06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Украден, а потоа пронајден мотор кој сеуште не е во рацете на сопственикот

Во продолжение следува приказната на нашиот читател Т. Гочев кој се соочува со сериозен проблем откако му бил украден скутерот, а потоа и пронајден но за жал не стигнал до неговите раце.

Следете нè на:

 

Украдениот скутер на Т.Гочев полицијата го пронашла, но наместо тој повторно да биде вратен на сопственикот, сега друго лице сосема легално управува со него, бидејќи од МВР го продале скутерот на аукција.

10916.1358852598.Gilera Runner 125 2012-1Т. Гочев остана без својот скутер, најпрво заради крадците, а потоа и заради полицијата

Во продолжение следува приказната на нашиот читател Т. Гочев кој се соочува со сериозен проблем откако му бил украден скутерот, а потоа и пронајден но за жал не стигнал до неговите раце. Текстот го пренесуваме во целост:

На ден 21.03.2011 година купив скутер Gilera runner sp50 (46) со број на шасија ZAPC4610000053___ и број на мотор C451M1055__ по фактура бр. 10-59/2011 од Динамикс ДОО Експорт Импорт по цена од 148.320,00 денари. На ден 22.03.2011 година скутерот беше регистриран со регистерска ознака SK-248-TI. 
На ден 10 према 11.06.2012 година пред влезот на зградата на бул. В.С.Бато 33/1-7 ми беше украден скутерот и утрото на 11.06.2012 година беше пријавен за украден во ПС Аеродром и за истото добив записик за примање на пријава бр.28.5.2.2-1306 од 11.06.2012 година. 

Неколку дена подоцна во неврзан разговор со комшија ми посочи дека он бил сведок на кражбата на моторот и дека повикал полиција веднаш што ги видел тројцата крадци како го носат моторот. Човекот посочи дека бил на тераса уште 20 минути но полицијата не се појавила на местото на настанот. После 3 недели од кражбата никој од ПС Аеродром не го посетил лицето кое било сведок на тешка кражба да земе записник со што би се помогнало во принаогање на крадците. 
Револтиран од ваквиот непрофесионален однос на полицијата доставив жалба во Внатрешна контрола во која ги посочив сите овие нерегуларности. Оттаму ми одговорија дека лицето кое не земало записник ќе биде санкционирано.

Но голготата продолжува понатаму:
До 06.2014 година немав добиено никаква информација за скутерот од страна на МВР. 
На ден 09.06.2014 година добив покана од страна на инпекторот С.Н. – отсек за моторни возила за информативен разговор кој требаше да се одржи на 11.06.2014 година во ПС Аеродром.

По кратко испрашување од страна на инспекторот за скутерот, ме запозна со следното: 
Четири дена по кражбата на скутерот, истиот бил пронајден на улица во село Арачиново од страна на полициски службеник на МВР со уште 2 мотори. По пронаогањето скутерот бил во МВР до 10.2013 година (една година од пронаогањето) и потоа бил продаден од страна на МВР на јавно наддавање за 1000,00 денари. По кажување на инспекторот од Внатрешна контрола не е направен записник за проценка на моторот, составена е само комисија од страна на министерката за внатрешни работи и тие оцениле дека моторот чини 1000,00 денари иако реалната вредност му е далеку повисока...

Службеникот кој го пронашол моторот по кажување на полицијата не направил фотографирање на истиот согласно Правилникот за пронајдени и одземени предмети, но испратил телеграма до сите полициски станици дека е најден таков мотор во с. Арачиново на ден 15.06.2012 година. По кажување на инспекторот од Внатрешна контрола 09.2014 година во ПС Аеродром не е стигната таква телеграма.

При земање на Записникот за кражба од страна на службено лице во ПС Аеродром во рачно пишана форма на Записникот стојат точни податоци за типот, шасијата, бојата и сите елементи кои се карактеристични за тој мотор, но во електронскиот запис односно при куцањето на записникот направена е грешка во бројот на шасија кој е главен доказен елемент во препознавање на моторот односно негово идентификување. 

На ден 08.07.2014 година во близината на Швајцарската амбасада во центарот на Скопје, здогледав мотор марка Gilera кој многу наликуваше на мојот, па застанав и го разгледав. Откако го препознав по неколку работи кои беа карактеристични само за мојот мотор (гребаници и марка на ауспух), веднаш се јавив на 192 и од таму ме упатија да се јавам на Алфа тимот кои дојдоа на лице место и утврди дека бројот на шасија на моторот одговара со мојата сообраќајна дозвола, но одговара и со сообраќајната дозвола на новиот сопственик кој посочи дека го купил моторот пред 5 дена. Од Алфа тимот не упатија во ПС Карпош во која дојде инспектор од моторни возила со име С. В. кој ни зема изјави на мене и од новиот „сопственик“. Новиот сопственик ни посочи дека моторот е неколку пати препорадаван односно дека он е веќе 4 сопственик. Значи моторот е продаден на во 10.2013 година и од тогаш е продаден 4 пати на различни луге. Сето тоа отвара едно големо сомневање дека се знае за каков мотор се работи односно дека моторот не е чист. 

Посочувам дека под целосна морална, материјална и кривична одговорност дека моторот кој го видов во ПС Карпош целосно одговара на мојот мотор односно сите пластики, ауспухот Gianelli reverse, браниците, шал таблата, ретровизорите се мои, а тврдењата ги засновам на тоа што со моторот беше направена сообраќајна незгода во која беше изгребана десната страна на моторот. Подоцна истиот беше поправен но дел од поправките се познаваат на моментални пластики што значи тврдењето на лицето кое го купило моторот не е точно (моторот го купил хаварисан без пластики)! За сето ова постојат фотографии во осигурителната компанија кои можат да се искористат при вештачење.

До денешен ден 04.09.2014 година иако имам поднесено веќе 2 месеци барање за поведување на постапка односно преиспитување на случајот немам добиено одговор од МВР, Антикорупциска комисија, Сектор за аналитика при МВР..
Моторот сеуште стои во простоиите на МВР но од полицијата посочуваат дека моторот не може да ми биде вратен, бидејки си има ЛЕГАЛЕН сопственик односно дека он легално си го купил. 

Јас сега како ОШТЕТЕН треба да си го барам чарето на суд во кој од драгата страна треба да се соочам со противник како МВР.
Во 2012 година се украдени десетици нови мотори марка Џилера и Априлија, а дали полицијата го користи овој метод за некој да профитира треба дополнително да се истражи, секако по наредба на судот!

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!