11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Како да исчезнеш со својот мотор?!

motori Argentina03-06-Selling-Jenny-ArgentinauploadЕден  30 годишен компјутерски инжињер, спакувал неколку свои неопходни работи на своето KawasakiKLR650 и ја поминал следната година возејќи од неговиот роден град Феникс во Аризона, низ 15 земји се до дното на јужна америка. 

Следете нè на:

 

Argentina03-06-Selling-Jenny-Argentinaupload

Еден  30 годишен компјутерски инжињер, спакувал неколку свои неопходни работи на своето KawasakiKLR650 и ја поминал следната година возејќи од неговиот роден град Феникс во Аризона, низ 15 земји се до дното на јужна америка. 

Отогаш тој патувал низ Европа и Јужна Америка,пишувајќи за патувањата на својот блог и правејќи профит од рекламирање на својот Youtube канал. Снимкaтa од неговата камера монтирана на кацигата, стана толку популарна , што  беше емитувана на телевизиските вести. Заради неговите снимки подоцна дури тројца сообраќајни полицајци ги изгубија своите работни места.

Тој дури и пишува книга за оваа патување која треба да ја издаде на крајот на оваа година .Тој вели дака со мотор и со малку пари , секој може да стане скитник на мотор уште утре, се што треба да направите е да ги прочитате неговите правила.....

1. Не слушај никого!
Околу 50% од луѓето ми рекоа да не одам! Повеќето беа загрижени за мојата сигурност. Се прашуваа што ќе стане со моите работни обврски, дури се сеќавам на зборовите на еден човек ...„Ќе имаш голема празнина во своето  CV  за оваа година што ќе им кажеш на луѓето?“ А јас онака„Заеби... бев на патување со својот мотор!“

2. Раскинување.
Кога започнав со патувањето имав долга врска, која нормално на опстана! И онака преферирам да патувам соло! По околу една недела патување почнав да се навикнувам на новиот животен стил на постојано патување во непознатото и доживување на нови искуства кои ми ги оддалечија мислите од животот дома. Во почетокот ми беше малку тешко но штом се навикнав никогаш повеќе не зажалив.

3. Светот е сигурен.
Да бидам искрен, бев преплашен кога тргнав. Имав некаква параноја „Што ако се случи ова, што ако се случи она..“ Но ми требаше само околу една недела да сватам дека „Всушност, се ќе биде ОК“ и беше! Едно нешто што научив е дека светот е сигурно место или барем не е онолку опасно колку што понекогаш  ни изгледа!

4. Држи се понастрана од границите.
По правило треба да се тргнеш од граничните премини што е можно поскоро, мојот најголем страв беше границата со Мексико. Во мојот случај во тоа време имаше многу инциденти поврзани со картелите но како и да е границите не се забавно место!

5. Буџет.
Навистина е едноставно! Пресметај ја просечната цена за сместување бензин и храна за еден ден базирана на локалните цени . Потоа одлучи колку дена ќе трае твоето патување па помножи ги бројките! Базирано на цените во Латинска Америка дојдов до цена од 40$ за еден ден, со вклучено кампување за да заштедам пари. Мојата проценка беше дека ќе стигнам до Аргентина за 200дена па затоа заштедив околу 8000$

6. Не претерувај со подготовките!
Ако имаш мотор, заштеда и неколку торби, можеш да тргнеш уште утре! Мислам дека јас претерав со подготовките и багажот. Повеќето од работите што ги понесов со себе ги оставив попат . Имав понесено премногу алат. Убавината во патувањето со мотор е тоа што ако останеш дефект се што треба да направиш е да почекаш покрај патот да помине камион кој би можел да те товари и однесе до најблиската механичарска работилница. Имав неколку дефекти на патувањето, не треба да се задлабочуваш во поправките, доволно е да го направиш колку да функционира !

7. Не брзај! 
Лесно е да ја извозиш маршутата предвреме. Но aко премногу брзаш би можел да испуштит многу интересни нешта!

8. Погрешното е добро!
Купишта работи тргнаа наопаку! Ми снема бензин, немав соодветни документи за на граница, ми снема локални пари итн... Но мислам дека токму тогаш започнува авантурата! На некој начин ја позајмувам оваа мисла од Тед Симон (авантурист автор на “Јупитеровиот патник“). Кога работите не одат како што треба, тогаш станува интересно. И навистина ми е драго што се не беше како подмачкано затоа што ќе ми се здосадеше. Во почетокот кога ќе наидев на проблем тоа го доживував многу стресно но како поминуваше времето мојот однос тотално се промени за на крај да бидам како на пример „Знаеш што, биди трпелив и работите ќе си дојдат на свое сами по себе.“

9. Понеси камера за на кацига!
На околу 70 километри од границата со Мексико бев сопрен од полицајци.  Рекоа дека пребрзо сум возел ... всушност сакаа само да извлечат некоја пара од „уплашениот американец“! Ми се заканија дека ќе сум морал да одам во затвор ако не платам толку и толку долари. Тоа ми беше прво такво искуство каде што морав да потплатам некого. Ми зема 100но ефикасно успеав да си ги вратам парите, бидејќи целата ситуација ја снимив со камерата која беше поставена на мојата кацига. Снимката е сега на YouTube. Видеото стигна и до вестите на националната телевизија, а полицајците беа отпуштени од работа! Користев Vio POV (point of view) камера, тоа е компактна камера прицврстена на страната на кацигата. Таа снима постојано и кога нешто интересно ќе се случи само притискаш копче и ги снима последните пет минути. Youtube клипот стана популарен , некои мексикански новинари го приметиле  и наеднаш го привлече националното внимание, народот бараше одговорност! Тројцата полицајци беа отпуштени бидејќи беа идентификувани со камерата ... Така почнав да добивам нешто пари како помош од видеата на мојот  Youtube канал, кој подоцна стана корисен извор на сретства.

10. Постави си краен рок!
Ако постојано го одложуваш стартот на патувањето тоа може и никогаш да не се случи. Затоа постави си датум за тргнување и нека ти е со среќа!                                                                                                               

Извор: „Atlas Rider

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!