06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Изборот е ваш: Дали да се потите или да крварите

Беше преку 35 степени надвор тој ден, па еден мој пријател одлучи дека би било добро да вози до работа без јакна.

Следете нè на:

 

ful-obleka-motorЌе ви биде жешко, ќе се потите, ќе ве гледаат чудно...но нема да крварите!

Беше преку 35 степени надвор тој ден, па еден мој пријател одлучи дека би било добро да вози до работа без јакна.

Да ја скратам приказната, тоа беше лоша идеја. Особено кога се удри во кола возејќи со 60км/ч. Еве доказ дека треба да ја носите комплетната опрема и покрај тоа што ви е малку топло.

Во услови кога е многу топло, носењето на кожна или текстилна јакна може да изгледа лудо. Но за мене, тоа е нормално. Не сакам да држам предавања на новите и неискусни возачи. Само сакам да ги споделам со вас последиците кои може да настанат доколку не носите опрема. Можеби тие ќе ви помогнат да ја донесета правилната одлука. 

За време на краткиот пат до работа, мојот пријател не забележал кога една кола нагло свртела десно. Возејќи со само 60км/ч на час, тој немал време да ги притисне сопирачките.  Се удрил директно во автомобилот и летнал во патничкиот прозорец. Ќе ги оставам сликите да го раскажат остатокот од оваа приказна...

povreden-motordzija-1

povreden-motordzija-2

Доколку ја носеше јакната, тој само ќе го отстранеше стаклото и ќе почекаше некој пријател да го однесе до дома. Наместо тоа, тој заврши во болница.

Ова е причината поради која дури и ако е многу топло надвор, јас ја носам комплетната опрема, кацига, јакна, ракавици и чизми. Понекогаш луѓето ме гледаат чудно, но мене ми е добро бидејќи знам дека доколку се случи нешто, јас ќе бидам подготвен.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!