06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Вожња со сопатник...

coupleonb.jpgПред да тргнете на вожња со сопатник на мотор,не помислувајте дека на него му е познато како треба да се однесува  на задното седиште,туку одржете му кратка лекција за тоа која е неговата улога и како треба да се однесува при возењето...

Следете нè на:

 

-Пред да тргнете на вожња со сопатник на мотор,не помислувајте дека на него му е познато како треба да се однесува  на задното седиште,туку одржете му кратка лекција за тоа која е неговата улога и како треба да се однесува при возењето.

-Ќе му објаснам дека ТОЈ е главен во вожњата,и ако треба да се намали брзината,или застане...тоа и ќе го сториме.Ќе се потрудам да му објаснам дека немам намера да го исплашам,туку да му ја направам вожњата поубава,и да ужива во неа.

-Да разбере дека тоа уживање има и своја цена:

-Многу добро треба да изврши  четири задачи, а и да вети дека НА мотор и ОД мотор ќе се качи и симне само тогаш кога јас ќе му дозволам.Тогаш кога со двете нозе цврсто ќе стојам на земја, кога моторот ќе биде во ЛЕР, и страничниот штендер спуштен, и најважно..кога ќе му климнам со главата дека може.

- Мора да вети и дека кога ќе се качува/симнува, ќе се потруди својата тежина да ја насочи на моторот (не да го влече моторот према себе,туку самиот да се "бутка"према моторот кога ќе стапне на папучата.)

- Однапред се договараме за сигналите: "успори " "застани" ("убрзај" !!!) му објаснувам  и тоа дека не треба да пробува да комуницира со мене, затоа што ништо нема да се разбереме. Ако е нешто важно, нека даде знак "застани" и ќе застанеме, ако не е толку важно, ќе почека до прво застанување.

- Што се однесува до самото возење,му објаснувам дека е најдобро да се однесува како "вреќа компир", никако да се труди да ми "помага" во кривини !!! едноставно да се опушти и да ужива.

Ако треба да се поднамести...тоа да го стори полека, нежно и без нагли покрети.

- На сопатникот му кажувам, како јас не сум имал незгоди предходно, ама без разлика на тоа, ТОЈ да не пробува со спуштање на ногата од папуча да ми помага во случај на паѓање, најдобро е нозете и рацете да ги држи уз телото и моторот..

Што се однесува до споменатите четири задачи за сопатникот:

. Мора да ги поздрави сите моторџии кои ќе ги сретнеме по пат

. Да им мафне со рака на сите полицајци кои се надвор од своите возила(посебно на мотористите)

. Да ги отпоздрави сите деци и возрасни кои покажуваат интерес за нашето поминување

. На јавноста да даде до знаење дека ние УЖИВАМЕ на моторот, поготово кога ќе застанеме.

И уште нешто.....моите (лични) правила за вожња со сувозач:

- Единствена работа која се трудам да ја објаснам е таа дека вожњата со мотор може да биде

   многу безбедна и полна со уживање за двајцата.

- За мене е предизвик да "шалтам " во/од брзина а сопатникот не примети,односно да не му "кршам" врат.

- Тргнувањето и застанувањето е исто работа кај што се трудам на потполна мекоќа, сопатникот да не осети кога сум тргнал,кога застанал.

Ексклузивно за  motori.com.mk,
Превел од Српски: М.Скопје

 


 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!