11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Кој ја уби девојката?

1-koj-ja-ubi-mДевојката која го управувала моторциклот возела по еднонасочна улица близу нејзиниот дом, чим е во близина на нејзиниот дом уверени сме дека по таа улица има поминато стотици пати, што значи дека и била многу позната.

Следете нè на:

 

Девојката која го управувала моторциклот возела по еднонасочна улица близу нејзиниот дом, чим е во близина на нејзиниот дом уверени сме дека по таа улица има поминато стотици пати, што значи дека и била многу позната.

Најпрвин поминала една раскрсница па се приближила до споредна уличка исто така еднонасочна, која се крстосува со нејзината. На раскрсницата има задолжителен знак СТОП за споредната улица, девојката која го управувала моторот пред се со првенство во сообраќајот, но во меѓувреме знејќи дека во тој дел сообраќајот не е многу чест, се наближува до раскрсницата без некое поголемо внимание на споредната уличка и наеднаш здогледува кола која иде директно во неа. За жал доаѓа до судар при кој девојката умира.
1-koj-ja-ubi-devojkaУлицата по која минувала секојдневно се покажала како кобна
Дозволената брзина на местото каде што возела девојката била 50км/ч, при ударот на моторциклот во колата проценето дека девојката се движела од прилика со брзина од 65 км/ч, но пред ударот оставила трага на кочење долга само 12 метри. Да напоменеме дека во близина на раскрсницата имало наводно два камиони кои се наоѓале од нејзината десна страна, паркирани еден до друг. Сведоци има, а ставот на возачот е дека камионите му го попречиле патот.

Koj e vinoven za soobrakjajkataКамионите му го попречиле видикот на возачот на автомобилот
Возачот на колата не бил осигуран. Компанијата каде што била осигурана покојната девојка е застапувана од адвокат кој од целиот овој случај бара ослободување од плаќање на оштета врз фамилијата на починатата. Покрај се, девојката умира и неговите тврдења се дека "таа е виновна". 

Друга опција поврзана со пари од оштета е осигурителната компанија на девојката да ја тужи фирмата на камионот кој се паркирал на улицата и го попречил видикот на возачот на автомобилот. Според нив тие се виновни бидејќи доколку не биле паркирани камионите на тоа место до сообраќајката немало да дојде.

Се согласувате ли со ова?
Некои од сведоците велат дека колата регуларно застанала на стоп знакот и полека продолжила во својот правец, но застанала на СТОП знакот. Други сведоци не се согласуваат со тоа дека имало испаркирано два камиона еден до друг, а според GPS уредот во камионот, тој бил одалечен пет километри од таа раскрсница. Некои пак велат дека тој камион бил таму паркиран, но пред да се случи несреќата.

Полицијата која ја истражувала оваа сообраќајна несреќа веднаш му напишала казна на возачот поради прекршување на правилото на пропуштање. На местото на несреќата не го виделе испаркираниот камион, но во записникот запишале дека сведоците тврдат дека на моментот на несреќата имало паркиран камион.

Дали навистина би требало компанијата на камионот да е одговорна за смрта на девојката?
Ок, ајде прво да разговараме за возачот на колата кој е вмешан во оваа ситуација. Тој како возач не може ниту да го види целиот сообраќај ниту да претпостави за ваква ситуација, при застанување на знакот стоп. Тој застанал и претпазливо и споро тргнал кон раскрсницата, што друго би требало да направи? Да стои на стоп знакот се додека е таму и испаркираниот камионот (кој е прашање дали и навистина бил таму)?. Што ако камионот бил таму паркиран повеќе од еден час, возачот на колата должен е да седи во место цело време?

Да, добил казна поради прекршување на правилото за предност, но дали таа казна е навистина праведна имајќи ја во предвид цела оваа чудна ситуација. Кога возачот на колата го приметил моторциклот, било прекасно за било како да изреагира за да ја избегне несреќата со моторциклот. Дури и ако автомобилот бил осигуран дали би променило нешто тоа во врска со смртта на девојката ? Апсолутно не.

