06
Вто, Дек
7 нови содржини
Корисни текстови

Нашето барање за увоз на мотоцикли од САД е усвоено!

thumb_protest-motori-skopjeНашето барање за увоз на мотоцикли од САД е усвоено! Барањето беше доставено до министерството за економија откако беше организирано возење за поддршка на барањата на мотоциклистите..

Следете нè на:

 

protest-motori-skopje

Нашето барање за увоз на мотоцикли од САД е усвоено! Барањето беше доставено до министерството за економија откако беше организирано возење за поддршка на барањата на мотоциклистите на кое поддршка дадоа сите мото клубови од земјава. Заедно со барањето до надлежното министерство беа доставени и повеќе од 1000 потписи на петицијата, потписи кои беа собрани за само неколку дена.

На 30 декември во 11.20 часот претставници на мото-заедницата во Македонија ќе имаат предновогодишна средба со министерот за економија Ваљон Сараќини по повод позитивниот одговор на нивното барање за најновите измени во Правилникот за единечно одобрување на возило, со кои се овозможува увоз на употребувани возила од категоријата Л (моторцикли) произведени за или во САД.

Процедурата за преостанатите барања (намалување на цената на зелениот картон и дозвола за регистрација на мотори на период помал од една година) сеуште се во тек, а се надеваме дека надлежните министерства и Владата на РМ ќе одговорат позитивно и за нив.

За галерија од возењето за поддршка на моторџиските барања кликнете овде.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите кои се потпишаа на петицијата, сите кои учествуваа на возењето и покрај тоа што времето беше катастрофално и на сите оние кои ни дадоа поддршка.

Од САД може да се увезе секој мотоцикл кој го поседува сертификатот TIER2 (начелно од 2000 година и понови), а трошоците за увоз, доколку моторот е со потекло од Јапонија царината изнесува 15%, за мотор со потекло од ЕУ царината е 0%, а ДДВ-то во двата случаи е 18%.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси во голем стил ја заокружи сезоната 2016 откако успеа да ја одбрани титулата на релито во Монца. На крајот тој заврши со предност поголема од 20 секунди пред  возачот на Хјундаи, Дани Сордо.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Последниот мотоцикл кој ни доаѓа од „Faster Sons“ е Yamaha SCR950, мотоцикл кој е изработен од страна на Џеф Палхеги, изработувач на мотоцикли кој во изминативе 20 години има изработено повеќе од 70 мотоцикли.

Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.

„Турбото е дел од нашите планови за во иднина“ – Тошихиро Сузуки, Претседател и извршен директор на Suzuki

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!