11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Совети за возење на мотоцикл во лоши временски услови

Прва работа што луѓето ја помислуваат кога временските услови ќе се влошат е „ова е гнасно време“ и затоа нема да се возам... но тоа не треба да е така. Очигледно тука не станува збор за снег и мраз, но возењето на мотор на влажно време може да биде повеќе едукативно отколку возење во суви временски услови.

Следете нè на:

 

Сето тоа зависи од Вашата гледна точка, ако чашата е половина празна или половина полна е исто како дали возењето во лоши временски услови може да претставува задоволство или не. Исто така зависи и од вашата отпорност на ладнокрвност. Прва работа, облечете се убаво, прочитајте го текстот со совети за правилен избор на мото опрема за возење по „неповолни“ временски услови.
Сега кога ја имате таа опрема, извадете го моторот од гаража. Постојат скриени и не толку скриени опасности на патот кога се возите на влажен коловоз.

7 reasons motorcycle riders are better car drivers 3 1Нема лоши временски услови за возење мотор, има само лоша опрема

Работи на кои треба да им посветите внимание

1. Дизел – нафта. На коловозот изгледа како ефектот на виножитото, најчесто на кружните текови, на крстосниците и кривините.
2. Влажните метални капаци на патот. Овие не се толку лоши доколку не се поминува директно на нив со нагло додавање на гас. Имајте на ум дека тие се многу лизгави, и не движете се преку нив и не пробувајте да менувате правец кога се наоѓате директно над нив.
3. Белите линии на коловозот. Кога истите се влажни се многу лизгави и можат да предизвикаат лизгање на предното или задното тркало на вашиот мотор.
4. Внимавајте на калливи површини на коловозот или на места каде постои можност да се приклучуваат или исклучуваат работни и градежни машини. Возењето по комбинација од кал и дожд е исто како да се возите на замрзнат пат.

Една од по важните работи кои треба да се запомнат е дека кога се возите на влажно време гумите на вашиот мотор нема да се загреат до потребната температура ни приближно брзо отколку кога возите на суво. Затоа бидете екстра нежни и претпазливи во првите 15-20 минути возење. Клучот на возењето на влажно време и коловоз е во тоа да се биде нежен при правење на маневри и промена на правец, нежни при додавање на гас, притискање на кумплунгот и кочниците. Нежен е клучниот збор овде, полека и нежно со секоја команда, предвидете екстра време за кочење, користете малку повеќе задна кочница, па потоа предна, ќе ве изненади колку вашето успорување ќе биде глатко, а притоа помага и во стабилизирање на моторот.

Промена на степен надлолу на менувачот – како при возењето во суви временски услови, од поголема важност е при возење на влажен коловоз, уверете се дека сте во вистинската брзина според брзината со која се движите, дозволете им на обртаите да опаднат (без притискање на кумплугот) пред да промените брзина на менувачот степен надолу. Тоа ќе ви помогне да не се блокира задното тркало, и можноста да лизнете е намалена, а исто така во комбинација со нежно користење на задната кочница, потоа предна, вашето застанување ќе биде глатко и сигурно.

Запомнете, нежноста и екстра растојанието за кочење е задолжително за безбедно застанување. Пробајте да оставите повеќе време за да ги направите овие работи, посветете поголемо внимание на коловозот и елементите околу него со планирање однапред и бидете подготвени да реагирате порано на било каква опасност која што може да произлезе, а со тоа возењето на влажно време и влажен коловоз може да претставува награда и едукација. Ќе ви помогне да го научите лимитот на вашиот мотоцикл, и ќе Ви го зголеми Вашето време на реакција како и способноста за планирање однапред за време на возењето. Во иднина тоа ќе ви стане и навика кога возите мотор на сув коловоз и добри временски услови.

Промена на правецот – вртење во кривина со вашиот мотоцикл на ваква лизгава површина бара ултра нежен пристап. Притискање на кочниците грубо, или правење на ненадејно свртување на рачките може лесно да ве исфрли од коловозот или уште полошо. Потребно е да ја намалите брзината пред да влезете во кривина или да го промените правецот и да го одржите вртежниот момент во неутрална позиција – одземена, но внимавајте на другите учесници во сообраќајот, а посебно на автомобилите околу вас на кои за вас воопшто не им е грижа.

Нежниот пристап кон брзината и промената на правецот би ви бил од голема полза на сите влажни коловози. Изведете ги вашите свртувања постепено. Промена надолу на менувачот нежно, притискање на кумплунгот по споро од вообичаеното и избегнете ги наглите додавања на гас. Полека и прогресивно на гаста. Користете повисок степен на менувачот да би ја намалиле силината која ја постигнува задното тркало. Притиснете ги кочниците на тој начин да пневматиците – гумите не се оптоваруваат нееднакво. Оставете повеќе простор за запирање или успорување за да имате помалку потреба од сето тоа. Но исто така уверете се дека возачите околу вас исто така имаат време да реагираат на вашите движења.

Следниот пат кога ќе заврне дожд, ставете ја вашата опрема и излезете надвор намерно, со цел да го повежбате новиот пристап кон возењето, а за кусо време со нежниот пристап за кој говоревме ќе бидете изненадени колку сте научиле и повеќе никогаш нема да погледнете во небото пред да се одлучите дали да ги земете клучевите од колата или од моторот. Вашата одлука ќе биде само каква опрема да облечете.

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!