11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Историјата на Honda Gold Wing

Еден од моделите кој го има преживеано тој временски период и сеуште е број еден е Хонда Голд Винг, модел кој се произведува цели 36 години без никакво размислување за запирање на тој модел, е тоа е успех. Во изминатите 36 години Хонда со Голд Винг не го преживуваше тој период, туку беше лидер со секој свој модел карактеристичен по нешто ново и невообичаено.

Следете нè на:

 

Во мото светот, односно производство да си на врвот и во тек со технологијата е многу тешко. Останатите конкуренти притискаат, се усовршуваат, напредуваат па морате и вие. Навистина се ретки моделите кои издржале долг период на константно производство, обично ќе се произведе еден модел истиот тој се произведува од 5 до 10 години и потоа згаснува, па повторно со нов и нов... и се така. Еден од моделите кој го има преживеано тој временски период и сеуште е број еден е Хонда Голд Винг, модел кој се произведува цели 36 години без никакво размислување за запирање на тој модел, е тоа е успех. Во изминатите 36 години Хонда со Голд Винг не го преживуваше тој период, туку беше лидер со секој свој модел карактеристичен по нешто ново и невообичаено.

Следува една табела од временскиот период каде се произведувал секој нов Голд Винг и по некоја реченица за него, со што го одбележал тој период и по што е карактеристичен.

1972 Тимот кој го конструираше Gold Wing

Тимот кој ќе го дизајнира и работи на овој мотоцикл е оформен, лидер на тимот е Соичиро Иримаџири многу добар инженер со одлично минато, тој ги дизајнирал агрегатите на тогашните мотори за тркање од 5 и 6 цилиндри, говориме во периодот од 60тите. По успешната долга и напорна тимска работа М1 е произведен но како прототип и се држи во тајна, никој не смее да знае за него. Целта кога го правеле им била многу јасна, создаден за долги и убави вожњи, да посакате цела земјина топка да ја поминете токму со овој мотор. Овој супер брз мотоцикл располагал со доста добра опрема за тој период, на пример агрегатот од шест цилиндри кој подоцна ќе биде уште повеќе усовршен на следните модели, течното ладење со хоризонтално поставен ладилник и сл.

Honda Gold Wing од 1972Honda Gold Wing од 1972

1975 GL 1000 GOLD WING

Првиот и оригинален Голд Винг беше многу повеќе од еден обичен мотоцикл. Придвижен од моќниот и ревулуционерен агрегат од 4 цилиндри со зафатнина од 999 кубни сантиметри и со водено ладење. Голд Вингот отвори нови гледни
точки кон оваа класа за која предходно никогаш не било размислувано. Многу убава замисла која е остварена, едноставно поголем и помоќен агрегат на убаво смислена каросерија која ќе нуди комоција како за возачот така и за тој позади него. Создаден мотоцикл за уживање низ долгите патишта ширум целиот свет. Токму со овој модел од 1975г Хонда дава комплетен пример за таа туринг класа и ги инспирира и буди останатите производители.

Honda Gold Wing од 1975Honda Gold Wing од 1975

1976 GL 1000 GOLD WING LTD

Нова година па Хонда веднаш призведува нов модел на Голд Винг, малку по различен и тоа добива наставка лимитед едишн. Што значи вклучува некој плус нови карактеристики кои ќе го одвлечат вниманието на љубителите на оваа класа која од ден на ден се зголемуваа. Од нормалниот асортиман додатни работи кои го бележеа овој лимитед едишн се златните нежни линии, специјалните "limited edition" знакови  поставени позади, хромираниот ладилник, нежното и
удобно седиште и за крај златните бандаши со златни жици, прекрасно.

Honda Gold Wing од 1976Honda Gold Wing од 1976

1979 Honda of America Manufacturing (HAM), фабрика

Со повеќе од 80% проценти од Голд Винзите произведени во Јапонија беа испорачувани за Американскиот пазар каде беа продавани во голема мера. По кратко размислување од Хонда одлучуваат дека најубаво би било доколку се изгради фабрика во Америка која ќе го произведува овој модел, за да се избегнат постојаните и долги испорачки од Јапонија за Америка. Со грабањето напред на пазарот ширум светот, Хонда на 10 Септември 1979 започнува со работа на првата фабрика на Хонда направена во Америка, Марисвил Охајо. Токму на тој ден се произведуваат 10 мотоцикли во чест на отварањето. По изминат краток период од само 3 месеци и успехот кој го забележала фабриката, менаџерите на Хонда решаваат во неа да се почне и со производство на автомобили. 

Honda Gold Wing од 1979Honda Gold Wing од 1979

1980 GL 1100 GOLD WING

По 5 изминати успешни години со Голд Вингот и тотална окупација на Американскиот пазар со истиот модел, Хонда вади уште еден нов Голд Винг, овојпат GL 1100. Дизајнот во голема мера променет, по моќен агрегат за 10% со одличен вртежен момент, поголемо растојание измеѓу двете тркала што значи и поголема комоција за возачот и совозачот и за крај усовршената воздушна суспензија која возењето на Голд Вингот ја правела неверојатна.

