11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Неосигуран мотор

Осигурителните компании не ги покриваат трошоците за сообраќајна несреќа со мотор до 50 кубици, ако сопственикот не ја обновил осигурителната полиса. Во случај на сообраќајка со некое вакво моторче, надомест за претрпената штета може да се бара само со приватна тужба..

Следете нè на:

 

Осигурителните компании не ги покриваат трошоците за сообраќајна несреќа со мотор до 50 кубици, ако сопственикот не ја обновил осигурителната полиса. Во случај на сообраќајка со некое вакво моторче, надомест за претрпената штета може да се бара само со приватна тужба.
Во осигурителните компании објаснуваат дека тие немаат обврска да покриваат штета во сообраќајна несреќа предизвикана од вакво возило, доколку тоа не е осигурено.

"Ако моторот до 50 кубнисантиметр е осигурен, а годишното осигурување за овие возила е 800 денари, тогаш ги покриваме штетите. Но ако моторот не е осигурен, немаме обврска да ги покриеме штетите. Оштетениот во ваков случај надомест може да бара само со приватна тужба", вели Перо Николовски, раководител на одделението за осигурување во осигурителната компанија "Вардар".
Тој објаснува дека моторите со зафатнина до 50 кубни сантиметри не подлежат на редовен технички преглед и немаат обврска еднаш годишно да го обновуваат осигурувањето.

"Ваквите возила при регистрацијата се осигуруваат и една година сигурно имаат полиса. Но по истекот на таа година, бидејќи не одат на задолжителен технички преглед, каде мора да се покаже осигурителна полиса, може да се осигураат, но може и да не се осигураат. За разлика од нив, за возилата што подлежат на редовен технички преглед дури и да им е истечена полисата за осигурување имаме обврска да ги покриеме штетите, а парите ги враќаме со регрес при следното склучување на полиса", вели Николовски.

Бошко Андов, генерален менаџер на осигурителната компанија "Кјуби Македонија", вели дека и нивната компанија не исплаќа штети во несреќи со мотоцикли и мотори до 50 кубни сантиметри, кои не ја обновиле полисата за осигурување, бидејќи се такви законските одредби.

"Ваквите моторчиња може да направат многу штети, особено ако удрат пешак, бидејќи развиваат брзина и до 45 километри на час. Но ако не го продолжиле осигурувањето откако првото им истекло, ние не можеме да ги примиме како неосигурени возила и да ги покриеме штетите, бидејќи немаат законска обврска да се осигурат", вели Андов.

Во Министерството за внатрешни работи велат дека ваквите тврдења од осигурителните компании не се точни и дека и мотоциклите до 50 кубици задолжително треба да се осигурат. Од таму објаснуваат дека техничкиот преглед и осигурувањето на возилото не треба да се врзуваат, бидејќи ослободувањето од редовен технички преглед не значи дека се ослободени и од обврската да се осигурат.

"Никаде во Европа не се прават редовни технички прегледи за мотоцикли до 50 кубици метри, никаде во светот осигурувањето и техничкиот преглед не одат заедно. Кај нас тоа е остаток од минатото, кој наскоро ќе треба да се реши, односно со новите законски одредби осигурувањето за возила нема да се издава во станиците за технички преглед, туку ќе оди преку брокерски куќи", велат во МВР.
Од Министерството објаснуваат дека полицајците проверуваат дали сопствениците на мотоцикли имаат осигурување, но тоа во приоритетите им е на последно место, бидејќи најважна им е безбедноста на учесниците во сообраќајот. "Тоа што го кажуваат осигурителните компании е финта за да не исплаќаат отштети. Не може некој само да седи во канцеларија и да чека полицијата да му ја заврши целата работа", велат во МВР.

Според податоците на МВР, бројката на нерегистрирани возила во земјава се повеќе се зголемува. Ако во претходните години имало 350.000 регистрирани возила, лани биле регистрирани 284.247 возила. Лани биле регистрирани 3.442 мотоцикли и велосипеди со мотор до 125 кубни метри, а посебна евиденција за мотори до 50 кубни метри МВР не прави.

Извор: "Време

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!