11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Инфо за почетници

ib_p003_0_14

Кацига од 800 денари може повеќе да те убие отколку да ти помогне. Не е битно што возиш скутер од 600 евра и убеден си дека е лудост да дадеш 100€ (минимум) за нормална кацига. Верувај, многу повеќе ќе дадеш по болници отколку за кацигата недај Боже ако ти се случи нешто...ама тоа е АКО стасаш до болница...

Следете нè на:

 

1. Кацига

helmetshoei.jpg Кацига од 800 денари може повеќе да те убие отколку да ти помогне. Не е битно што возиш скутер од 600 евра и убеден си дека е лудост да дадеш 100€ (минимум) за нормална кацига. Верувај, многу повеќе ќе дадеш по болници отколку за кацигата недај Боже ако ти се случи нешто...ама тоа е АКО стасаш до болница.

По улициве има и многу позери што не носат кацига само за да бидат видени. Дали се работи за проблеми со потенција или сл. незнам, ама многу е по мангупски кога си облечен како што треба, со добро јакниче, убава кацига...

Кацигата не ја носиш за да не ти лупнат казна од 35€ туку за да си го спасиш животот. Ти ќе возиш супер, нема да брзаш, ќе внимаваш на коли, ќе си чекаш зелено на семафор и се тоа.. и наеднаш БУП, те собрала некој будала. СЕКОГАШ НОСИ КАЦИГА!


2. Гуми
gumii.jpg

 
Гумата спасува живот. Ова важи за поголемите мотори ама и скутерите не се исклучок. Поготово што "кинезите" доаѓаат со пластика место гума, па на првиот пешачки имаш уметничко лизгање. На голем мотор е лудост да легнеш во кривина или да пробаш нагло да закочиш без добра гума.

Значи исто како и кај кацигата, за гуми не се штедат пари.
А за тоа каква гума да се купи, се зависи од моторот и начинот на возење. Во секој случај, ако не знаеш што е добро, земи тоа што е скапо.


3. Јакна/Панталони

Има јакни и панталони и за лето и за зимо, така да не е оправдание да возиш 200 на саат со 3/4 панталони и маичка на прерамки. Летните јакни (air flow) најчесто се со вградени протектори, или пак имаат место за поставување на истите. За зимска јакна се зависи од вкусот, гледај да има протектори и барај тагче "wind proof", нејќеш да те шиба ветер на 10 степени.

jaknaok.jpg Панталоните исто така одат со протектори (за колената) и со слајдери, или пак можеш да одбереш по едноставна варијанта без заштита но изработена од цврст материјал.

 Освен класични моторџиски панталони кај нас може да се најдат и фармерки и обични панталони кои имаат постава и отвори за протектори, изгледаат кул и можат да се носат и за возење, а и за излегување.

Од вас зависи за каков материјал на јакната/панталоните ќе се одлучите, како и да е не заборавајте дека е подобро да кинете туѓа отколку ваша кожа.

Цените на јакните и панталоните варираат многу. Лесна јакна (без протектори) се наоѓа за 3-4.000 денари; текстилна со протектори има од 6-7.000 па нагоре; кожните со протектори се од 200-250€ па нагоре. Панталони кожни се наоѓаат и за 8-9.000 денари.


4. Патики/Чизми

sidiboots.jpg Патиките за на мотор се разликуваат од обичните по тоа што најчесто имаат заштита на горната страна заради менувачот и се изработени од по издржливи материјали. Не се многу поскапи од обични патики, а ќе ви вршат работа. Кај нас се наоѓаат по цена од 3.000 па нагоре.

Чизмите од друга страна, нема да можете да ги носите секој ден ама затоа пак нудат многу подобра заштита од патиките. Доколку планирате да возите надвор од градот, земете си чизми. Ногата ќе ви биде стегната, заштитена, а и нема да ви се пафтаат фармерките. Добри чизми можат да се најдат по цена од 200€, нормално, по квалитетните се поскапи.


5. Комбинизон

motogpsuite.jpg Дводелен или едноделен. Дводелниот е одличен избор, бидејќи може да се комбинира односно да се носи само јакната или пак панталоните со маица.

Кај комбинизоните е битно да ги имаат сите протектори и да бидат изработени од квалитетна кожа (има и текстилни меѓутоа ретко се носат). Поприлично се скапи меѓутоа заштитата која ја нудат не се споредува со ништо друго. Цената на комбинизоните се движи од 800-900 евра па нагоре.

Едноделните комбинизони се избор на оние кои често одат на подолги патувања, како и на оние кои се тркаат.

 6. Протектори

Протекторите освен како дел од јакните/комбинизоните можат да се купат и носат одделно.
protectorsshield.jpg

Нај-основна варијанта е појас кој е задолжителна работа за секој моторџија, а кој ги штити бубрезите. Појаси се наоѓаат за цена од 900 денари, додека пак целосните се движат од 2 до 4.000 денари.
Се работи за протектори на р'бет (познати како "желки") кои со прерамки можат да се облечат под јакна или едноставно над маица. Во себе содржат класичен појас плус штитник на р'бетот.

Освен појас може да се најде и целосен систем, мрежаст кој на себе ги содржи сите протектори (лакти, рамо, грб, гради) и кој најчесто се носи под јакна која нема никаква заштита. Ваквите протектори чинат околу 100€

Посебно можат да се набават и слајдери за колена, заедно со лепенки за нив (доколку на вашите панталони веќе нема), по цена од 25-30€

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!