Honda Gold Wing од 1980Honda Gold Wing од 1980

1980 GL 1100 GOLD WING INTERSTATE

Овој модел е многу сличен со горе споменатиот модел од иста година, па повеќето ќе мислат дека се исти. Но, не е така овој Голд Винг е многу побогат со додатна опрема, иако во тоа време беше многу дискутабилно дали да се накинџирува надворешниот изглед на моторот или попаметно е да се припази квалитетот на механиката. Инженерите од Хонда покрај тоа обрнаа внимание на дизајнот и убаво го облекоа од глава до пети овој Голд Винг. Конечно добија идеја како треба да изгледа еден прав моќен туринг модел, тие го имаа клучот за успех. Главни атрибути со кои Хонда го добија правиот изглед на еден туринг мотоцикл беше: моќниот агрегат, поголемото растојание помеѓу двете тркала, комоцијата и следат оние помалку "важните" со кои Хонда ги остави со отворена уста сите, вклучените куфери за багаж и плус опцијата за стерео систем. Токму со тоа Хонда го имаше клучот на успех во туринг класата.

Honda Gold Wing од 1980Honda Gold Wing од 1980

1982 GL 1100 GOLD WING ASPENCADE

1982 година следува нов модел, но не еден обичен Голд Винг туку еден богато опремен Голд Винг наречен ASPENCADE. Повторно богато опремен со неверојатна технологија како LCD инстумент таблата, нов стерео систем, воздушен компресор кој може да му се најде многу на возачот и еден куп мали ситници кои несомнено ги оставаа без зборови љубителите на оваа класа. Хонда со секој нов Голд Винг се надминуваше самата себе.

Honda Gold Wing од 1982Honda Gold Wing од 1982

1984 GL 1200 GOLD WING ASPENCADE

Нови промени во агрегатот, од 1100 сега преминуваат на 4 цилндрен агрегат од 1182сс. Зголемената моќ на агрегатот, и забрзувањето на ниски обрати и истовремено смирен, без никакви вибрации дефинитивно го направија КРАЛ Голд Вингот. Отворениот пат беше еден обичен залак за Голд Вингот и неговиот нов појачан агрегат.

Honda Gold Wing од 1984Honda Gold Wing од 1984

1985 GL 1200 LIMITED EDITION

Хонда уште не освестена од успехот, а веќе стаса до 10 годишнината од својот прв Голд Винг. Токму поради него пуштаат во продажба лимитед едишн серија. Луксузот кој го имаше овој модел беше сон за многумина... целосно компјутеризиран систем за вбризгување, сараунд систем од четири звучници, круз контрол, подесување на задната суспензија, електронски компјутер за помош при патување и за крај специјална металик златна боја.

Honda Gold Wing од 1985Honda Gold Wing од 1985

1985 Anna Engine Plant (AEP), фабрика

Следејќи го успехот на фабриката во Марсвил, Хонда гради уште една фабрика токму за производство на агрегатот на Голд Винг, фабриката се наоѓа во Охајо. Со тој потег Хонда во предходната фабрика оставаат простор за целосно да се посвети внимание и да се работи на новите модели во автомобилската индустрија Цивик и Акорд. Неопходните огромни машини за производство на агрегатите на Голд Вингот се префрлаат и Хонда со полна пареа работи и само работи. На прашање поставено на некој од менаџерите на Хонда во тоа време, Што правите вие овде? Менаџерот кратко и јасно одговорил; Ние го правиме она што СЕДУМ фабрики го прават во Јапонија.

1988 GL 1500 GOLD WING

Уште во 1984 се оформува нов тим кој ќе работи на целосниот дизајн на Голд Вингот во 1988. Должноста им била Голд Вингот да биде супериорен во секој поглед. Тоа и го достигнуваат екстремно тивок, моќен, а лесен за управување... 3 главни работи кои носат нов успех. И тоа со нов агрегат од 1500 кубни сантиметри сега, но само инженерите знаат како дошле до тој успех. По изминати илјадници часови тестирајќи 15 различни машини на 60 различни патишта за да се одлучи и усоврши кој да биде вграден на Голд Вингот. Дефинитивно произведувањето и размислувањето на овој Голд Винг е запаметено во Хонда како најширок и најдолг проект во историјата на Хонда. Што има новиот Голд Винг ? Повторно многу упрема, но и нов агрегат од 6 цилиндри со работна зафатнина од 1500сс. Со овој Голд Винг Хонда само го потврдуваат она што го правеле цела декада и дека им нема рамен во оваа класа. Тие ја оформија класата, тие ќе ја усовршуваат до бескрај...

Honda Gold Wing од 1988Honda Gold Wing од 1988

1993 нов Gold Wing развоен тим

Новите генерации на Голд Вингот почнуваат да бидат под раководство на Масанори Аоки, ентузијаст во спортските мотоцикли. Токму под негово раководство се произведени моделите CBR250RR, CBR400RR и CBR600F3. Аоки на едно интервју изјавил: Мојата задача е да создадеме еден нов Голд Винг повторно со поголема моќ поради потребите на купувачите, односно јас имам задача да скротам еден моќен агрегат од 1500,1800 или 2000 кубни сантиметри во еден туринг мотоцикл, а притоа тој лесно да се управува.

