05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Зошто возењето мотор е добро за сите?

Мотоциклистите не штедат време и пари само за себе, тоа го прават и за возачите на автомобили, а помагаат и во намалувањето на емисијата на издувни гасови.

Следете нè на:

 

Мотоциклистите не штедат време и пари само за себе, тоа го прават и за возачите на автомобили, а помагаат и во намалувањето на емисијата на издувни гасови.

la-fi-hy-dmv-lane-splitting-controversy-20140729Направете место за мотоциклите, и вам ви штедат време и пари

Ова се зборовите од заклучокот до кој дошле специјалистите од белгиската компанија „TML“, експерти за сообраќајни решенија и транспорт. Истражувањето го спровеле при зголемен метеж во сообраќајот, на влезот во градот Брисел, а студијата била направена со цел да се испита протокот на моторни возила кога има повеќе мотоцикли на патот.

Опсежното истражување било направено со анализа на возилата кои излегуваат од 6 соседни градови и влегуваат во Брисел, притоа анализирајќи ги возилата кои поминуваат по автопатот и се исклучуваат кон градот. Целата анализа траела еден месец, период во кој постојано преку сензори се собирале податоците.

Како што ни е на сите познато и очекувано, најголем метеж има наутро во периодот кога сите одат на работа, па така и според анализата во овој период за поминување на делницата од 10км на возачите им биле потребни 14 минути повеќе отколку вообичаено. Возењето на мотоцикл го скратува времето за патување на оној кој управува со него бидејќи полесно се поминува низ метежот, но анализата покажува и резултати кои се навистина интересни.

Според анализата, во деновите кога на секои 10 автомобили еден одлучил да патува со мотоцикл на работа, времето за чекање за останатите учесници во сообраќајот од 14 минути се намалил на 6!

Вкупно пресметано, доколку секој 10-ти возач е мотоциклист, утринскиот метеж наместо да трае до 9.10, ќе завршува во 8.30. На страна од фактот што мотоциклистите побргу ќе стигнат до своето работно место, тие помагаат и во заштитата на средината со самото тоа што мотоциклите испуштаат помалку штетни гасови.

Третата причина зошто е подобро да користите мотоцикл отколку автомобил е заштедата на гориво. Мотоциклите трошат помалку гориво и со самото тоа го намалуваат трошокот кој го има возачот, истовремено со зголемениот број на мотоцикли во сообраќајот и намалениот период на возење од точка А до точка Б и автомобилите имаат намалена потрошувачка.

Затоа доколку возите автомобил и видите мотоцикл во ретровизорот, направете место, пуштете го да помине, запомнете дека и вам ви штеди време и пари. Уште подобро, купете си мотор, ќе пристигнете до вашата дестинација побрзо, ќе заштедите на пари за бензин и верувајте дека ќе бидете помалку напнати. Впрочем кога сте виделе мотор паркиран пред ординација на психијатар? :)

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!