11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Нема доволно луѓе како нас и не возиме онолку колку што треба

Луѓето како нас се ретки. Можеби тоа прави да се чувствуваме посебно, но не секогаш тоа е добро.

Следете нè на:

 

Колкумина од вас се самохрани родители? Веројатно не многу, така? Самохран татко се уште е многу ретко.  Во САД има повеќе семејства кои што се само со еден родител отколку семејства кои имаат мотоцикл.  Луѓето како нас се ретки. Можеби тоа прави да се чувствуваме посебно, но не секогаш е добро.

Проблемот на малцинството

Мислам дека многу од проблемите со кои се соочуваме се поврзани со тоа што не има малку на број.  Од луѓе кои не гледаат каде возат до политичари кои комплетно забораваат на нас кога одлучуваат колкав процент на етанол треба да има во бензинот што го купуваме. На ова помислив минатата година кога се пробивав низ еден автопат со осум ленти во близина на еден голем град на источниот брег. Беше период кога има најмногу гужва, а дополнително на тоа имаше и сообраќајна незгода. Имав доволно време да видам како автомобилите се движат непречено во спротивниот правец. Тоа беше убав летен ден и не можев да се замислам во автомобил.  Но, беше очигледно дека јас сум малцинство во таа ситуација. Затоа решив да направам еден експеримент. Почнав да бројам колку автомобили и мотоцикли ќе поминат во спротивниот правец пред да видам мотоцикл. Во еден момент избројав речиси 500 возила пред да видам мотоцикл.

052312 2012 harley davidson night rod specialНема доволно луѓе како нас и не возиме онолку колку што треба

Да бидам поспецифичен, неодамна слушав еден семинар на интернет кој беше спонзориран од „Powersports“ магазинот. Претседателот на „Motorcycle Industry Council“, Тед Буше, кажа некои информации за мото индустријата, вклучувајќи го и фактот  дека само малку повеќе од 8.5 милиони семејства имаат мотоцикл. Повеќето семејства имаат мини комбиња отколку мотоцикл.  Ние сме толку малку што не е ни чудно дека не забораваат. Има неколку семафори во близина на мојата куќа кои не знаат дека и јас чекам да стане зелено. Тие едноставно не се програмирани да декетрираат нешто помало од два тона.

Правиме да ни биде полошо бидејќи не возиме

Сами сме виновни за ова бидејќи не возиме толку често. Буше спомна уште еден податок кој ми го привлече вниманието. Просечно, минатата година биле извозени 2809 милји. Тоа е помалку од 250 милји месечно. И покрај тоа што има 10.1 милион мотоцикли низ државата, според официјалните бројки, повеќето од нив седат паркирани во гаража. Но има уште еден проблем. Поранешниот колумнист на магазинот „Rider“, Лоренс Гродски, им велеше на неговите студенти: „Дајте ми пет.“ Со тоа мислеше да се извозат 5000 милји годишно. Тој мислеше дека ако не возиш толку годишно, твоите сетила ќе бидат зарѓани. Колкумина од нас постојано возат автомобил и очекуваат да бидат во форма само со возење мотоцикл еден или два викенди месечно?

Одговорот? Не го знам

Знам. Сега кога го идентификував проблемот, би требало да понудам решение. Извинете, навистина не знам.

Дали ќе ни беше подобро ако не имаше повеќе? Секако. Но, за ралика од Лени, јас не сакам на никого да му го променам мислењето. Сакам само да дадам позитивен пример дека возењето е забавно. Одговарам на секое прашање што ќе ми го постават.  Сум им помогнал на многу луѓе кои не возеле претходно но само поради тоа што побарале помош од мене. Иницијативата мора да дојде од нив, не од мене, бидејќи ако не оди се според планот, не сакам да бидам одговорен.

Веројатно најблиску што можам да дојдам до одговор е да ги охрабрам оние што возат, да возат повеќе. Не само рекреационо возење, туку секојдневно. Повеќе ќе не забележуваат на патот и ако возиме внимателно, ќе бидеме подобри, побезбедни возачи.

Навистина, тоа не ми звучи како нешто лошо.

Автор: Ленс Оливер, уредник на revzilla.com

 

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!