05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Како се организира трка и што е потребно за учество

thumb_moto_trka_kicevo_2_2008Вториот текст од серијалот посветен на МФМ е наменет за потенцијалните заменици на Јуха Салминен, Рики Кармајкл или Валентино Роси во Македонија. Во првиот текст пишувавме која е процедурата за регистрација на мото клуб..

Следете нè на:

 

moto_trka_kicevo_2_2008Почетокот на втората трка од брзинскиот шампионат на Македонија во 2008

Вториот текст од серијалот посветен на МФМ е наменет за потенцијалните заменици на Јуха Салминен, Рики Кармајкл или Валентино Роси во Македонија. Во првиот текст пишувавме која е процедурата за регистрација на мото клуб, а во продолжение ќе можете да прочитате што се е потребно за еден мото клуб да организира трка од домашниот шампионат и што е потребно за еден натпреварувач да добие тркачка лиценца.

За еден клуб да организира трка од било која дисциплина (брзински, крос, ендуро...) потребно е да се пополни образец за пријавување на трка откако МФМ ќе го објави календарот на трки за тековната година. МФМ го објавува календарот релативно касно, но тоа е од причина што се чека на објавување на календарите од меѓународните трки. Федерацијата ги дава предлозите за датумите на трките, а управниот одбор одлучува за самиот календар на трки.

Зошто преку МФМ?
Трките кои се организираат од МФМ се бодуваат за шампионатот на Македонија, бидејќи само МФМ има решение за дејност спорт како Федерација во областа на мотоциклизмот. Доколку некој клуб се одлучи самоиницијативно односно на своја рака да организира трка, нема да има никаков проблем со тоа, но трката нема да се бодува за државниот шампионат од соодветната дисциплина. Клубовите кои како технички организатори организираат трка преку МФМ од Федерацијата добиваат опрема за патеката (знамиња, семафор, знаци...), сепак поголем дел од обврските се на терет на клубот.

Што треба клубот да обезбеди?
Она што треба самиот клуб да го обезбеди е хроно екипа односно мерење на времето. Цената за користење на хроното за трките организирани од МФМ е по повластена цена од 9.000 денари (за споредба bgsportstiming наплаќаат по 1000евра од трка). Исто така, при организирање на трка најважно е да се запазат безбедносните мерки, па потребно е да се обезбеди амбулантно возило и противпожарна екипа. Клубот треба да плати осигурување на фунцкионерите, публиката и осигурување од трети лица. Дополнителни трошоци се обезбедување на пехари, разглас, бина.... клубовите треба да ги платат и спортските функционери (судии, членови на жири, техничка комисија...), ова функционира така што МФМ доставува список на лиценцирани функционери и го одредува делегатот на трката, а на клубот останува да одлучи кои функционери ќе присуствуваат на трката. МФМ во моментот располага со педесетина функционери. Клубот треба да подготви и посебниот правилник за секој натпревар кој го верификува МФМ и заедно со пријавата го испраќа до сите клубови членки.

Со некоја груба пресметка, било која трка од македонски шампионат чини најмалку 2.000 евра.

Што е со натпреварувачите, како се учествува на трка?
За еден натпреварувач да учествува на трка потребно е да биде зачленет во мото клуб кој е член на МФМ. Клубот потоа од МФМ за тој натпреварувач бара издавање на натпреварувачка лиценца, а цените за лиценците се Ранг А: 500ден (Ранг А е лиценца за оние возачи со меѓународно искуство, и титули зад себе) и Ранг Б: 300ден. Клубот до МФМ треба да достави лекарско уверение за натпреварувачот со образец кој го дава МФМ. Дополнително треба да се достави и копија од заверена пристапница од натпреварувачот во клубот за кој тој сака да настапува.

Во 2011 имало 97 лиценцирани натпреварувачи од кои најмногу во ендуро 56.

Секој натпреварувач мора да има лично осигурување за учество на натпревари и препорачливо е тоа да биде на годишно ниво, за жал кај нас најчесто се обезбедува осигурување само за денот на натпреварот. Натпреварувачот треба да побара лично осигурување за тренинзи и натпревари во РМ (на годишно ниво сумата е значително помала отколку да се вади дневно кое чини околу 200 денари).

Што е со меѓународните трки?
За настап на трка во странство, пријавата ја врши МФМ по барање на клубот (натпреварувачот поднесува барање до својот клуб, а клубот до МФМ). Потоа МФМ му издава дозвола за настап (start permission) со која тој натпреварувач може да настапи на трката. Покрај тоа МФМ издава и потврди за мотоциклите да можат да се пренесат преку граничен премин. Освен дозволата од МФМ, постои и АТА карнет (привремен увоз) кој чини околу 100евра годишно со кој сигурно без проблеми се преминува секој граничен премин.

За настап на трка во странство, натпреварувачот мора да поседува и лично осигурување кое треба да биде со клаузули со траен инвалидитет и смрт. Ова осигурање треба да биде со назнака за меѓународни натпревари, а како и секое друго патничко осигурување за странство истото е напишано и на Англиски јазик. Личното осигурување е индивидуална обврска на секој натпреварувач и тој самиот треба да се погрижи за тоа.

Од оваа година ќе се започне со организација на „Отворен шампионат на Македонија“ (трки во кои ќе земат учество и гости од странство, а секоја трка ќе се бодува и за шампионатот на Македонија и за Отворениот шампионат), а предлогот и идејата е ова да се реализира во сите дисциплини.

Во зависност од класата, постои и котизација која се плаќа пред учество на трката, котизацијата се одредува според правилникот за дисциплини (пр. Ендуро -1000 денари, Мотокрос -0 денари итн). Котизацијата се плаќа на верификацијата пред самиот натпревар. Пред самата трка секој натпреварувач треба да приложи лиценца, лекарско уверение, осигурување, пријава и котизација. Странските учесници на било кој натпревар мора да имаат дозвола за настап од матичната федерација. Покрај верификација се врши и технички преглед на мотоциклот во кој се одредува дали тој одговара на класата и дисциплината во која е пријавен.

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!