Honda Gold Wing од 1993Honda Gold Wing од 1993

1995 Gold Wing 20-та годишнина

Повторно една голема прослава за Хонда и моделот Голд Винг, овојпат 20 годишнина и повторно успешна. Она што го добиваат купувачите покрај добро познатата огромна опрема, добиваат и специјално изработена и укоричена книга со целосната историја на истиот модел, секако книгата била во ограничена серија и ретки се тие кои сеуште го поседуваат тој уникат.

Honda Gold Wing од 1995Honda Gold Wing од 1995

1996, еден милион произведени мотоцикли

Во 1996 година Хонда во Америка го произведува МИЛИОНИТИОТ Голд Винг. Замислете произвеле 1 МИЛИОН мотоцикли, дефинитивно голем успех со уште поголема прослава. Само еден е таков во целиот свет, она што го прави различен е ознаките дека е милионити, навистина голема гордост е тоа.

Honda Gold Wing од 1996Honda Gold Wing од 1996

2000 надградба во производството

Во Јануари 2000-та фабриката во Марисвил е тотално изреновирана и обновена со нови машини и алати, специјални само за произведување на новиот Голд Винг. Со самото обновување на фабриката започнува и новата ера на Голд Винг мотоциклите но повторно со зголемена кубикажа, овојпат 1800. Првиот комплетно нов Голд Винг 1800 произведен во обновената фабрика е произведен 10 Октомври 2000, токму од тогаш започнува новата ера на Голд Винг 1800.

Honda Gold Wing од 2000Honda Gold Wing од 2000

2001 GL 1800 Gold Wing

Тоа што излезе од портите на Хонда во 2001 под името Голд Винг 1800 едноставно беше неодоливо за целиот свет. Нов агрегат од 1800 кубни сантиметри, 6 цилиндри, неговата моќ подобро да не говориме.  Со овој модел Хонда ништо не докажа, само повторно го потврди она што цел свет го знаеше. Пред да се склопи овој модел официјално, верувале или не биле испробани повеќе од 20 иновативни технологии, а потоа и поставени оние кои се покажале добро на овој неверојатно луксузен мотоцикл кој располага со највисоки перформанси.

Honda Gold Wing од 2001Honda Gold Wing од 2001

2001 па до денес

По секако успешното производство на моделот од 2001 година на пазарот се појави голем број на додатна опрема. Дел од таа додатна опрема ја сочинуваа бришач за предниот визир, специјален преден фар за подобро осветлување на патот, голем број на додатни мали спојлери и еден куп други ситници кои љубителите на овие мотори без размислување ги купуваа и надополнуваа своите Голдвинзи. Покасно се произведе и моделот за 2005 година, секако на него беше поставен и специјалниот амблем гордо наместен, а причина за тоа е 30 годишнината на Хонда Голдвинг.

Следно нешто е повторно нов Голд Винг ’06 со многу опрема, но она што го одбележа токму тој Голд Винг е првиот мотоцикл каде е вграден целосен навигационен систем. Покрај тоа се знае одличниот сараунд, греачи на седиштето и рачките па дури и топла вентилација за ладните денови. Повторно уште едно достигнување на Хонда Голд Винг овојпат со моделите ’07 и ’08 кои имаат вграден AIRBAG систем.  Потоа 2009 моделот уште побогато опремен со еден посебен и единствен систем наречен (TPMS) односно се работи за систем кој на инструмент таблата покрај се ви покажува и притисокот на гумите, според килажата и натовареноста на мотоциклот, но не е само тоа, тука е и неверојатното РАДИО ХМ кое работи преку сателит и преку него може да се најде било каква радио станица или пак песна, прима информации за сообраќајниот метеж и ве предупредува доколку го има, исто така добивате и временска прогноза, милина нели ?!

Honda Gold Wing 2012Honda Gold Wing 2012

Она што е ново за моделот на Голд Винг од 2012 е промената на фабриката, назад во Јапонија. После долги, долги години работа во Америка, Голд Вингот се произведува во Кумамото, Јапонија. Повторно со малку променет изглед и уште побогата опрема, овојпат дури со USB излез... има ли крај технологијата која ќе ја вметнуваат во овој луксузен мотоцикл и дали некогаш ќе биде достигнат врвот?!

Honda Gold Wing 2012Honda Gold Wing 2012

Во 2014 година Хонда прослави неверојатен јубилеј, 300 милиони произведени мотоцикли!

Хонда во својата фабрика Кумамото во Јапонија го произведе 300 милионитиот мотоцикл. Се работеше за Honda Gold Wing, модел кој веќе следната година слави јубилеј сам за себе - 40 години производство на легендарниот туринг мотоцикл. 

honda-300-milioni300 милионитата произведена Хонда е неговото височество - Gold Wing

 

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!