05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Еден човек, еден мотор, една планета

rfp.jpg Џефри Полнаја е Индонезиец кој е на пат од 2006 година. Ride For Peace, е мисија во која тој го промовира мирот во светот возејќи го својот мотор низ целата планета. До сега има поминато 52 земји низ Азија, Африка и Европа, а неговото патување ќе заврши во 2011 откако претходно ќе ги обиколи Америка и Австралија. Македонија е 53 земја која тој ја посетува, па желни да дознаеме нешто повеќе за него направивме ексклузивно интервју во Custom Pub, клубското место на POTFAT MC.

Следете нè на:

 

Џефри Полнаја е Индонезиец кој е на пат од 2006 година. Ride For Peace, е мисија во која тој го промовира мирот во светот возејќи го својот мотор низ целата планета. До сега има поминато 52 земји низ Азија, Африка и Европа, а неговото патување ќе заврши во 2011 откако претходно ќе ги обиколи Америка и Австралија. Македонија е 53 земја која тој ја посетува, па желни да дознаеме нешто повеќе за него направивме ексклузивно интервју во Custom Pub, клубското место на POTFAT MC.

Кажете ми за вашето патување до сега?

Го започнав патувањето во април, 2006. Тргнав од Џакарта - Индонезија, па продолжив да возам до Сингапур, Малезија, Тајланд, Камбоџа, Лаос, Кина и останатиот дел од Азија. Потоа преку Арабскиот полуостров стасав во Египет. Ја поминав цела Северна Африка, и преку Мароко влегов во Шпанија. Сега сум низ Европа, а од тука ќе заминам за Америка па потоа во Австралија. Дома ќе се вратам во 2011. Тоа ќе биде патување од 5 години, на патот сме јас и мојот мотор, сосем сами.

Не сте носталгичен?
- Па..соло возењето е тешко, се треба да правиш сам. На моменти навистина ме фаќа носталгија но тоа е тоа.

 

rfp2.jpgrfp2.jpg
 

Дали имате помош од останатите моторџии?
- Да! Луѓето знаат дека сум сам и сите моторџии ме разбираат, знаете, се работи за братство во кое има непишани правила. Во ова братство на луѓето не им се битни границите, ниту религијата, ништо, се работи само за едно, блискоста на луѓето. Имам брат во секоја земја.

 

Зошто мотор?
-Патувајќи со мотор можам да го почувствувам времето, да ја почувствувам жештината на пустината, свежината која ја има во планините, можам да го почувствувам мирисот на борот, можам да го почувствувам она што и вие го чувствувате. Овде сум за да ја запознаам околината, ја јадам храната која вие ја јадете, возам по патиштата по кои возите и вие, навистина ми е драго што сум овде. Македонија е 53 земја во која возам.

Кои беа најекстремните услови низ кои поминавте?  
-Па...-40 степени, беше навистина ладно во Непал. Од друга страна, во Африка, во Арабија беше 55 степени и беше навистина топло.

 

rfp3.jpgrfp3.jpg

 

Што со моторот? Како тој ги поднесе временските услови?
 - За сега доста добро. Се расипа само еднаш, но тоа беше бидејќи ме удри автомобил.

Ве удрил автомобил?
- Да, тоа беше во близина на пустината, автомобилот ме удри и продолжи понатаму како ништо да не било. Едноставно ме оставија таму, по што бев изгубен три дена. Мојот GPS беше расипан, но се беше во ред со мене, па...добро е J

Некои други лоши сеќавања?
- Па пукаа кон мене и ме ограбија...всушност ситуација во која бев ограбен беше смешна. Луѓето  кои ме ограбија беа вооружани и ми рекоа дека сум среќен затоа што сум Индиец, бидејќи ако бев нешто друго сигурно ќе ме убиеле. Потоа тие ме пуштија да си одам но не можев да си го подигнам моторот од земја, претежок е, па ги замолив за помош. Без никаков проблем тие ги ставија пушките на рамо, го кренаа моторот од земја и ме испратија.

Што со оние добрите случки?
- Во Непал имаше еден човек кој ми помогна многу. Непал е специфична земја и морав да поминам низ снегот на време, бидејќи ако чекав ќе морав да останам таму три месеци. Тој го помина целиот тој пат низ снегот со мене. Тој е сиромав човек, но не сакаше да земе пари за тоа што ми помогна. Рече дека го прави тоа затоа што сака да помага.

 

rfp4.jpgrfp4.jpg

 

Споменавте пари. Дали имате некаква финансиска помош од BMW?
- Не.

Немате помош, а возите BMW низ целиот свет?
- Да, знам, звучи лошо..немам финансиска помош но тие ме поддржуваат. Ми овозможуваат бесплатен сервис за моторот во секоја земја.

По колку денови поминувате во една земја?
- Зависи..останувам неколку денови во една земја, ден повеќе или ден помалку во другата, зависи од големината на земјата, местата кои треба да го посетам итн. Во Македонија ќе останам 5 дена.

Поминавте низ повеќе од 50 земји досега, која беше најубава за вас?
- Да бидам искрен поранешните Југословенски републики се многу убави, ми се допаѓа овде многу. Го поминав Јадранот, убави места, убави планини, добри патишта..ми се допадна многу...Црна Гора, овде... целата оваа област е прекрасна. Луѓето се учтиви, пријателски настроени, спремни за пречек. Се чувствувам како да сум дома, само што сум во Европа.

rfp1.jpgrfp1.jpg

 

Каква е Македонија?
- Прекрасна! Сите се насмеани овдека, се возат многу мотори, времето е одлично, а и храната. Сега мислам дека пет денови ќе ми бидат малку за мојот престој овде.

За крај?
- Ги поздравувам сите моторџии во Македонија, и сите луѓе кои живеат овде. Се надевам дека мојата посета ќе допринесе за распростанување на идејата за мир во свето не само помеѓу моторџиите туку и помеѓу сите луѓе. Ви благодарам.

 

rfp5.jpgrfp5.jpg

 

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!