05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Што треба да знаете пред да го качите вашето дете на мотор

motori 6415723701_7b77581e23_bСите оние кои го прифатиле моторџискиот начин на живот, чувствуваат неодолива привлечност за возење на своето милениче на две тркала... од оваа страст често знаат да се „заразат“ и нашите деца.

Следете нè на:

 

moto-grip-child-safety-harness
Сите оние кои го прифатиле моторџискиот начин на живот, чувствуваат неодолива привлечност за возење на своето милениче на две тркала... од оваа страст често знаат да се „заразат“ и нашите деца. Од лично искуство знам дека моите деца обожаваат да се возат, можеби и повеќе од мене! Сакам да ги повозам и да го споделам тоа убаво искуство со нив, но сепак има неколку работи кои треба да се земат во обзир пред да ги качите вашите деца на мотоцикл.

Заштитна облека
d 2222Иско како и за нас и децата треба да се облечени во заштитна облека за на мотор. Добра околност е што неколку од специјализираните брендови за моторџиска опрема почнаа да произведуваат заштитна облека за деца. Секојпат кога ги качувате на мотор осигурајте се дека се соодветно облечени, па така доколку не сте во можност да набавите „моторџиски“ алишта, осигурајте се барем да носат долги панталони (тексас), јакна со долги ракави (тексас или кожна), ракавици со цели прсти, добри и квалитетни чевли, и добра кацига со соодветна големина и сертифицирана за квалитет и сигурност. Сите овие работи можете да ги набавите во нашите продавници за мотори и мото опрема, или преку интернет.

NOL-4EO- isМожеби звучи чудно но едно важно парче на опрема за возење се пар квалитетни очила за сонце. Неодамнешните истражувања покажале дека колку порано децата започнуваат да носат наочари за сонце толку помалку имаат проблеми со видот и очите во подоцнежниот дел од животот. Оштетувањето на видот е кумулативана состојба која се зголемува од година во година. Сончевото ултравиолетово (UVзрачење може да биде доста штетно за незаштитените очи, и скоро полаовина од експозицијата на UV зрачењето се случува пред 18-тата година од животот. Младите очи пропуштаат повеќе UV зраци и добиваат поголема изложеност, исто така децата поминуваат повеќе време надвор и тоа најчесто без никаква заштита. Изложеноста на сончева светлина во младите години по според сите истраживање се покажа дека е клучен фактор во добивањето на рак на окото. Добрата вест е дека квалитетни наочари за сонце за деца денес се лесно достапни во скоро сите специјализирани продавници, а може да се најдат и квалитетни кациги со мал број (XS, XXS) кои имаат вградени очила.

Комфор на патникот
Најчесто ногарките за совозачот се сетирани за совозач со нормална големина и дефинитивно не се соодветни за возење на деца. Морате да се погрижите детето да има добра и цврста потпора за нозете. Син ми на пример ги користи држачите за страничните куфери како потпирачи за неговите нозе, а ќерка ми само што започна да ги користи регуларните потпирачи за нозе. Некои моторџии дури и монтираат ногарки со можност за подесување на висината за подобра удобност и сигурност на сопатниците. Доколку сте во можност направете го ова, не штедете средства за безбедноста на вашето дете!

Патнички правила
Осигурете се дека вашиот млад сопатник ги знае и ги разбира правилата и советите за сопатници. Погрижете се да знаат каде треба да се држат, дека не треба да прават нагли движења и да знаат дека треба да седат мирно на седиштето. Ова се вообичаени правила кои важат и за возрасни сопатници но важно е кога се работи за деца овие правила да им се објаснат на начин разбирлив за нив.

Одговорности на мотоциклистот

 6415723701 7b77581e23_bПример како НЕ треба да го возите вашето дете 
Кога возите дете со вас на мотор мора повеќе да внимавате на него бидејќи децата имаат тенденција повеќе да мрдаат за разлика од возрасен сопатник. Тие често си играат кревајќи ги рацете во воздух (како божем ние никогаш не го правиме тоа). Од лично искуство знам дека децата повеќе зборуваат за разлика од возрасните сопатници и повеќе се возбудуваат од работите што ги гледаат додека се возат.

Бидете свесни дека мирното брмчење на вашиот мотор има тенденција да ги успива сопатниците. Оваа е поголем проблем кај децата сопатници затоа што тие се полесни и неможеме да ги почуствуваме нивните движења и затоа што кај нив има поголем простор помеѓу возачот и нив па лесно може да се случи детето да падне на страна, затоа треба да внимаваме постојано на нив и да се трудиме да им ја задржиме концентрацијата.

Децата се возат зад вас
201108192021-404x600Без разлика на типот на мотоцикл со кој ќе го возите вашето дете според сите истражувања подобро е детето да биде седнато зад вас.

Иако на многумина им изгледа посигурно детето да го седнат во скут односно во делот помеѓу резервоарот и нивното седиште, сепак во случај и на најмала незгода или лизгање на моторот детето ќе биде побезбедно и шансите за сериозна повреда се значително помали доколку детето е седнато зад вас.

За помалите дечиња на интернет можат да се најдат т.н. Moto-Grip појаси кои овозможуваат потпора на детето и сигурносен појас кој го врзува за возачот.
201108192012
 

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!