Да ја погледнеме сега истата ситуација од страна на девојката која управувала со моторциклот. Да напоменеме дека поседувала соодветна возачка дозвола за моторцикл. Мора да признаеме дека девојката возеле малку повеќе од дозволеното, односно на зона каде што ограничување е 50км/ч, девојката возела најмалку со брзина од 65км/ч. Како ги согледуваме работите наидуваме на прашања, следното прашање е колку се важни испаркираните два камиони, да претпоставиме како што тврдат очевидците, дали доколку не биле таму немало да дојде до несреќата? Но што ако не биле таму камионите, а девојката ја зголемила брзината исто како што сите ние правиме секој ден без разлика дали сме позади воланот на колата или управувме со моторциклот.

Ајде сега да обрнеме внимание на ситните детаљи кои во некои ситуации можат многу да помогнат или да разјаснат нешто.
Да почнеме со трагата на кочење долга 12 метри. Чим постои таа 12 метри долга трага на кочење јасно е дека девојката ја приметила колата. Доколку при ударот проценета е брзина од 65 км/ч, колкава била брзината пред да почне да кочи ?

Полицијата утврдила дека коефициентот на триење помеѓу гумите на моторциклот и асфалтот бил 0.79. Немало никакви нерамнини, дожд или пак мраз на патот на сред пладне, а и видливоста била одлична.

Колку е намалена брзината при наглото кочење,односно при напоменатата состојба на патот ?
Обрнете внимание на на овој дел, трагата на кочење не покажува колку брзо возела личноста која го возела моторциклот. Трагата ни го покажува САМО колкав е бројот на енергијата трансформирана во за време на лизгањето на гумата. Односно тоа е силата на кинетичката енергија која се претворила во жештина додека нагло закочила девојката, нема никаква врска колку брзо сте возеле, всушност целата таа енергија се претвара во брзина.
Освен тоа што знаеме дека должината на трагата од кочење е 12 метри, знаеме дека тоа е добиено како резултат на нагло притискање на кочницата и секако дека кочницата не се блокирала сама туку нормално девојката изреагирала.
Патем знаеме дека и трагата доаѓа од задната гума, бидејќи не е возможно толкава трага на кочење да се оствари со предната гума бидејќи многу брзо ќе се изгуби контрола и таа ќе падне.

Ште слушнале некогаш за ОРР? Ајде вака, тоа е кратеница од три многу битни работи кои треба да ги имате добиено како искуство, за да можете совесно да возите мотор, а се работи за скратеница од зборовите Осет, Реакција и Решителност. Секако пред да изреагирате така нагло на кочниците треба да процените некоја ситауција за тоа.
Впрочем интересен факт е дека на дури 70% од возачите на мотори потребна им е 1,5 секунда да изреагираат, односно стиснат на кочниците во неочекувана ситуација. Сепак се работи за изваден просек при кој некои реагираат многу касно, додека професионалните возачи реагираат многу брзо, сепак затоа се професионалци нели?!

Како и да е ќе го земеме просекот од една ипол секунда и ќе кажеме дека и во оваа ситуација на девојката и било потребна една ипол секунда за да изреагира на кочниците.

Покрај некои детаљи што ви ги пренесовме од сведоците, не ви кажавме дека некои од нив тврдат дека девојката пред да се случи несреќата  го исправила на едно тркало својот моторцикл. Тоа е тоа, штом девојката го дигнала моторциклот на едно тркало значи ја зголемила брзината, но во овој случај не е толку битна брзината колку што е совесноста за тоа дека се наближува на раскрсница.

Повторно се навраќаме на прашањето колкава била брзината на девојката, пред да почне да кочи со моторциклот ?
Нема доволно информации и податоци за прецизно да се одреди брзината но можеме од прилика да нагаѓаме. Сведоците велат дека од прилика се движела со брзина од 70 до 90км/ч пред да го направи сударот. Сепак изнесовме неколку добри причини како и доказот дека ударот на колата со моторциклот бил при брзина од 65 км/ч што значи дека девојката најмалку се движела со брзина од 70км/ч, да повториме НАЈМАЛКУ. Со други зборови повторно претпоставка е дека девојката возела негде со брзина од 80км/ч пред да почне нагло да кочи.

