирањето на штитникот не секогаш значи дека ви треба поголема кацига. Штитникот е дизајниран за да го заштити вашето лице. И покрај тоа што е потребен заради безбедност, на многу возачи им е одбивен. Доколку ви смета, побарајте кацига во која ќе имате повеќе простор напред.

Продавачот ми кажа дека оваа кацига ми одговара. Во совршен свет, лицето кое ги продава кацигите би имал соодветен тренинг за таа работа. Но за жал, не е секогаш така. Во некои продавници за мото опрема кај нас, продавачите имаат посетувано обука од производителот на кацигата но не во сите. Послушајте го советот на продавачот, но одлучете сами.

Сигурно не сум тој број на кацига (мала, средна, голема) бидејќи имам (висина и тежина). Вашата големина на кацига нема никаква врска со димензиите на вашето тело. Можеби сте висок два метри и имате 90 килограми и пак да ви треба мала кацига. Мажите може да имаат помали глави од жените. Децата може да имаат поголеми глави од родителите. Единствено што е важно е обемот на вашата глава.

Кацигата не е добра бидејќи чувствувам болка кога ќе ја удрам главата. Кацигите не спречуваат да чувствувате болка при удар. Тие го штитат вашиот мозок од повреда. Лоша вест кај кацигите е тоа што ако еднаш ја оштетите, ќе мора да купите нова кацига.

Сакам малку повеќе простор во кацигата. За жал, физиката не ја интересира што сакате вие. Ако се решите да носите кацига која не ви одговара, тогаш таа нема да си ја заврши работата при удар. Повеќе енергија ќе се префрли на вашата глава и вие ќе ја платите цената.

Старата кацига ми беше многу поудобна од новата, затоа сигурно ми треба поголем број. Сигурно не се сеќаваш, но старата кацига ти била многу потесна отколку што е сега. Со тек на време, таа се шири за речиси 20%.

Не сум тркач, па затоа не ми треба кацига по правилни димензии. На физиката не и е битно дали си тркач или не. Да кажеме дека се движиш по улица и одеднаш ти откажуваат рацете и нозете. Ако се удриш со главата директно на тротоарот, големи се шансите дека ќе умреш. Ако возиш и 20 километри на час, не носиш кацига и паднеш на истото место, без разлика дали возиш скутер или брзинец од 1000цц, повредата ќе биде еднакво лоша.

Јас сум сопатник па затоа во ред е ако мојата кацига е малку полабава. Прочитајте го аргументот што беше погоре. На патот не му е битно на кое седиште си ти.

Јас сум стар. Не ми е потребна непријатна кацига. Исто така прочитајте го повторно аргументот што беше погоре. Патот нема да ви попушти бидејќи сте постар.

Погрешен е бројот на кацигата бидејќи така ми кажа мојот роднина. Освен ако вашиот роднина не работи во фондацијата SNELL, експертот за кациги можеби и не е некој добар експерт. Прашајте го каде го научил тоа.

Сакам кацига за моето дете со која ќе може да порасне. Кацигите мора прописно да одговараат за да бидат безбедни. За жал тоа значи дека ќе морате постојано да му купувате кацига на вашето дете се додека тоа не престане да расте. Моциклизмот е одличен спорт кој ги учи децата на самодоверба и посветеност, но тој не е ефтин.

Подобро е да носам било каква кацига отколку да не носам. При судар, разликата при трансферот на енергија кај прописна и непрописна кацига може да значи дали ќе поминете со помали повреди или со потешки. Секако дека било која кацига е подобро отколку да не носите ништо, но тоа не кажува многу.

Се надевам дека овој водич ви одговори на неколку прашањата и ве инспирираше да ја најдете најдобрата кацига која ќе одговара на вашата глава. 

http://imgix.revzilla.com//blog_content_image/image/25230/cheeks.jpg?fit=max&h=623&w=1349&auto=format&or=0

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!