11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Предлог измени на законот за сообраќај, се воведува А2 категорија

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е започната постапка за донесување на нов Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Следете нè на:

 

МВР со предлог текст на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Според новиот предлог на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за мотоциклите ќе се воведе нова категорија A2. Промената на категориите која треба да стапи во сила од 2017 година е според следниот предлог:

Член 301

  • (2) Во категоријата „AM“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
  • (3) Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw исоодносoт на јачината на моторот и масата на возилото ненадминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
  • (4) Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка  сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
  • (5) Во категоријата „А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.

Следствено, доколку поседувате некоја од наведените категории, ќе можете да управувате и со категориите под неа:

  • (19) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „А1“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“.
  • (20) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“, „A1“ и „А2“.
  • (21) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A2“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“ и „A1“.
  • (22) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“ и националните категории „Ф “ и „Г“.
  • (23) Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „Б“ може да управува и со трицикли и четирицикли чија јачина на мотор не поминува 15 kw откако ќе наполни 21 година.

Член 272

(2) Минимална возраст за управување со возило за одредени категории е:

  • - 16 години за управување со моторни возила од категориите: „АМ“ и „А1“ и националните категории „Ф“’ и „Г“,
  • - 18 години за управување со моторно возило од категориите: „А2“,  „БЕ“, „Ц1“ и „Ц1Е“,
  • - 21 години за управување со моторно возило од категориите: „А“, „Ц“,„ЦЕ“,„Д1“ и „Д1Е“

(6) Право на управување со моторно возило од „А“ категорија може да стекне возач по навршени 21 година кој две години поседува возачка дозвола од категоријата „А2“ или лице со навршени 24 години возраст.

Според сегашниот закон најрана возраст за управување на мопед е 14 години, според новиот предлог тоа ќе биде 16 години, возраст на која може да се добие и А1 категорија. Новитет е А2 категоријата која ќе се издава на лица со наполнети 18 години, а целосната А категорија ќе може да се добие на 21 година.

Член 403

Запишувањето на категориите „АМ“, „А2“ и „Т“ во возачката дозвола ќе се врши започнувајќи од 8 април 2017 година.

Од останатите промени издвојуваме:

Член 99

(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. 

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска согласно ќе му се издаде, на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Претходно казната за не носење на кацига беше 35 евра или 15 казнени поени за возачот и 20 евра за совозачот

Член 341

(1)Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот кога:

- ќе ги затече возач да управува со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл и лицата кои се превезуваат и кои со себе не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот.

 

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!