За да се оствари кочење од 100% потребно е максимално да се употребат двете кочници односно предната и задната. Во овој случај на местото на несреќата има само една трага на кочење, значи одприлика употребено е 40% од кочењето, бидејќи нагло е изреагирано на задната кочница и доаѓа до пролизгување, односно целата таа сила на кочење е пренесена на задното тркало. Но, бидејќи девојката наидувала на неизбежна ситуација, можеме да претпоставиме дека ја употребила исто така и предната кочница. Според тестирања извршени за способност при кочење, дури и обичен, аматерски возач може да достигне најмалку 60% ефективно кочење од можни 100%. Пак ќе бидеме конзервативни во претпоставувањата и ќе заокружиме дека девојката достигнала ефект од 60% ефикасно кочење.

Оние кои малце знаат да баратаат со математиката и овие претпоставки од кочење во проценти можат лесно да дојдат до решение дека девојката пред да започне со кочењето возела со брзина од 80км/ч.
Според овие факти решително можеме да донесеме конечна одлука дека девојката возела најмалку со брзина од 75км/ч.
Со други зборови 12 метра долгата трага од кочењето, го успорила моторциклот за одприлика 11км/ч, што значи дека нема постигнато добар ефект при кочењето заради пролизгувањето на задната гума.

Сега имаме доволно податоци, па со користење на специјален радар и автомобил со чип, при брзина од 75км/ч осознаено е дека девојката изминала 32 метри пред да почне со пролизгување на задното тркало. Тоа значи дека девојката ПРВО ја ПРИМЕТИЛА КОЛАТА на раскрсницата кога била на одалеченост од 44 метра од раскрсницата. (32м + 12м (трага од кочењето) = 43метра)

Koj e vinovenЛошото кочење допринело за кратката трага
И повторно по кој знае кој пат доѓаме до уште еден многу интересен факт: Тоа е сознанието дека возачот на колата раскрсницата ја минувал малку поспоро и во тој момент девојката удрила во задниот дел од колата, што значи доколку возачот на колата нормално ја поминел раскрсницата, односно застанел на стоп знакот и продолжел нормално големи се шансите да не дошло до оваа несреќа. Сепак возачот продолжил полека, внимателно, токму со цел да не дојде до сообраќајка, што за жал се случило и завршило трагично по животот на девојката.

Кога сме веќе кај "што ако" претпоставките, да наброиме уште една.

Што ако девојката што го управувала моторциклот возела со дозволената ограничена брзина?
Без разлика со колкава брзина возела девојката до самиот момент пред нагло да закочи, таа можела да ја види, и ЈА ВИДЕЛА колата одалечена 43 метра од неа. И сега доколку девојката возела во дозволената брзина, во овој случај 50 км/ч, таа би изминала 20 метра пред да започне со нагло кочење. Тоа значи дека девојката би требало да почне со кочење на одалеченост од 23 метра, а не 12 како во ситуацијата. Што значи дека девојката доколку би била барем малку ВНИМАТЕЛНА немало да дојдо до собраќајката, а со тоа би ја избегнала својата смрт.

vinovna e brzinataСепак, за смртта виновна е преголемата брзина
Во судскиот јазик случајот е кристално јасен, доколку девојката не возела брзо немало да дојде до никаков инцидент.

Кажано на друг начин според наметнатата причина (паркираните два камиони) без разлика дали имало некој паркирано или немало, немало да дојде до овој инцидент доколку девојката била претпазлива и пред се, доколку не возела брзо.

Брзото возење е виновно за смртта на младата девојка, не се криви ниту наводно паркираните камиони, ниту пак возачот на колата кој претпазливо ја минувал раскрсницата. Затоа секојпат кога ќе се качите на мотор, внимавајте на знаците и на дозволената брзина, тие се поставени со одредена цел, не за да зафаќаат простор. Докажувањето оставете го за на патеките, градските улици се за релаксирано возење.

И за крај, КОЈ ЈА УБИ ДЕВОЈКАТА? -Преголемата брзина!

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!